Германија и Франција се борат за позиција на европски лидер во НАТО

Франција и Германија се натпреваруваат за европско лидерство во рамките на НАТО на денешниот сопстанок во Брисел, за време на првата средба на министрите за надворешни работи на НАТО.

Ова доаѓа откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека НАТО претрпел „клиничка смрт“.Пред самитот на НАТО во Лондон за две недели , се одржа јавна истрага за природата на алијансата, која ќе ја одбележи 70-годишнината.

Прашањето за сигурноста на претседателот Доналд Трамп, упадот на Турција во Сирија, кој беше критикуван од многу сојузници и критиките на САД од страна на европските членки за доделување недоволни ресурси за одбрана, се некои од проблемите со кои се соочува НАТО.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, на средбата изјави дека Европа не треба да се одвојува од САД и предложи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбег да формира комисија од експерти за да разговара за стратешките прашања.

Настрана од предлогот, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан предложи формирање група „мудри луѓе“ за да разговараат за иднината на НАТО, изјавија двајца дипломати за Ројтерс.

Во интервју за „Економист“ на 7 ноември, Макрон се залагаше за поголема европска интеграција во одбраната, за да може побргу да одговори на кризите во близина на европските граници, без НАТО или САД.

Макрон тогаш предупреди за недостаток на координација меѓу европските сојузници од една страна, и САД и Турција од друга страна.

„Важно е политичкото крило на НАТО да се зајакне“, им рече Маас на новинарите на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

НАТО е „животно осигурување“ на Европа, рече Маас.

Ле Дријан денеска не зборуваше јавно, но дипломати изјавија дека гледаат во Париз за да постават табу прашања, како што е квалитетот на американското водство, земајќи ја предвид претходната изјава на Трамп дека НАТО е застарен.

„Се работи за тоа кој треба да биде природен водач во Европа: Париз или Берлин, или евентуално и двете, и во која насока е раководен НАТО“, изјави висок функционер на НАТО за Ројтерс.

Хутите се заканија дека ќе ги прошират нападите и во Средоземното Море

Јеменските Хути се заканија дека ќе ги прошират нападите врз бродовите кои пловат за Израел до Средоземното Море, по неколкумесечните напади врз бродовите во Црвеното Море.

Во изјавата на воениот портпарол на Хуту, Јахје Сари, се наведува дека ескалацијата ќе стапи на сила „веднаш“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Ова, како што е наведено, вклучува таргетирање на сите бродови кои „ја прекршуваат забраната за пловидба кон Израел“ и кои се движат кон пристаништата на „окупирана Палестина“ од Средоземното Море до која било област во дострелот на ракетите.

Хутите претходно се заканија дека ќе ги прошират своите напади кон Индискиот Океан и кон бродовите што пловат низ јужна Африка за да го избегнат јеменскиот брег, но нивниот главен фокус остануваат Црвеното Море и Аденскиот Залив.

Хутите, кои контролираат големи делови од Јемен, вклучително и голем дел од брегот на Црвеното Море, извршија бројни напади со беспилотни летала и ракети врз бродови во Црвеното Море од ноември во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

Нивните напади предизвикаа одмазда од САД и Велика Британија и формирање на меѓународна поморска коалиција за заштита на виталниот трговски пат.

Воените експерти наведуваат дека арсеналот на Хутите вклучува балистички ракети со дострел од 1.600 до 1.900 километри и ирански беспилотни летала Шахед-136 кои можат да патуваат до 2.000 километри.

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

Полицаец со уште двајца учествувал во киднапирање маж- го претепале и му барале 10.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, соопштуваат од Обвинителството.

притисни ентер