3„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
СветГерманија и Австрија потврдија дека ќе го плаќаат рускиот гас во рубљи Две водечки европски енергетски компании потврдија дека преговараат со рускиот државен енергетски гигант Газпром за плаќање на рускиот гас.Во исто време тврдат дека сакаат да дејствуваат во согласност со санкциите на ЕУ и новите руски правила кои бараат од западните земји што користат руски гас да плаќаат во рубљи. „Сметаме дека е можна конверзија на плаќањата во согласност со законот за санкции и руската одредба. Унипер ќе продолжи да плаќа во евра и е во разговори со својот договорен партнер (Газпром) за конкретни модалитети на плаќање и тоа ќе го прави во блиска иднина во координација со германската влада“, соопшти Унипер. Слична порака испрати и австриската ОМВ: „Го анализиравме барањето на Гаспром за начини на плаќање во светлината на санкциите на ЕУ и сега работиме на решение кое е во согласност со санкциите“. Ваквиот развој на настаните следеше откако Русија ги прекина испораките на гас за Полска и Бугарија, со што драматично ескалираше нејзиниот одговор на санкциите што Западот ги воведе кон Русија поради инвазијата на Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Нов волшебен гол на неверојатниот МесиЕден од најдобрите свтески фудбалери во историјата, Лионел Меси синоќа постигна еден од најдобрите голови од слободен удар во својата кариера.Кариерата на Лионел Меси е одбележана со некои од најблескавите моменти видени на фудбалскиот терен, но се чини дека сè додека игра професионално, тој секогаш ќе биде способен да понуди нешто ново. Синоќа, Меси настапи на натпреварот во МЛС-лигата меѓу Колумбус Кру и Интер Мајами, а снимката од неговиот гол постигнат во 33. минута предизвика големо внимание на социјалните мрежи. Интер Мајами го загуби натпреварот со 2:1, а Меси го постигна единствениот гол за својот тим од слободен удар. Со оглед на позицијата и начинот на кој ја упати топката, овој погодок несомнено ќе се вброи меѓу најдобрите голови од слободен удар што некогаш ги постигнал аргентинскиот волшебник. MESSI WITH A FREE KICK GOLAZO 💫 https://t.co/5rhLfDkJt7 — Major League Soccer (@MLS) September 27, 2026 Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри - во тек е голема пљачка на Македонија!5 нови рудници, антимон, дата центри - во тек е голема пљачка на Македонија!Арамијата Мицкоски ја распродава Македонија и ја претвора во депонија за туѓи бизнис интереси. Додека надвор вели дека Македонија не е сериозна држава, додека ги навредува граѓаните дека се талог, сериозно ги распродава водата, земјата, рудата. За туѓи интереси и профити, на штета на најважното – здравјето на луѓето. Во тек е голема пљачка на Македонија! Пет нови рудници. Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица, Луке, планирани геолошки ископи и на планината Кожув. Нов рудник и за антимон, метал за воена индустрија. Продавачи на оружје му ги плаќаат состаноците по хотели и ходници во САД. А тој им враќа со земја и испоп. Ископ на отровен антимон за муниција. Провизијата за нив. Сметка за народот. Мицкоски вели резервите биле поголеми од првиот и вториот производител во светот. Не кажа колку тони. Не кажа каде. Не кажа кој копа. Не кажа што останува за селата до јаловиштето. Истата шема како кај дата-центрите: пет-шест фирми под радар, веќе договорени. За две и пол години Мицкоски нема ниту еден економски резултат. Кошничката е до плафон, 90 илјади денари. Народот едвај врзвува крај со крај. Затоа што Мицкоски државата ја гледа како плен. Нема економски политики, има грабеж! ЕСМ тоне. Државата се задолжува а тие со Адамовиќ и Лазаревиќ, преку линковите со Руднап и Божиновска, тераат бизниси со струја и со броила. Тоа се приоритетите на Мицкоски. Бизнисот, провизиите, профитите. Под радарот и далеку од очите на граѓаните арамијата Мицкоски ги става во ризик водата и земјата на штета на здравјето на луѓето. Ова е грабеж, пљачка и СДСМ силно ќе се спротистави. Заедно со граѓаните ќе го блокираме планот за рудниците. Македонија не е на продажба! Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Скопје, 28.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради негоФилипче излезе вчера во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДС, кои јавно кажаа дека не се согласуваат со него на мнгoу полиња, и уште еднаш покажа дека ќе прави се спротивно од сите останати.Филипче излезе вчера во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДС, кои јавно кажаа дека не се согласуваат со него на мнгoу полиња, и уште еднаш покажа дека ќе прави се спротивно од сите останати, само за да испадне дека е поразличен. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ му беше крива затоа што СДС се распаѓа под негово водство. Веќе некое време, поранешни функционери на СДС се против Филипче да биде претседател, а за тоа се формираат и цели опозициски фронтови, со цел тој да се повлече, затоа што очигледно е дека, освен потрчковците лојални на Заев, меѓу кои е и тој самиот, сите знаат дека Филипче не ја води СДС да биде опозиција во земјава, туку сака само да дојде некако на власт. Пред одредено време, тој се нудеше на странски држави и ги усогласуваше неговите ставови со туѓи агенди, оти се надеваше дека ќе му помогнат да дојде на власт. Никој не му е крив на Филипче што СДС се распаѓа, напротив, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара вакво СДС на чело со него. По две години ширење паника и хаос во јавноста, де со мигранти, де со измислици, СДС со Венко не успеа да направи ништо, не успеа ниту да биде опозиција, па следно се очекува да каже дека ќе дојдат вонземјани. Дека Венко живее во друг свет, тоа на сите им е јасно, јасно е и по јавното мислење, јасно е и по бројките од неколкуте изборни циклуси, јасно е и по неговото и однесувањето на СДС, оти не знаат што прават како опозиција и никако не можат да се помират дека не се на власт, а ако продолжат вака, ќе исчезнат само како политичка партија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05