Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ФудбалГерманија го сруши бразилскиот сон вреден 11 милијарди долариСо победата од 7-1 синоќа во Бело Хоризонте во полуфиналето од светското фудбалско првенство, Германците буквално го понижија домаќинот и на најфудбалската нација во светот им го нанесоа најтешкиот пораз, кој долго ќе ги прогонува.Оние 14 Бразилци кои вчера истрчаа на теренот пред германската машинерија ќе го паметат овој натпревар како најлошиот во своите кариери. Јоаким Лев и неговите избраници како да го чуваа најдоброто од себе за најважниот натпревар. Фудбалската самба се поклони пред силата и тимската игра на казнената експедиција наречена Германија. Освен резултатот 7-1, овој натпревар ќе биде запаметен и по голот на Мирослав Клосе со кој на Германија и донесе водство од 2-1, но во истиот момент стана и најдобриот стрелец во историјата на светските првенства со вкупно 16 голови и уште малку долеа сол на раната на Бразилците, бидејќи за еден погодок го мина легендарниот Роналдо. Се на се, тоа беше ноќ за заборав на Бразил и натпревар за паметење на Германија. Селекторот на „Кариоките“, Луис Велипе Сколари ја презема вината за дебаклот, но овој резултат беше само врв на просечната игра која ја демонстрираше неговата репрезентација на мундијалот. Тој многу лесно се откажа од искусните мајстори како Роналдињо, Кака, Робињо, а премногу се потпираше на индивидуалниот квалитет на Нејмар. Во оваа бразилска селекција има премногу недокажани фудбалери со скапи договори во своите клубови, а премалку виртуози, што секогаш било карактеристика на Бразил. Германија игра ново финале по 2002 година, кога загуби токму од Бразил, а на четврта светска круна чека од 1990 година. „Панцерите“ вечерва ќе го добијат својот противник во финалето, откако Холандија и Аргентина ќе ја одиграат својата пресметка, што ќе биде реприза на финалето до 1978 година. Меси чека шанса конечно да излезе од сенката на Марадона, а цела Холандија сонува за прва светска титула по трите финални порази. Кога во еден натпревар на едната страна играат фудбалери со квалитетот на Меси, Игуаин, Агеро, а на спротивната Ван Перси, Робен и Снајдер, тогаш е неблагодарно да се прогнозира победникот. Кој и да победи вечерва, во големото финале на 13 јули во Рио на „Маракана“ ќе треба да се соочи со страшната Германија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоДелегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоПо повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот. Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата. Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма. Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter