3ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија
3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
СветГерманија го ограничува доведувањето на семејствата на имигрантите„Пред да дојдам од Сирија во Германија, не знаев дека ќе биде толку тешко. Едноставно не знаев. Знаете, ние сме мажи, а мажите не се навикнати да одгледуваат деца“, вели Мохамед.Овој Сириец живее сам во Германија со својот деветгодишен син, кој страда од церебрална атрофија, пишува ДВ. Планот еден ден да ги донесе неговата сопруга и двете ќерки веројатно нема да се оствари. Имено, коалицискиот договор на новата германска влада, која ја сочинуваат ЦДУ/ЦСУ и СПД, предвидува дека семејното обединување за лица со супсидијарна заштита ќе биде суспендирано две години. Мохамед, кој не сака неговото презиме да биде објавено, е меѓу 351.400 луѓе во Германија кои имаат помошен статус, од кои повеќето доаѓаат од Сирија. Оваа класификација се однесува на лица кои не ги исполнуваат специфичните критериуми за статус на бегалец според Женевската конвенција, но кои се изложени на ризик од смртна казна, тортура, нечовечки или понижувачки третман или произволно насилство во контекст на вооружен конфликт во нивната матична земја. Министер: Граѓаните очекуваат промена во политиката во врска со миграцијата Од 2024 година, бегалците со статус на супсидијарна заштита во Германија ќе добијат дозвола за престој во траење од три години. Им е дозволено да работат и да го остварат правото на социјална помош. Сепак, иако барателите на азил и признатите бегалци имаат право да ги доведат сопружниците и децата под 18 години, ова право не се однесува на лицата со супсидијарна заштита. Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт вели дека граѓаните очекуваат промена во миграциската политика, вклучително и укинување на правото на семејно обединување во одредени случаи. Според новиот министер, способноста на една земја да ги интегрира новодојденците има свои граници и затоа мора да се преземат мерки. Градовите и општините низ целата земја се веќе, вели тој, на работ на своите капацитети. Прашањето за семејно обединување на лица со супсидијарна заштита е предмет на политичка дебата во Германија со години. Во 2015 година, владата, предводена од тогашната канцеларка Ангела Меркел, им овозможи на сопружниците, децата и родителите на лицата со супсидијарна заштита право на семејно обединување. Сепак, тоа право беше укинато веќе во 2016 година, по само една година. Организациите за човекови права и некои адвокати ги критикуваат мерките Од 2018 година, на лицата со супсидијарна заштита повторно им е дозволено семејно обединување, но владата го ограничува бројот на издадени визи на максимум 1.000 месечно, со долги листи на чекање и досадни бирократски процедури. Во текот на 2024 година, издадени се околу 12.000 визи за членови на семејства на лица со овој статус. Организациите за човекови права, како што е „Про Азил“, ги критикуваат овие мерки и предупредуваат дека разделбата на семејствата претставува огромен психолошки товар за засегнатите, што влијае и на процесот на интеграција и на појавата на нерегуларна миграција. Без легален пат за повторно обединување со деца, родители или сопружници, некои луѓе избираат да одат на ризични, честопати небезбедни патувања за да им се придружат на членовите на семејството во Германија. Некои адвокати сметаат дека директивата на ЕУ за семејно обединување не се однесува на лица со супсидијарна заштита, бидејќи е донесена пред да се дефинира овој статус. Сепак, законодавецот е сè уште должен да го почитува членот 6 од германскиот Устав („Бракот и семејството се под посебна заштита“), како и Европската конвенција за човекови права, која Германија ја ратификуваше, а која го гарантира правото на семеен живот. Процесите траат долго време Сепак, едно важно ограничување беше препознаено на највисоко ниво. Германскиот Сојузен уставен суд донесе пресуда, која беше прифатена и од Европскиот суд за човекови права. „Доколку постои алтернатива за семеен живот во друга земја, особено во земјата на потекло, тогаш нема автоматско право на семејно обединување во Германија“, изјави за ДВ Томас Грос, експерт за германско и европско право на Универзитетот во Оснабрик. Сојузниот уставен суд на Германија на крајот ќе треба да одлучи дали е законски дозволено да се прекине спојувањето за лица со супсидијарна заштита. Томас Грос претпоставува дека ќе бидат потребни години. Неодамнешна студија покажа дека процесот на добивање визи за членовите на семејството во германските амбасади веќе трае помеѓу шест месеци и повеќе од две години. „Државата треба да му помогне на моето семејство“ „Не е како некој да оди во амбасадата и утре да се качи на авион за Германија. Тоа е сложен и честопати долг процес. Понекогаш се потребни ДНК тестови, понекогаш амбасадата е многу далеку или во друга земја. Тие пречки се толку големи за многу луѓе што е практично невозможно да се надминат“, вели Грос. Визата на Мохамед, која ја има врз основа на супсидијарна заштита, важи уште една година. Неговата интеграција е тешка, бидејќи тој практично е 24-часовен негувател на својот син, кој редовно мора да оди во болница. „Државата треба да му помогне на моето семејство да дојде тука, ова е извонредна хуманитарна ситуација. Како можам да го издржам ова?“ прашува Мухамед.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВласта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен редПредлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. Дејан Трајкоски е во Парламентот.. Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка. Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година. Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување. Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година. Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес. Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисијаДвижењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството. Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем. Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди. Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења. Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури. За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook