Германија го одбележува Денот на обединувањето со церемонија во Шверин и протест во Берлин - Канал 5

Германија го одбележува Денот на обединувањето со церемонија во Шверин и протест во Берлин

Денот на германското обединување денеска ќе биде одбележан со церемонија во северниот германски град Шверин, а истовремено и со демонстрации на повеќе места во земјата, организирани од движењето „Никогаш повеќе војна“, јави ДПА.

Германија го одбележува Денот на обединувањето со церемонија во Шверин и протест во Берлин

Секоја година различен германски град е домаќин на официјалната церемонија, која го одбележува датумот на обединувањето на Германија во 1990 година, по падот на Берлинскиот ѕид годината претходно. Денот е неработен за целата земја.

Се очекува канцеларот Олаф Шолц и претседателот Франк-Валтер Штајнмајер да присуствуваат на прославата во Шверин, која ќе се одржи во државниот театар на Мекленбург, во присуство на 450 гости.

Покрај Шолц, говор ќе одржи и премиерката на провинцијата Мекленбург-Предна Померанија, Мануела Швезиг, која е домаќин на церемонијата како претседателка на Бундесратот – горниот дом на германскиот парламент.

Швезиг вчера го отвори тридневниот фестивал за граѓаните во Шверин. Сите сојузни покраини, Бундесратот, Бундестагот (долниот дом на парламентот), министри и многу институции се претставуваат со свои штандови. Предвидена е и разновидна културна програма.

Во меѓувреме, движењето „Никогаш повеќе војна“ ќе протестира годинава против плановите за распоредување на американски ракети во Германија, како и против војните во Украина и Блискиот Исток, и германските испораки на оружје за Украина и Израел.

Левичарската популистичка лидерка Сара Вагенкнехт, политичарот од Социјалдемократите Ралф Штегнер и Гезине Леч од крајната левица ќе се обратат пред демонстрантите во Берлин.

Организаторите пред берлинската полиција регистрирале демонстрација со учество на 25.000 лица.

Движењето повикува на преговори за итно прекинување на воените дејствија во Украина и Газа, како и спротивставување на распоредувањето на американски ракети со среден дострел во Германија од 2026 година, што го најави канцеларот Шолц.

Здружението на Украинците во Германија свика контрапротест под мотото „Вашиот мир е наша смртна пресуда“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер