Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
2Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
ЕвропаГерманија го менува системот на социјална заштита- следуваат огромни казни за злоупотреби Од 2026 година, Германија воведува големи промени во својот систем за социјална помош.Сегашниот Bürgergeld ќе биде заменет со нов систем наречен Grundsicherung (основно социјално осигурување), со построги правила и санкции за оние кои не соработуваат со институциите, објави Феникс. Федералниот канцелар Фридрих Мерц нагласи дека реформата функционира врз основа на принципот на „стимулации и барања“ - целта е работата да се направи поисплатлива и да се спречи злоупотреба на социјалните бенефиции. Министерот за труд на Германија, Бербел Бас нагласи дека во иднина ќе има поголем фокус на личната одговорност, обврските и активното учество на корисниците. Законот сè уште треба да биде одобрен од Бундестагот, а планираниот датум на стапување во сила е 1 јули 2026 година. Построги санкции за корисниците на социјална помош Редовната и сигурна комуникација со канцелариите за вработување (Jobcenter) ќе биде клучна. Казните за непојавување или одбивање работа ќе бидат следниве: • Прв пропуштен термин: нема намалување на бенефициите • Втор пропуштен термин: 30% намалување на бенефициите во рок од еден месец • Трет пропуштен термин: целосно губење на бенефициите Доколку корисникот се јави во Центарот за вработување во рок од еден месец, намалениот износ може да се исплати подоцна. Доколку не се јави, се смета за „недостапен“ и ги губи сите бенефиции. Дополнителни промени Бенефициите можат веднаш да се намалат за 30% за период од три месеци доколку корисникот ја прекине стручната обука или не испрати апликации за работа. За лицата кои одбиваат да работат, основните бенефиции ќе бидат суспендирани за 1-2 месеци, а трошоците за домување ќе одат директно кај сопственикот, а не кај корисникот. Семејствата и лицата со проблеми со менталното здравје ќе бидат заштитени преку проценка на тешките животни околности. Повеќе нема да има период на прилагодување (Karenzzeit) кој претходно ги заштитуваше средствата на корисникот на почетокот на добивањето бенефиции.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивнаОд иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ попладнево беа на средба со министерот за животна средина Мухамет Хоџа.Средбата како што оценија потоа, била позитивна во насока на изнаоѓање на некакво решение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказитеНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на судијата РистовНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот. Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв. -Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР. Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии. Самото повикување на вештаците по наша оценка беше безпретметно бидејќи не добивме нови факти. Се што е нотирано во однос на овој доказ е нотирано во писмените извештаи кои овие вешти лица ги прават – изјави Хаџи-Василева. Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите. Вештакот може да каже дека не е компромитирано, ама во својот исказ кажа дека не знае каде е чувано. Сведоци сте. Не знае како е транспартирано и не знае начинот како е земен брисот, он работел само на брисот. Тоа покажува дека неговиот одговор и не е многу валиден – изјави адвокатот Давидовиќ. Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаОЈО: Син осомничен за убиство на татко во СкопјеОсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место. Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот. Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook