Германија ги намалува субвенциите за електрични автомобили: Нема веќе потреба - Канал 5

Германија ги намалува субвенциите за електрични автомобили: Нема веќе потреба

Германија следната година ќе ги намали финансиските стимулации за купување електрични автомобили бидејќи нивната зголемена популарност ги прави непотребни државните субвенции.

Германија ги намалува субвенциите за електрични автомобили: Нема веќе потреба

„Електричните возила стануваат сè попопуларни и во догледна иднина повеќе нема да требаат државни субвенции“, изјави министерот за економија Роберт Хабек.

Според планот, субвенциите за возилата со исклучиво електричен погон, чија цена е под 40.000 евра, ќе се намалат на 4.500 евра од сегашните 6.000 на почетокот на следната година, односно на 3.000 евра во 2023 година.

За автомобилите чија цена е повеќе од 40.000 евра, субвенцијата од 5.000 ќе се намали на 3.000 евра на почетокот на следната година.

Нема да се одобруваат субвенции за купување автомобили чија цена е повеќе од 65.000 евра, а од 2024 година ова ќе важи за возилата чија цена е повеќе од 45.000 евра.

Субвенциите за службените автомобили треба да се стопираат, а корист од програмата би имале само приватните купувачи.

Според владини извори, стимулациите за купувачите на електрични автомобили целосно ќе истечат откако ќе се потрошат планираните 3,4 милијарди евра од буџетот за следните две години.

На крајот на годината, владата целосно ќе ги укине стимулациите за plug-in хибридните автомобили, за кои Хабек се залага поради сомневањата за нивните климатски карактеристики бидејќи се потешки, а погонот на батериите често се користи само за кратки растојанија.

Делумно благодарение на стимулациите, продажбата на целосно електрични автомобили во Германија речиси се удвои во 2021 година (на 328.000) во споредба со 2020 година.

Повеќе од 600.000 електрични возила возат по германските патишта. Вклучувајќи ги и хибридите, има повеќе од еден милион од нив.

Уделот на исклучиво електрични автомобили во регистрациите на нови автомобили во Германија неодамна беше околу 14 проценти.

Фолксваген има најголем пазарен удел за електрични автомобили во Германија со 20,3 отсто, а по него е Тесла со 11,2 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства

Од Косово и меѓународното право, преку европската иднина на регионот, до нов судир меѓу Белград, Загреб и Подгорица околу војните и минатото. 

Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства

Балканските лидери и од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации ги отворија старите регионални спорови додека регионот долго чека пред вратите на ЕУ.

Најдиректен беше српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој порача дека меѓународниот поредок заснован врз Повелбата на ОН е сериозно нарушен и оцени дека правилата повеќе не важат подеднакво за сите држави, особено за помалите.

-Сакам да им се заблагодарам поединечно на сите 107 земји што не ја признаа еднострано прогласената независност на т.н. Косово. Знаеме дека многу од тие држави биле подложни на притисок и знаеме дека одржувањето на принципиелна позиција понекогаш е далеку потешка отколку што изгледа од надвор. Ви благодарам што бевте доследни во непризнавањето на дел од територијата на Србија – изјави Вучиќ.

Веднаш по него, од говорницате, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ повика на трајно помирување на Западен Балкан, истакјувајќи дека сепак тоа не може да се гради врз негирање на минатото, селективна правда или величење лица осудени за воени злосторства.

- Иднината на целиот Балкан е во рамките на ЕУ. Нашиот регион го носеше товарот на поделби предолго време. А новото поглавје се заснова преку соработка, поврзаност, економски можности и економска интеграција. Трајното помирување не може да се гради, врз негирање, селективни пристапи кон правдата и глорификација на оние кои сториле воени злосторства – изјави Милатовиќ.

Но, регионалните несогласувања најсилно дојдоа до израз меѓу Белград и Загреб. Вучиќ ја обвини Хрватска за толерирање на фашистички и нацистички симболи и пораки и за, како што оцени, величење на делови од нејзиното минато поврзани со усташкото движење за коа што истакна дека Српскиот народ тоа нема да го толерира.

На спрскиот претседател му возврати хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, критикувајќи ја Србија поради почестите за Ратко Младиќ и кршење на европските вредности.

-Помирувањето станува можно кога ќе се признае одговрноста за злосторствата од минатотто и кога ќе се отфрли нивното величење. Воените и официјалните почести укажани на Младиќ во Србија претставуваат навреда за неговите жртви и за пресудите на меѓународните судови. Учеството на државните претставници и јавното одобрување што следеше по церемноијата се во целост спротивност со вредностите на Унијата кон која Србија сака да пристапи.

Сепак, балканските лидери во дел од своите говори од Њујорк повикаа на европска иднина и помирување на регионот, но покажаа дека старите спорови сè уште силно ја диктираат сегашноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците

Токму денеска, кога го откривме планот на Мицкоски за распродажба на Македонија преку давање на рудниците и труење на народот за туѓи интереси и профити.

СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците

Токму денеска, кога објавивме мегаскандал: приватна компанија за оружје плаќала над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски.

Кога на јавноста ѝ станува јасно зошто Мицкоски договара антимон без да го праша народот: за милиони да завршат во приватни џебови.

Денеска дефокус и напад врз СДСМ од платформата на Мицкоски, ЗНАМ 2.0.

Дефокус и напад врз СДСМ и претседателот Филипче од луѓе купени со тендери вредни 1,6 милиони евра.

Одговорот на едно едноставно прашање целосно ги разобличува: Кому му одговара да се пренасочи вниманието на јавноста со ваков дефокус?

Кому му одговара да не се зборува за криминалот на Мицкоски и за распродажбата на Македонија?

Одговорот е еден: На шефот на организираната криминална група, арамијата Христијан Мицкоски!

Сè е јасно.

Граѓаните и членовите на СДСМ не се наивни.

Сите гледаат дека единствено СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски.

ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг.

Не постои друга опозиција во Македонија.

Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо.

Порака до сите нив: сите ќе одговарате, а власта ќе ја вратиме во рацете на народот.

ЗНАМ 2.0 нема да помине!

No pasaran!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна

Нема лекарска грешка во случајот со Станка Михајлова од струмичко Баница, која по породување со царски рез и остана неподвижна, потврди петчлената комисија која го испитуваше случајот. 

Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна

Комисијата била составена од гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, а двајца од експертите биле од Србија и од Словенија.

По извршениот надзор, заклучокот бил едногласен дека невролошката состојба на Михајлова не е последица на спиналната анестезија.

Како најверојатна причина за состојбата, експертите го наведуваат спонтаното крварење од ретка малформација на крвните садови. Сепак, за конечно утврдување на причината е препорачана дополнителна дијагностика, како и продолжување на рехабилитацијата.

Случајот во јавност го објавки свекрот на Михајлова, Велибран Стојанов , и побара помош од министерот за здравство Сашо Клековски.

Министерството за здравство најави темелна проверка , а по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат започна вонреден инспекциски надзор и со странски експерти од Словенија во трите установи каде што Михајлова била лекувана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер