Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
2Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
СветГерманецот Емин (17) планирал терористички напад за „да отиде во рајот“ – познати се деталитеВо реалниот свет, Емин Б. (17) речиси и да немал пријатели и се радикализирал играјќи игри со пукање и убивање.Исто така, во виртуелниот свет, тинејџерот од Елмшорн планирал напад кој би резултирал со бројни смртни случаи. Според информациите на Билд, Емин требало да се сретне со пријателка од затворот наречена „Силвија“ за што побрзо да изврши смртоносен напад на божиќниот панаѓур и да замине во рајот. Меѓутоа, полицијата го спречила планираниот масакр и го уапсиле малолетникот со германско-турско потекло на 6 ноември во станот на неговата мајка во Елмшорн. Целта на нападот врз случајно избрана група луѓе била „да умре со маченичка смрт, односно да влезе во рајот“. Според јавната обвинителка Стефани Гроп, тинејџерот го имал како пример напаѓачот со камион (31) во Ница во 2016 година. Тогаш беа убиени 86 луѓе. Според властите, Емин самиот не го планирал нападот, туку за соучесник имал странец. Билд пишува дека Емин ѝ пишал на извесна „Силвија“ на WhatsApp на 30 октомври. „Силвија“ и Емин се договориле да извршат напад во следните неколку месеци за да отидат во рајот како маченици. Зборот „Џенет“ (арапски значи рај) се користел во кореспонденцијата. Тие зборувале за започнување на нападот на 20-ти или 24-ти декември или на 20-ти или 24-ти јануари. Божиќниот базар не бил единствената можна цел. „Можеше да биде фудбалски натпревар, концерт или железничка станица“, рече обвинителот. Не било одлучено како ќе го изведат нападот. „Камионот беше една опција, но имаше и други“, додаде таа. Како што дознава „Билд“, Емин и Силвија зборувале за кражба на два камиони и нивно залетување во толпата. Емин е уапсен и е во притвор. Според судот, фантазијата за терористички напад била најважниот фактор во животот на обвинетиот. Кога Емин првпат бил уапсен во март, немало доволно докази против него. По дојава од американската тајна служба, специјалните сили потоа накратко го уапсија Емин. Но, се чини дека тоа не го одвратило и продолжил да го планира нападот и по првото апсење. Потрагата по „Силвија“ се уште трае.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
КултураПремиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресииПремиерната изведба на „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, заврши со долготрајни аплаузи и топли реакции од публиката. Силната драмска приказна, интензивната сценска игра и емоциите што ги донесе претставата оставија впечаток кај присутните, кои по завршувањето на изведбата ја напуштија салата понесени од своите импресии. Премиерата на 10.ноември беше дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот даде свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова.Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски, гардеробер Лилјана Китановска. Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост? Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете. Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва? „Задоволството беше и наше. Нема поголема радост од непосредната реакција на публиката и чувството дека она што го споделуваме од сцената допира до оние за кои го создаваме. Ви благодариме за аплаузот, довербата и заедничката театарска вечер“, истакнуваат од НТБ. Активностите на НУ Народен театар Битола продолжуваат на 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа.Тагови: битола НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“. Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата. Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери. Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација. Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Утре наместа ќе дува силен јуженСпоред УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.Тагови: ветер УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34