Германците прогласија автомобил на годината, возило кое се уште го нема на пазарот - Канал 5

Германците прогласија автомобил на годината, возило кое се уште го нема на пазарот

  Електричниот „Volkswagen ID.7“ сè уште го нема ни на пазарот, но веќе е најавен како автомобил за 2024 година во Германија. 

Германците прогласија автомобил на годината, возило кое се уште го нема на пазарот

Време е за разни избори, до крајот на годината ќе ги има се повеќе. „Volkswagen ID.7“ сè уште го нема ни на пазарот, но веќе е најавен како автомобил за 2024 година во Германија. Жирито оцени дека импресивниот досег на електричната лимузина од 700 километри треба да биде награден. Минатата година титулата германски автомобил на годината ја доби „VW ID“. Зуи“.

Во претходните години победија „Jaguar i-Pace“, „Porsche Taycan“,„Honda“ e и „Hyundai Ioniq 6“. Жирито на церемонијата на доделување на наградата за германски автомобил на годината го сочинуваат 29 автомобилски новинари активни во земјите од германско говорно подрачје, заедно со десет меѓународни гости членови на жирито, пренесува RevijaHAK.

VW ID.7 е долг речиси пет метри и има 286 КС во основната конфигурација. Со електричниот седан можете да изберете помеѓу два типа на батерии со капацитет од 77 kWh и ID.7 Pro S со 85 kWh, со кои досегот е 700 km (брзина на полнење на DC полначи 200 kW). „Само што го претставивме нашиот ID.7, а почитуваното стручно жири веќе го прогласи за германски автомобил на годината – неверојатен успех“, вели извршниот директор на Volkswagen, Томас Шефер, кој можете да го видите на фотографијата со насмевката на победникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По Тетово и во Чаир: Се покренува иницијатива за улици со имиња на борци од УЧК

Ќе има ли повторно преименување на улици со имиња на борци од УЧК, овој пат во Чаир, откако советот на општината прифатил таква иницијатива на последната седница на општината, подесена од советниците на ДУИ. 

По Тетово и во Чаир: Се покренува иницијатива за улици со имиња на борци од УЧК

Ќе има ли повторно преименување на улици со имиња на борци од УЧК, овој пат во Чаир, откако советот на општината прифатил таква иницијатива на последната седница на општината, подесена од советниците на ДУИ. Станува збор за улиците „Јаја Паша“ и „Фљака е Влазримит“ кои се бара да бидат преименувани во „Командант Тели“ и „Зеќирија Хасани“.

Од општина Чаир за Канал 5 велат дека станува збор за предлог одлука, а не за конечно решение.. Дали притоа имало и Бадинтерово мнзоинство, како што предвидува законот, одговор нема..

-Тоа не претставува одлука за преименување на улиците. Одлука за промена на имињата ќе биде предмет на понатамошна постапка и ќе се донесе согласно законските процедури и сите предвидени фази. - велат од општината.

Прашањето за преименувањето на улиците, стана актуелно откако Устваниот суд одлучи за ја поништи одлуката на општина Тетово од 2007 година, бидејќи била донесена без согласност од Владата.

Во моментот по барање на ДУИ во општината Тетово тече постапка за враќање на старите имиња на улиците и плоштадот. За ваквиот предлог општинскиот совет треба да расправа в понеделник, а според законските одредби доколку предлог-одлуката на ДУИ биде прифатена и изгласана, Советот на Општина Тетово треба да се распушти и да има нов избор.

„Процесот за именување улици треба да биде демократски и во согласност со Уставот и законот. Предлог-одлуката, која е предложена од ДУИ, е во финална фаза. Откога ќе се поминат сите дебати, предлози од граѓаните според законот и да се помине и во Владата да се даде согласност и после се доаѓа до одлуката, која сега е предложена од ДУИ. Ако се оди со таа одлука и Советот и советниците одлучија да ја прифатат автоматски, според некои наши согледување и од експертите од правната фела, кажуваат дека Советот автоматски оди на реизбор“, рече Касами.

Одлуката на уставен, ДУИ ја искористи и да органзира протести во Тетово, а нов марш најавуваат за утре. Касами вели дека станува збор за полтиички протет, бидејќи во општината веќе тече постапка за именување на повеќе од 200 улици, за што е формирана и комисија која треба да стави крај на овој долгогодишен проблем со неименувани улици во Тетово. Од вкупно 297 улици во оваа општина, само 81 имаат официјални имиња.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инцидентот на Ќафасан ја бранува јавноста: ВЛЕН ја обвинува ДУИ, македонското МНР на средба со албанската амбасада

Тројцата функционери на Влен Ќоку, Азизи и Муртезани не биле спречени да влезат во Албанија, туку самите одлучиле да се вратат од границата, во знак на солидарност со четвртото лице кое биле со нив, а чиј идентитет не го откриваат.

Инцидентот на Ќафасан ја бранува јавноста: ВЛЕН ја обвинува ДУИ, македонското МНР на средба со албанската амбасада

Од Албанското Министерство за внатрешни работи во одговор за Канал 5, појаснува дека се работи за вообичаена процедура за гранична контрола и дека во првата половина на годинава имале на 400 вакви случаи.

-Тројца од нив, кои поседувале дипломатски пасоши, биле информирани дека немаат никакви пречки за да го продолжат патувањето. Во меѓувреме, четвртото лице, кое било во нивна придружба, било евидентирано дека има законски пречки за преминување на границата и поради тоа не му било дозволено да го продолжи патувањето кон Р. Албанија. – велат од албанското МВР, без да наведат дали забраната се однесува поради учеството на протестите во Тирана.

Од Влен, по жестоките реакции вчера на пратеникот Ќоку, синоќа одржале состанок по кој се огласија со многу помирен тон, и вината за ситуацијата ја најдоа во ДУИ. Ја обвинија дека со политички конструкции се обидува да ги наруши односите меѓу Албанците и институционалната комуникација со Албанија, порачувајќи дека меѓудржавните односи не смеат да бидат заложник на партиски интереси.

Во меѓувреме случајот предизвика политички реакции и во Албанија. Лидерот на албанската Демократска партија Сали Бериша го осуди задржувањето на политичарите за кое директно го обвини премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни. Тој во име на Алабанците им се извини на сите Албанци во Македонија.

-Во невиден антиалбански чин уште од диктатурата на Енвер Хоџа и во многу сериозен дипломатски и политички скандал, по наредба на Еди Рама, на тројца функционери од албанската партија Влен од С. Македонија, не им беше дозволено да влезат на територијата на Албанија, што е флагрантно кршење на меѓудржавните договори со Македонија и меѓународните конвенции. – Сали Бериша – Демократска партија на Албанија

Од македонското МНР соопштија дека вчера била остварена средба со претставник од амбасадата на Албанија во Скопје на која побарале официјална информација од албанските власти за настанот на граничниот премин Ќафасан.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Драч уапсени двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“ (ВИДЕО)

Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, во Драч уапсени двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“

Во Драч уапсени двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“ (ВИДЕО)

Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”.

При лишувањето од слобода, кај лицата пронајдени се фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата. Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка на Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Р. Албанија.

YouTube video


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер