Германците потврдија дека системите „Патриот“ ќе стигнат во Украина за најмалку шест до осум месеци - Канал 5

Германците потврдија дека системите „Патриот“ ќе стигнат во Украина за најмалку шест до осум месеци

Германија планира да го испорача системот за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина, но неговата испорака и предавање ќе траат најмалку шест до осум месеци.

Германците потврдија дека системите „Патриот“ ќе стигнат во Украина за најмалку шест до осум месеци

Германија планира да го испорача системот за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина, но неговата испорака и предавање ќе траат најмалку шест до осум месеци, објавува „Билд“, повикувајќи се на извори од германската влада.

Според првичниот план, САД требало да пренасочат дел од своите резерви за воздушна одбрана кон Украина, додека Германија ќе го финансира нивното надополнување. Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп одби да ги префрли системите од воените резерви. Како резултат на тоа, европските земји мора самостојно да предадат опрема од сопствените залихи и да нарачаат замена од американски производители.

Се наведува дека само финансирањето на купувањето оружје за Украина не го решава проблемот. Европските земји мора да посегнат по сопствените резерви и да нарачаат нивно надополнување кај производители од САД.

„Билд“ објавува дека во моментов има недостиг од системи за воздушна одбрана во Европа. Веќе неколку дена се водат затворени преговори за тоа кој може да ја поддржи Украина и како.

Системот е сè уште во производство

Според најновите податоци, Швајцарија е пониско на листата на чекање за добивање на системот „Патриот“, а првата единица од оваа серија, финансирана од Германија, ќе биде испратена директно во Украина. Во исто време, системот сè уште е во производство од страна на американската компанија „Рејтеон“ и нема да биде подготвен за испорака пред шест до осум месеци.

Во понеделник, 14 јули, Трамп објави договор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, според кој европските членки на НАТО ќе купуваат американско оружје, вклучително и напредни системи „Патриот“, и ќе го доставуваат во Киев.

САД размислуваат за продажба на системи „Патриот“ од своите залихи на Украина, како дел од новиот план на Трамп европските сојузници да купуваат американско оружје за Киев.

Генералот Алексеј Гринкевич, командант на Заедничката федерална команда на силите на НАТО во Европа, истакна дека се во тек подготовки за брз трансфер на дополнителни системи „Патриот“ во Украина. Тој истакна дека тесно соработува со Германците по ова прашање, и покрај претходните германски изјави за недостатокот на информации за тековните испораки.

Канцеларот Фридрих Мерц додаде дека испораката на системот „Патриот“ во Украина активно се дискутира, но ќе бидат потребни „дена или недели“. САД, исто така, го забрзаа распоредот за испорака на „Патриот“ за да може поддршката за Украина да пристигне што е можно поскоро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило.

Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Десет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) од Гостивар, Д.Л.(34) од Прилеп и Е.В.(53) од Струга.

Во Виница, 14-годишен малолетник, пред да се стекне со право на управување со моторно возило, изгубил контрола над мопедот и паднал. Исто така, службен разговор бил извршен со Е.Е.(19) од Велес, кој учествувал во сообраќајна незгода со мотоцикл без регистарски ознаки и две други возила, а претходно не се стекнал со право на управување со моторно возило.

Пет лица управувале возило под дејство на алкохол. Кај К.К. биле измерени 3,35 промили алкохол во крвта, кај И.А.(52) од Куманово 2,17 промили, кај Н.Ѓ.(33) од Куманово 1,55 промили, кај С.Ј.(34) од Битола 1,60 промили, а кај Х.П.(28) од Охрид 1,68 промили алкохол во крвта.

Две лица управувале возило и покрај активна забрана за управување со моторно возило. Станува збор за А.Ш.(39) од село Обедник, демирхисарско, и Р.Л.(55) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода управувајќи патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки.

Г.Р.(53) од село Мусинци, општина Могила, управувал возило без положен возачки испит и под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на активна забрана за управување. Особено апелираме до родителите да не им дозволуваат на малолетни лица да управуваат моторни возила пред да се стекнат со законско право за тоа. Одговорното однесување во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди и заштита на човечките животи, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е охриѓанец- во неговиот дом се пронајдени дрога и пари

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдена дрога и пари.

Уапсен е охриѓанец- во неговиот дом се пронајдени дрога и пари

На 07.11.2026 година, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(49) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три опаковки со бела прашкаста материја и пари.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радовишанец по телефон се заканувал во амбасада- упатен е на психијатриско вештачење

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш.

Радовишанец по телефон се заканувал во амбасада- упатен е на психијатриско вештачење

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ по член 420 став 4 од Кривичниот законик. На 04.11.2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност.

Настанот бил пријавен на 05.11.2026 година во МВР, по што полициски службеници го пронашле и лишиле од слобода Ѓ.Н., кој во службен разговор го признал делото.

По поднесената пријава, а врз основа на предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд Струмица донел решение за негово упатување на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер