Медиумите пишуваат за имиња ги исполнуваат овие критериуми: Матео Беретини, Диего Шварцман, Алекс де Минаур, Беноа Паире и Николос Басилашвили.
Во истрагата, која траела повеќе од една година, се вмешани 135 тенисери, за местење на натпревари , а меѓу нив има тенисери од Белгија, Франција, Шпанија и САД.
Идејата за местење натревари дошла од исток.
„Тоа е мрежа на ерменската мафија која се шири во седум земји на Европа. Тие се многу интелигентни и измамуваат на највисоко ниво“, изјави белгискиот заменик-обвинител, додавајќи:
„Имаат луѓе задолжени за сметки, кои перат пари и остваруваат контакт со играчите“.
Тениските натпревари се идеални за перење пари и местење резултати, наведуваат германските медиуми.
„Не се само играчите кои на тој начин ја решаваат својата егзистенција, има неколкумина кои биле и меѓу најдобрите 50 на светот“, изјави за „Die Welt“ тенисерот Марко Трангелити.
Германскиот тенисер Андреа Петковиќ зборуваше на истата тема.
„Познавам многу тенисери и тенисерки со кои контактираа. Тие главно ги бараат оние играчи кои се од посиромашните земји“.