Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
ЖивотГерманците не сакаат во војска: Расте бројот на приговори на совестКако што се разгорува политичката дебата во Германија за повторно воведување на регрутацијата, така расте и бројот на луѓе кои поднесуваат барања за повикување на совест, јави денеса медиумската групација РНД.До сојузната канцеларија за регрутација минатата година биле поднесени 2.241 барање за приговори на совест, изјави за РНД портпаролот на канцеларијата. Тоа е двојно повеќе отколку претходната година. Во првата половина од оваа година биле поднесени 1.363 барања, што сугерира дека до крајот на годината ќе биде соборен рекордот. Во текот на целата мината година бројот на приговори на совест изнесувал 1.241. Во 2023 година ги имало 1.079, а во 2022 година 995. Мајкл Шулце фон Гласер, политички директор на здружението Германско друштво за мир, изјави дека ова покажува оти голем број луѓе се против регрутацијата. Приговор на совест за воена служба е право на поединецот да одбие да служи во вооружените сили или да учествува во какви било воени дејства, врз основа на морални, етички, религиозни или филозофски убедувања кои се противат на употребата на насилство или учеството во војна. Ова право е признаено како основно човеково право од страна на меѓународни организации, вклучувајќи ги Обединетите нации и Советот на Европа, иако начинот на кој се имплементира варира од земја до земја. Тагови: војска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)Александар Вулин, претседателот на Социјалистичкото движење на Србија, поранешен министер во неколку влади, а сега претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, објави дека пристигнал во Москва. Тој тврди дека не избегал никаде, туку дека отишол во Русија, каде што ќе има серија состаноци за продолжување на гасниот аранжман, објави Телеграф. Вулин објави видео на социјалната мрежа Инстаграм со пораката: Пристигнав во Москва. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vulin (@aleksandar_vulin_rs) Во видео изјавата тој објаснува дека не избегал никаде, дека нема да оди никаде без своето семејство, но ги напаѓа и сите што ја објавија информацијата дека авионот во кој првично се наоѓал бил вратен на белградскиот аеродром затоа што самиот Вулин не ги почитувал безбедносните процедури. Вулин тврди дека планира серија состаноци во руската престолнина за продолжување на гасниот аранжман на Србија со таа земја. Летот на „Ер Србија“ JU134, кој полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград кон Москва во вторник вечерта, беше вратен во Белград истата вечер откако, според неофицијални информации од порталот „Нова.рс“, беше утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка.Тагови: Вулин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење! Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници! Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани! Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат! За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат. Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионотМакедонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот, со конкретни инфраструктурни проекти за транспорт, енергија, гас и железница. Преку изградба на гасните интерконектори со Грција и Србија, создаваме вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, поврзувајќи го терминалот за ЛНГ во Александруполи со Централна Европа, со капацитет од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно, рече премиерот Христијан Мицкоски на самит во Диселдорф. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook