Германците ја прогласија „Opel Astra“ за компактен автомобил на годината

Пофалби има и за караван верзијата.

Новата „Opel Astra“ е прогласена за „германски компактен автомобил за 2023 година“. Независното стручно жири на Германските автомобилски награди ја избра новата генерација на „Astra“ и „Astra Sports Tourer“ за најдобар автомобил од компактна класа во Германија, значително подобар од конкуренцијата во тој сегмент.

Жирито составено од 27 автомобилски експерти и новинари ги пофали „иновативните безбедносни технологии, кои „Opel“ со новата „Astra“ ги направи достапни за широк спектар на клиенти во компактната класа, како и широкиот спектар на погонски единици, вклучително и „plug-in“ хибрид што им овозможува на возачите на „Astra“ да патуваат локално без емисија на издувни гасови за прв пат“.

Дополнително, жирито го истакна „прогресивниот дизајн кој привлекува око“.

Престижната награда му беше доделена на брендот „Opel“ на церемонија во Бад Диркем, Германија.

Новата генерација на „Opel Astra“ беше претставена кон средината на минатата година, а неколку месеци подоцна пристигна и караван верзијата.

Иако се очекуваше дека - по купувањето на германската марка од страна на компанијата „Peugeot“ – „Astra“ значително ќе се разликува од претходната, се чини дека визуелната трансформација на овој автомобил изненади многумина.

Промените не беа само драматични однадвор, туку и во патничката кабина и во механиката, имајќи предвид дека новата „Astra“ сега ја користи „EMP2“ платформата на групата „PSA“.

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

Уште пет дена за претставување на предизборните програми и политички понуди

Денеска,е последен ден за објавување на резултати од анкети поврзани со учесниците во изборниот процес. 

Кандидатите за претседател на државата, партиите и коалициите имаат уште пет дена за претставување на своите програми и политички понуди пред граѓаните, во пресрет на двојните избори на 8 мај. Кампањата за претседателските и за парламентарните избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ.

На 30 април заврши пријавувањето за гласање на болните и немоќните лица, а до 4 мај на полноќ тоа треба да го сторат и избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор. Тие заедно со лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор, како и пријавените од дијаспората гласаат ден пред изборниот ден, на 7 мај.

притисни ентер