ЕкономијаGerman–Macedonian Business Summit 2026: Дигитализацијата, применети технологии и вештачката интелигенцијаДигитализацијата, применети технологии и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот раст на Македонија.AHK Македонија, дел од глобалната мрежа на германските стопански комори во странство – денеска заедно со Македонско-Германското стопанско здружение го организираше вториот German–Macedonian Business Summit 2026 во Скопје. Под мотото „ „Применетите технологии и дигитализацијата како двигатели на економскиот развој на Македонија“, самитот собра околу 400 учесници, повеќе од 250 компании, како и високи претставници од бизнис секторот, политиката и институциите од Македонија, Германија и регионот. По успешната премиера во 2025 година, самитот за кратко време се етаблираше како централна платформа за економски дијалог помеѓу Германија и Македонија. Целта на овој Самитот е јасна: поврзување на компаниите, носителите на одлуки и институциите со цел развивање конкретни решенија за зголемување на конкурентноста на Македонија како бизнис дестинација и натамошно унапредување на германско-македонските економски односи. Во фокусот на овогодишната програма беше прашањето како Македонија може поефикасно да ја искористи технолошката трансформација за зголемување на продуктивноста, поттикнување на иновациите и зајакнување на својата позиција во европските синџири на добавувачи. Се дискутираше за индустриска автоматизација, дигитални синџири на снабдување, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, современи работни процеси, како и квалификација на кадарот во услови на дигитална трансформација. „Дигитализацијата, применетите технологии и вештачката интелигенција одамна не се теми на иднината, тие веќе денес одлучуваат за конкурентноста, продуктивноста и атрактивноста на една земја, колку таа како пазар ќе биде атрактивна за привлекување на нови инвестиции. Македонија има голем потенцијал, но неопходно е континуирано и посветено инвестирање во иновации, квалификација и дигитална инфраструктура“, истакна Антје Ванделт, директорка на АХК Македонија, дел од прежата на германските комори. Германија и понатаму останува еден од најзначајните економски партнери на земјата. Германските компании со години се меѓу најважните инвеститори во Македонија и имаат значаен придонес во воведувањето современи производствени стандарди, нови технологии, дуалнен модел на образование по германски стандарди и иновативни менаџмент структури. Многу од овие компании денес се предводници во автоматизацијата, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција, давајќи силен поттик за развојот на целокупната локална економија. Воедно, на Самитот беше потенцирано дека Македонија не се потпира само на странски инвестиции и партнерства, туку сè повеќе развива и сопствени технолошки капацитети. Особено ИКТ секторот добива сè поголемо значење за економскиот развој на државата. Денес околу 22 проценти од вкупниот извоз на Македонија е од областа на информатичко-комуникациските технологии. Овој сектор е еден од најдинамичните во земјата и со години бележи континуиран раст на извозот и стабилен трговски суфицит. Во 2025 година, Македонија увезе ИКТ услуги во вредност од 197 милиони евра, а извезе во висна од 438 милиони евра. Овие показатели потврдуваат дека Македонија не е само атрактивна производствена дестинација, туку има потенцијал да се позиционира и како регионален центар за дигитални иновации, ИТ услуги и технолошки напредни бизнис модели. Еден од најзначајните моменти на Самитот беше учеството на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја нагласи важноста на технолошката модернизација за економската иднина на земјата: „Македонија се позиционира како атрактивна дестинација за инвестиции и иновации. Тесната соработка со Германија претставува клучен елемент на нашиот економски развој. Ние се фокусираме на реформи, стабилност и современи технологии со цел обезбедување одржлив економски раст.“ Во контекст на глобалните неизвесности, растечките цени на енергијата, предизвиците во меѓународните синџири на снабдување и актуелната состојба во европската автомобилска индустрија, Самитот уште еднаш ја потенцираше важноста од блиска и доверлива соработка помеѓу политиката и бизнис секторот.ж „Токму во економски предизвикувачки времиња се потребни силни партнерства. На компаниите им се потребни стабилни услови, прагматични решенија и отворен дијалог со носителите на политички одлуки. Токму за тоа сакаме како Германска комора да создадеме платформа и истовремено активно да ги поттикнуваме клучните теми за идниот развој“, изјави Ванделт. Дополнителен акцент на настанот беше доделувањето на German–Macedonian Business Award 2026, признание за компании кои преку иновативност, дигитална трансформација и посветеност во развојот на квалификуван кадар поставуваат нови стандарди. Со организацијата на вториот German–Macedonian Business Summit, АХК Македонија уште еднаш ја потврди својата улога не само како двигател на билатералните економски односи, туку и како активен партнер во унапредувањето на конкурентноста и идниот развој на Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
Македонија Катерина Тодороска и Тони Поповски вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Катерина Тодороска и Тони ПоповскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДевојче почина откако испи милкшејк од неиспран блендер- мајка ѝ испрати силна порака Мајката на 12-годишното девојче кое почина откако испило контаминиран милкшејк решила јавно да проговори за семејната трагедија!Миа Шеј Сент Хилер, која била алергична на јаткасти плодови, доживеала тешка алергиска реакција откако испила милкшејк направен во неизмиен блендер во кафулето Pop Inn во Лондон во август 2023 година, објави Пипл. Говорејќи во британската утринска емисија Добро утро Британија, мајката на детето, Шанел Спенс, им рекла на водителките Сузан Рид и Ед Бол дека нејзината ќерка „сфатила дека милкшејкот содржи јаткасти плодови по само две голтки“. Снимката од надзорната камера го снимила моментот кога тогашниот менаџер на кафулето, Барис Жисел, кој повеќе не е сопственик и не управува со објектот, подготвувал пијалок во блендер кој не бил измиен по претходна употреба. Судскиот совет потоа утврдил дека пијалокот бил „вкрстено контаминиран со остатоци од лешник“. Шанел Спенс и таткото на девојчето, Адријан Сент Хилер, претходно повикаа на специјален систем за оценување за да им помогне на потрошувачите да проценат како рестораните во Велика Британија управуваат со ризиците од алергија. Тој систем би постоел заедно со сегашниот систем на Агенцијата за стандарди за храна, која ја проценува хигиената на храната. Водителот ги прашал родителите на починатото девојче дали Миа, која сè уште не била тинејџерка, ќе знае да ги провери хигиенските оценки кога оди во ресторан или кафуле. Родителите одговориле дека таа е навикната на тоа, и дека претходно го посетувала тоа кафуле. „Тоа беше локација која таа ја посети една недела претходно. Во никој случај не беше непознато место“, рекла мајката на починатиот. Спенс рече дека семејството било изненадено кога за време на сослушувањето дознало дека управувањето со ризикот од алергија не е покриено со истиот систем како рејтингот за хигиена на храната. „Кога ќе видите дека продавницата има оценка со пет ѕвездички, се чувствувате како, знаете, дека сте безбедни“, рече таа, објаснувајќи зошто тие сакаат посебен систем за оценување кој би бил специфичен за алергиите. „Да постоеше таков систем, денес ќе зборувавме за поинаков исход и за сосема поинаква приказна“, додаде Сент Хилер. Зборувајќи за животот повеќе од три години по смртта на нејзината ќерка, Спенс рече дека тагата сè уште е голем дел од нивниот секојдневен живот. „Тоа навистина не менува ништо, знаете, таа е дел од нашиот секој ден“, рече таа. Адвокатот Анџела Бруно им се придружи на родителите на Миа на Добро утро Британија и рече дека загриженоста за кафулето била покрената пред смртта на девојчето. Според неа, при увидот во 2020 година, во кафулето не била пронајдена табела со информации за алергени, но и покрај тоа, локалот добил оцена со пет ѕвездички. Таа изјави и дека следната инспекција, планирана две години подоцна, била „пропуштена“. „Миа умира во 2023 година и тие се враќаат на инспекција. Сè уште нема табела за алергени, нема предупредувачки знаци за алерген и други проблеми со контаминација“, рече Бруно. Таа тврдеше и дека не е извршен увидот планиран за септември 2026 година. Mom of Girl, 12, Who Died After Drinking Milkshake Made in Unwashed Blender Speaks Out, Says She Grieves ‘Every Day’ https://t.co/3Mb6rhP7h1 — People (@people) October 14, 2026 Според веб-страницата на Агенцијата за стандарди за храна (FSA), кафулето последен пат добило хигиенска оцена со пет ѕвездички во 2024 година. Барис Жисел се изјасни за виновен во јануари 2025 година за шест прекршоци, вклучително и недавање или вклучување информации за алергени на потрошувачите, неуспехот да се справи со контаминацијата со алерген за време на процесот на производство на храна и сервирање храна што содржела алергенска состојка што не требало да биде присутна. Тој е казнет со 18.000 фунти и налог од 100 часа општествено корисна работа.Тагови: девојче блендер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаНа мајка ѝ се заканува смртна казна- се правда дека 18 месечните близнаци починале од вакцина Обвинител во американската држава Ајдахо ќе бара смртна казна за Андреа Шо, 23-годишна мајка обвинета за убиство на своите 18-месечни близнаци во 2025 година. Шо се изјасни за невина пред судот. Таа тврди дека децата се разболеле и починале откако примиле вакцини, вклучително и вакцини против грип, објавува CBS News. Обвинителството бара најстрога казна Големата порота ја обвини Шо во јули по две точки за убиство од прв степен, потврдуваат судските записи и официјалното полициско соопштение. Окружниот обвинител на округот Пајет, Мајк Дјук, во судските документи изјави дека обдукцијата покажала симптоми што се во согласност со задушување и напиша дека тоа е „единственото замисливо објаснување“ за смртта на децата. Заменик-обвинителката Рајон Сиручек го информираше судот минатата недела за својата намера да бара смртна казна. Во поднесокот, тој наведе дека државата ќе се обиде да докаже четири отежнувачки околности: дека е извршено повеќе од едно убиство, дека убиствата биле особено гнасни, сурови или ѕверски, дека обвинетата покажала „целосно непочитување“ кон човечкиот живот и дека таа веројатно претставува трајна закана за општеството. Одбраната тврди дека нема докази „Скандалозно е“, рече адвокатот на обвинетата, Џозеф Филичети. „Тие нема да можат да ја докажат основаноста на случајот надвор од разумно сомнение, па затоа нема шанси смртната казна воопшто да стане опција.“ Филичети побара од судот да го отфрли обвинението поради наводните неправилности пред големата порота. Тој изјави за KBOI-TV дека на големата порота не ѝ било кажано дека мртовечникот ја прогласил причината за смртта за неутврдена, но конзистентна со хипертермија или прегревање. Според него, патолозите кои ги прегледале телата на близнаците изјавиле дека причината за смртта е неутврдена. „Обвинителот има должност на искреност, што значи дека мора да ја каже вистината пред големата порота и да презентира ослободителни докази. Тоа се докази што ѝ даваат причина на поротата да верува дека лицето не е виновно или дека смртните случаи можеле да се случат од друга причина освен убиство. Обвинителот не го сторил тоа“, изјави Филичети за KBOI. Сомневање за убиство Обвинителството во документите наведува дека температурата во собата на близнаците често достигнувала 38 степени Целзиусови, но дека децата претходно преживеале високи температури и дека времето на смртта не се совпаѓало со највисоката температура од тој ден. „Тие немаат мотив, никаква позадинска приказна, никаква признание... Таа не го направила тоа и тие не можат да докажат спротивното“, додаде Филичети. Близнаците биле пронајдени мртви во нивниот заеднички кревет на 1 мај 2025 година. Тие биле вакцинирани осум дена претходно. Денот по вакцинацијата, Шо ги однела во одделот за итни случаи бидејќи биле летаргични и имале треска. Лекар ги дијагностицирал симптомите како реакција на вакцината, па на децата им биле дадени лекови за намалување на треската и биле пуштени. Откако биле пронајдени телата, полицијата соопшти дека се „сомневаат за насилна смрт и во моментов го истражуваат случајот како убиство“, но во тоа време не именувале осомничени. Врски против вакцинирање Неколку дена по смртта на близнаците, Шо се појави во онлајн емисија продуцирана од Children's Health Defense, антиваксерска група основана од сегашниот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор. Тој не е поврзан со групата од декември 2024 година, кога поднесе оставка од функцијата претседател за да се приклучи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Медицинските експерти велат дека спорните детски вакцини - за хепатитис А, грип и DTaP - се безбедни и ефикасни. Шо е исто така тужителка во федерална тужба поднесена од Children's Health Defense и други против Американската академија за педијатрија (AAP). Тие ја обвинуваат организацијата за рекетирање и лажење за безбедноста на вакцините. AAP побара од судот да ја отфрли тужбата, нарекувајќи ја „најнов напад во кампањата против академијата“ и нејзината „употреба на докази засновани на наука во политиката за вакцинација“. Андреа Шо е притворена без кауција. Судењето е закажано за јануари.Тагови: близнаци мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook