ГЕРБ на Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија, но тешко до владина коалиција - Канал 5

ГЕРБ на Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија, но тешко до владина коалиција

Паралелено со изборите за Европарламентот, во Бугарија се одржаа и 6-тите парламентарни избори во последните 3 години, но според првичните анализи на резултатите, веројатно ниту тие нема да значат крај на политичката криза во земјата.. 

ГЕРБ на Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија, но тешко до владина коалиција

Коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов е во убедливо водство на парламентарни избори во Бугарија. Од преброени над 77 проценти од гласовите оваа коалиција освоила над 23 ппроценти од гласовите, а зад нив очекувано е коалицијата “Промената продолжува – Демократска Бугарија“ на Кирил Петков со над 15,4 отсто освоени гласови. Тесна е разликата, според досега пребрените гласови помеѓу „Промената продолжува“ и партијата на етничките Турци во Бугарија - Движење за права и слободи, која на овие избори за прв пат е предвдоена од Бугаринот Делјан Пеевски и кои на вчерашните избори освоиле над 15,1 проценти од гласовите. Ваквите ресултатите можат да го вратат на власт популистичкиот лидер Борисов, кој доколку влезе во коалиција со двете второпласирани партии, според тамошните аналитачари, е можно да формира Влада.

„Негова е задачата (на Бојко Борисов) да формира Влада која ќе биде трајна бидејќи луѓето се уморни од избори и нема да одат на гласање. Ако мнозинството ја промени својата политика и се сврти кон граѓаните и ги слушне пораките кои им ги испратија на овие избори, сметам дека може да има една стабилна Влада. Први се ГЕРБ, нај евро-атланска апртија, втори ПП- ДБ, трети ДПС, четврти „Има таков народ“ и мислам дека овие коалиции се во ситуација да формираат Влада. Друго прашање е дали ќе им се допадне на граѓаните“.

Но шансите да се состави владина колиција помеѓу првопласираните партии на вчерашните избори се мали и речиси невозможни со оглед на тоа што Борисов уште по вчерашното галасање касно порача дека не планира да формира Влада само со Движењто на Турците во Бугарија, а еден од лидерите на „Продолжуваме со промената“ и поранешен премиер Кирил Петков по првичните објавени разултати, на Фејсбук напиша дека се подготвени да бидат силна опозција на плановите на Борисов и Пеевски. Доколку мандатот и припадне на ГЕРБ, Борисов јасно порача и дека мандатот нема да го даде на Марија Габриел, туку дека најверојатно ќе го земе лично тој.

„Од некои изјави дали слушнавте нешто друго освен дека Борисов и Пеевски можат да направат Влада. Но јас кажав дека само со Пеевски нема да формирам Влада. Го слушнав Христо Иванов дека нема да дојде, тако што. Марија Габриел нема да ја земе папката со мандатот, порача Борисов.

Доколку и по овие шести последователни пралемтарни избори повторно не се формира стабилна, наместо техничка Влада, бугарскиот претседател Румен Радев пак најави дека е можно да формира своја партија.

„Крајно време е партиите да се обидат да формираат влада заснована на вредности и споделени програми, со јавниот интерес на преден план, а не од страв дека ќе излезат надвор од власта. Но, доколку продолжат со ваквите непринципиелни коалиции порано или подоцна таква алтернатива ќе се појави“.

Инаку на вчерашните парламентарни избори најголемо изнедандување беше новоформираната партија „Величие“ која освои околу 5 проценти од гласовите без воопшто да води традиционална предизборна кампања. Во Бугарија изминатите 4 години се одржаа шест предвремени парламетарни избори и ниту еднаш не се формира стабилна Влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа

На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и претрес во дом на Ф.М. (50) во с.Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси во Охрид, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 05.08.2026 во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид ги лишија од слобода Р.С.(50) и С.Б.(46), двајцата од Охрид.

Претреси во Охрид, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

При претрес во домот на Р.С., извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен исто така со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, шприц исполнет со кафеава материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината.

Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Денеска сме тука во Ново село поради инцидентот кој што се случи синoќa. Инцидент кој што не требаше да се случи, но кога веќе се случи, благодарение на организираната криминална група на Христијан Мицкоски, не смее и не треба да се премолчи. Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината. А вистината е дека водата во Гостивар и во половина држава е загадена и не е за пиење.

И кога веќе медиумскиот линч на организираната криминална група не помага, тие физички се пресметаа со децата. Со децата на Ново село, со децата на Македонија, кои што единствено нешто што правеа, ја говореа вистината.

Бараме итна истрага, итна реакција на Министерството за внатрешни работи, итна истрага на обвинителството, кои беа тие луѓе? Затоа што беа активисти на ВМРО, затоа што беа луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Тие луѓе кои што посегнаа по тоа да физички се пресметаат со младите деца кои повторно ќе кажам, ја говореа вистината.

Упатувам порака, децата не се сами. Не беа сами синќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ниту утре. Ова е знак дека власта е исплашена. Исплашена е заради тоа што излегува вистината за загадената вода, излегува вистината за економијата, излегува вистината за Европа, излегува вистината за тоа дека сега сме слепо црево на Европа.

Доаѓа време на правда и вистина. И ќе одговараат. Ќе одговараат за сите криминали, а најмногу за тоа што посегнаа по децата поради тоа што единствено нешто што децата правеа ќе повторам по трет пат, ја говореа вистината.

Оваа власт нема да не замолчи. Ако ова е порака дека секој кој што мисли различно и кој што ја говори вистината, ќе биде замолчен и со него физички ќе се пресметат, упатувам јасна порака - нема да им успее. Доаѓа време на вистина и правда.

YouTube video

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Ново Село

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер