Герасимовски: Времеплов низ срцето на Скопје, запознајте ја историјата, културата и архитектурата на Центар - Канал 5

Герасимовски: Времеплов низ срцето на Скопје, запознајте ја историјата, културата и архитектурата на Центар

Општина Центар ги поканува сите заинтересирани граѓани на  бесплатна тематската прошетка  „Времеплов низ Центар,  историја, култура и архитектура“, која ќе се одржи на 24 јуни (среда),  од  18:00 до 20:00 часот.

Герасимовски: Времеплов низ срцето на Скопје, запознајте ја  историјата, културата и архитектурата на Центар

Собирно место е на улица „Македонија“, пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, од каде ќе започне прошетката низ богатото историско, културно и архитектонско наследство на централното градско подрачје.

Водичи на турата ќе бидат Димитар Таневски и Антонио Павловски , а посетителите преку интересни факти и приказни ќе се запознаат со минатото на Центар од еден нов агол.

„Придружете ни се на уште една прошетка низ повеќе локации кои се наше секодневие, но толку малку знаеме за нив. Ова е прилика да откриете што е тоа што го прави нашиот град единствен и уникатен“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Маршутата опфаќа препознатливи обележја , меѓу кои Градскиот трговски центар, Камениот мост, Кејот на Вардар, Даут Пашин Амам и многу други значајни историски и архитектонски знаменитости.

Посетителите ќе имаат можност да слушнат за личности, настани и објекти кои оставиле траен белег врз развојот на градот, како и да откријат детали што често остануваат незабележани во секојдневниот урбан ритам.

Турата е бесплатна и е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сопругата на Синиша Михајловиќ, Аријана се соблече во бикини

Сопругата на легендарниот фудбалер, Синиша Михајловиќ, убавата Аријана се соблече во бикини и ги покажа своите облини. 

Фото: Сопругата на Синиша Михајловиќ, Аријана се соблече во бикини

Аријана Михајловиќ, сопругата на починатата светска фудбалска легенда Синиша Михајловиќ, зачекори во шестата деценија од животот, но според нејзиниот изглед, никој не би помислил дека убавата Италијанка има толку години.

Иако е мајка на пет деца, таа има фигура на која ѝ завидуваат и двојно помлади припаднички на понежниот пол.

Сега им одржа лекција на многу помлади дами со најновите фотографии од јахта.

Аријана позираше во издание за на плажа кое малку остави на имагинацијата. Атрактивната бринета ги истакна своите облини, а нејзиното разголено издание не помина незабележано.

Како Италијанка, Аријана се води од животна филозофија што не признава строги ограничувања: „Аријана е Италијанка која сака да јаде, ужива во животот и не признава никакви ограничувања“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожар

Познатиот актер, холивудската ѕвезда Џорџ Клуни бил принуден да го напушти домот со сопругата Амал и близнаците.

Џорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожар

Франција со денови се бори со разорни пожари што беснеат долж јужниот брег, поради што беше неопходна евакуација на стотици илјади луѓе, меѓу кои и Џорџ и Амал Клуни.

Тие побегнаа од пожарот заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег.

Претставник на семејството на Џорџ Клуни потврди дека тие преку писмо го известиле градоначалникот на Брижол, Дидие, за евакуацијата.

– Драг Дидие, во овој момент немаме претстава дали нашиот прекрасен дом ќе ги преживее овие страшни моменти – наведоа тие во писмото.

Тие изјавија дека се надеваат оти сите нивни сограѓани се безбедни и нагласија дека се поврзани со локалната заедница. Џорџ Клуни, кој заедно со своето семејство доби француско државјанство кон крајот на 2025 година, оваа година се најде на листата на 500-те најбогати луѓе во Франција, благодарение на својата актерска кариера, но пред сè на своите деловни потфати.

– Амал и јас сакаме да кажеме дека, без оглед на тоа што ќе се случи со нашето село, ќе останеме дел од оваа заедница и ќе учествуваме во нејзината обнова. Ги сакаме Брижол и нашите пријатели што живеат таму – напишаа тие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено кои половни автомобили се продаваат најбрзо!?

Според најновиот извештај на „Индиката“ (Indicata) – компанија специјализирана за анализа на пазарот на возила – побарувачката за половни автомобили стари меѓу три и четири години моментално ја надминува понудата. 

Откриено кои половни автомобили се продаваат најбрзо!?

Оваа категорија учествува со речиси 26 проценти во вкупната продажба на половни автомобили, но претставува само 22 проценти од вкупната понуда, што потврдува дека купувачите првенствено бараат возила кои нудат добар баланс меѓу цената, староста и модерните карактеристики.

Дин Мерит, менаџер за стратегија за малопродажба во „Indicata“, истакна дека возилата стари од три до четири години претставуваат идеален компромис меѓу вредноста и квалитетот, бидејќи нудат модерни безбедносни системи и технологии по значително пониска цена од речиси новите автомобили.

Иако продажбата на половни електрични возила постепено расте, автомобилите на бензин продолжуваат да доминираат на пазарот, учествувајќи со околу 43 отсто од вкупната продажба, благодарение на стабилната побарувачка и довербата на купувачите во однос на долгорочните трошоци за експлоатација.

Аналитичарите забележуваат дека понудата на половни автомобили на бензин ќе продолжи да опаѓа како што се зголемува бројот на електрифицирани модели на пазарот, но нивните цени засега остануваат стабилни токму поради постојаната побарувачка, пренесува „BodyShopMag“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер