Герасимовски: Вложуваме во младите практиканти, создаваме професионални кадри за развој на Центар - Канал 5

Герасимовски: Вложуваме во младите практиканти, создаваме професионални кадри за развој на Центар

Платата на младите практиканти во Општина Центар изнесува 15.000 денари, а ангажманот трае шест месеци со шестчасовно работно време.

Герасимовски: Вложуваме во младите практиканти, создаваме професионални кадри за развој на Центар

„Платеното практикантство е одличен проект, користен за младите, но и за општината. Во моментот имаме седум практиканти во повеќе сектори, кои покрај теоретското знаење од факултетот, стекнуваат и практично искуство кое може да им отвори пат кон нови вработувања. Младите носат нова динамика и енергија, која внесува свежа перспектива и креативни идеи и затоа нивниот придонес е секогаш значаен,“ рече градоначалникот Горан Герасимовски на средбата со Миа Ивановска, студентка на ФИНКИ и практикантка во локалната самоуправа.

Тој истакна дека платата на младите практиканти во Општина Центар изнесува 15.000 денари, а ангажманот трае шест месеци со шестчасовно работно време.

„Студентите и апсолвентите имаат можност да работат и да студираат истовремено, а по завршувањето на ангажманот добиваат потврда за завршена практикантска работа, која им е потребна за завршување на факултетот,“ посочи Герасимовски.

Младите центарци можат да користат и субвенции за полагање возачки испит, со финансиска поддршка од 10.000 денари за сите кои годинава наполниле 18 односно 19 години.

Герасимовски најави дека во новата програма се обезбедува поддршка и за „НЕЕТ“ младите, кои не се вклучени во образование, вработување или обуки (Not in Education, Employment or Training).

„За нив ќе обезбедиме доедукација, обуки и волонтерски ангажмани со цел да стекнат нови знаења и вештини и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот на труд. Дополнително, во соработка со партнерски организации, ќе им отвораме можности за поддршка при вработување и практикантство,“ рече Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер