Герасимовски: Услугата „Итно копче“ позитивно оценет од центарци - Канал 5

Герасимовски: Услугата „Итно копче“ позитивно оценет од центарци

Услугата „Итно копче“ позитивно оценет од центарци, соработката со Црвениот крст сѐ повеќе се зајакнува.

Герасимовски: Услугата „Итно копче“ позитивно оценет од центарци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на Свечената Академија по повод 80 години од основањето на Црвениот крст на Македонија.

Герасимовски, потенцира дека во изминатите години, во соработка со Црвениот крст се подобри квалитетот на живот на центарци.

„Проектите ‘Итно копче’, бесплатниот транспорт на лица со попречености, редовните крводарителни акции и едукациите за прва помош во училиштата и градинките се позитивно оценети од жителите на Центар. Горд сум што нашата соработка сѐ повеќе се зајакнува и продолжуваме заеднички да ја подобруваме заедницата и да помагаме на луѓето. Центар продолжува да биде општина на солидарноста и на хуманоста. Нека е честит 80 годишниот јубилеј од основањето на Црвениот крст!”, истакна Герасимовски.

Општина Центар

Се преврте автобус полн со ученици во Англија, спасувачите на терен

Вонредна состојба е прогласена откако автобус што превезувал деца на училишна екскурзија се преврте во близина на Мајнхед, Сомерсет.

Се преврте автобус полн со ученици во Англија, спасувачите на терен

Службите за итни случаи реагираат на несреќата на патот А396 Каткомб Хил, помеѓу Веден Крос и Тимберкомб, соопшти полицијата на Ејвон и Сомерсет, објави Скај њуз.

Неколку лица се повредени и однесени во болница.

Автобусот, кој превезувал помеѓу 60 и 70 лица, излетал од патот околу 15 часот по локално време. Се движел кон основното училиште Мајнхед.

Полицијата соопшти дека повеќето патници биле евакуирани од автобусот и однесени во прифатен центар.

Противпожарната и спасувачка служба на Девон и Сомерсет работи на ослободување на преостанатите патници, додека Службата за брза помош на Југозападна Англија исто така била на местото на настанот.

Питер Прајор-Сенки, директор на автобуската компанија Ридлерс, изјави за Скај њуз дека бил „информиран за инцидентот во кој учествувало едно од нашите возила со 70 седишта околу 15:15 часот“.

„Оттогаш сме во контакт со училиштето и службите за итни случаи, додека се обидуваме да го разбереме обемот на инцидентот“, рече тој.

„Секој во Ридлерс, секако, е длабоко загрижен и нетрпелив да слушне повеќе - особено во врска со состојбата на возачот и патниците.“

„Додека чекаме дополнителни информации од полицијата и другите служби за итни случаи, нашите мисли се секако со учениците и нашиот возач. Ќе направиме сè што можеме за да откриеме точно што се случило.“

Полицијата од Ејвон и Сомерсет соопшти дека „работи со училиштето“ за да им помогне на патниците, кои веќе се евакуирани од автобусот, да се вратат кај своите семејства што е можно поскоро.

„Полициските службеници се во училиштето за да помогнат во овој процес и би ги замолиле сите родители да се упатат таму“, соопшти полицијата.

Автопатот А396 останува затворен, а на жителите им се советува да ја избегнуваат областа.

Во објава на X Network, локалната пратеничка Рејчел Гилмор напиша: „Слушнав за вознемирувачки сообраќаен инцидент во областа Веден Крос попладнево. Службите за итни случаи се на лице место, ве молиме да им дозволите простор да работат. Моите мисли се со сите вклучени во овој инцидент.“

Николоски: Договорот со Обединетото Кралство целосно ќе ја трансформира Македонија

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваше на трибината која се одржува во општина Гевгелија на тема „Инфраструктурен бум - Ги градиме темелите на промените“. 

Николоски: Договорот со Обединетото Кралство целосно ќе ја трансформира Македонија

Николоски во своето обраќање се осврна на Договорот со Обединетото Кралство, и посочи дека ова е нешто што прво, ќе ја трансформира Македонија, а второ Македонија со овој договор се позиционира рамо до рамо со, како што рече тој, втората светска сила во моментов. Николоски стави акцент и на економскиот аспект и бенефитите за Македонија и за граѓаните.

,,Прво е лична мотивација. Јас кога се нафатив минатата година на овој предизвик бев силно мотивиран да направиме работи кои што ќе останат позади нас, но и работи кои што ќе останат за генерациите коишто ќе не паметат и коишто ќе не споделуваат што се она се правело“, рече Николоски.

Според Николоски, Македонија мора да направи голем чекор напред со цел да биде рамо до рамо со најразвиените држави во Европа.

„Ние мора да направиме гигантски чекор напред ако сакаме Македонија да ја однесеме рамо до рамо со најразвиените европски држави и имаме уникатна можност да го направиме тоа затоа што сме мала држава, но во исто време имаме вреден народ, чесен народ и со добра организација се постигнуваат овие резултати“, рече Николоски и додаде: ,,Од една страна мора да сте многу подготвен за да станете рамо до рамо со најразвиената држава во Европа и втората светска сила во моментов“.

Николоски истакна дека Македонија е првата држава во Европа која има потпишано ваков договор, и реферираше на Договорот со Обединетото Кралство, а додаде и дека министерот за надворешни работи денес веќе го надгради тој договор.

,,Тоа според мене е значајно политички аспект, затоа што како што кажав, втората светска сила става свој печат во Македонија и тоа се трајни работи. Затоа што кога водите битки надвор, кога се бориме за македонскиот национален идентитет, за македонскиот јазик, за македонскиот народ, кога сакаме да е почитувана македонската историја и култура, многу е полесно кога имате голема светска сила позади себе“, кажа Николоски.

Николоски го спомена и економскиот аспект во контекст на Договорот со Обединетото Кралство: ,,Потпишавме договор каде што Велика Британија гарантира со својот кредитен рејтинг, којшто е највисок кредитен рејтинг, којшто може да се добие за Македонија и тоа го прави во една рамка од 5 милијарди фунти односно шест милијарди евра што целосно можат да ја трансформираат Македонија“.

Николоски потенцираше дека првиот проект е веќе во фаза на реализација и веќе има понуди од 16 врвни светски банки.

,,Тоа е брзата пруга, која што секако ќе поминува и низ Гевгелија, Гевгелија-Солун ќе е околу 30 минути, Гевгелија-Скопје ќе е некаде околу час, час и десет. Центар во центар. Така што тоа е нешто што целосно ќе ја трансформира Македонија“, заклучи Николоски, се наведува во партиското соопштение.

СДСМ: Македонската економија тоне, Мицкоски фантазира за четврта економија во Европа

Во држава во која повеќе од 55% од населението не може да си обезбеди годишен одмор од 7 дена, според последните истражувања на репрезентативниот Синдикат, Мицкоски зборува за четврта економија во светот, пред онаа на Исланд, Ирска, Данска и Норвешка.

СДСМ: Македонската економија тоне, Мицкоски фантазира за четврта економија во Европа

Македонија се соочува со економски и енергетски колапс.

Во моментов граѓаните се соочуваат со инфлација која ги јаде домашните буџети, земјоделците се жалат на катастрофални откупни цени, недостасуваат субвенциите, а оние кои се исплатени се намалени за речиси половина.

Домашното индустриско производство пропаѓа, еден од најголемите рудници во земјава „Тораница“ е пред затварање, не работи РЕК Битола, празни се хидроенергетските капацитети.

Истовремено, капиталните инвестиции во земјава се на историски најниско ниво од 26% во третиот квартал, и нема изгледи дека ќе се зголемат и во четвртиот квартал. И иако нема капитални инвестиции и проекти, пари на трезорска сметка нема.

Не се враќа ниту ДДВ на даночните обврзници.

Истовремено, Мицкоски се луксузира како османлиски бег, додека ја задолжува државата за 8 милијарди евра, а лаже дека „немало дополнителни задолжувања“.

Македонија е пред сериозен колапс, Мицкоски го знае тоа и гледа да приграби што повеќе може додека го лаже народот, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер