Герасимовски: Традиционалниот пролетен атлетски крос ги обедини основците од Центар - Канал 5

Герасимовски: Традиционалниот пролетен атлетски крос ги обедини основците од Центар

Општина Центар информира дека денеска, на Кејот на реката Вардар, се одржа традиционалниот пролетен атлетски крос, на кој учество зедоа ученици од VI до IX одделение од сите општински основни училишта на територија на Центар.

Герасимовски: Традиционалниот пролетен атлетски крос ги обедини основците од Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека традицијата продолжува и задоволен е што од година во година сè повеќе ученици земаат учество.

„Овие настани не само што промовираат здрави навики, туку и го зајакнуваат другарството и спортскиот дух кај младите генерации. Најуспешните ученици беа наградени со медали, дипломи и награди. Им честитам на сите учесници и победници, продолжуваме да ги поддржуваме спортските активности за младите како дел од својата заложба за здрав и активен живот“, вели Герасимовски.

Листа на наградени ученици на Атлетскиот крос – Центар 2025 се:

Прва група: VI и VII одделение – девојки (300 метри)

1 место: Лана Кесиќ – ООУ „Киро Глигоров”

2 место: Теодора Колческа – ООУ „Димитар Миладинов”

3 место: Далија Реџепи – ООУ „Св. Кирил и Методиј”

Втора група: VI и VII одделение – момчиња (400 метри)

1 место: Адам Османовски – ООУ „11 Октомври”

2 место: Максим Малјановски Арнаудовски – ООУ „Димитар Миладинов”

3 место: Марко Ничевски – ООУ „Ј.Х.Песталоци”

Трета група: VIII и IX одделение – девојки (500 метри)

1 место: Марта Димковска – ООУ „Димитар Миладинов”

2 место: Ина Прчоска – ООУ „Димитар Миладинов”

3 место: Катја Самојленко – ООУ „Ј.Х.Песталоци”

Четврта група: VIII и IX одделение – момчиња (600 метри)

1 место: Петар Наневски – ООУ „Гоце Делчев”

2 место: Грегор Јошев – ООУ „Димитар Миладинов”

3 место: Матеј Петредки – ООУ „Св. Кирил и Методиј”

Со почит,

Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд

СДС се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. 

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд

Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата.

Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па се чувствуваат како опозиција оти не се присутни во реалноста во која се опозиција, па се разголија сега и кажаа дека се себедефинираат како талог, а талогот секогаш паѓа на дно.

Ги направија сите национални предавства, а јасно зборуваат и сега дека веднаш би направиле нова отстапка и ново национално предавство, ако цената е права. Затоа зависат од секого и се лојални на секого, само не на сопствениот народ.

И јасно е одамна дека СДС е партија која делува спротивно на националните интереси и е лојална на надворешни влијанија, и затоа се самодефинираат и пронаоѓаат како талог.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско  лето“.

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско лето“.

Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“. Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓањето (1926-2012).

Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковски се истакнати музички педагози и публицисти, добитници на повеќе награди од областа на културата, публицистиката и педагогијата, со свој значаен влог во полето на македонското музичко книгоиздателство. Од нивната повеќегодишна соработка, досега се произлезени книгите „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при МНТ“ (2018) и „Милка Ефтимова – Моето богатство“ (2020).

Роденденскиот концерт на Мајан Лихт и пијанистот Виницки ќе се одржи во „Света Софија“ од 21 часот.

Добитникот на наградата „Најдобар дебитант“ на Оперските награди во Брисел во 2025 година, Мајан Лихт, се смета за еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата. Нарекуван „модерен Фаринели“, Лихт ја освојува светската сцена изведувајќи улоги кои ретко кој може да ги пее комбинирајќи вокална виртуозност со емотивна длабочина. Покрај неговата кариера, тој е интернет-феномен со стотици илјади следбеници на социјалните мрежи и милионски број прегледи на неговите видеа онлајн, со тоа тој директно придонесува кон доближување на оперската уметност кон новата публика насекаде низ светот.

Оваа сезона, Мајан Лихт ќе дебитира во Холандската национална опера во Амстердам во улогата на Ра во премиерата на „Реквием за Мариза“ од Мерич Артач, ќе ја толкува главната улога во операта „Александар во Индија“ во Театер ан дер Виен, а ќе настапи како Нероне во „Крунисувањето на Попеја“ во Театарот „Понкиели“, како дел од фестивалот посветен на Монтеверди.

Пшемек Виницки е полски пијанист, добитник на бројни награди на меѓународни натпревари во Полска и низ светот. Во 2022 година дебитира во Берлинската филхармонија изведувајќи го „Варшавскиот“ концерт од Ричард Адинсел.

Во 2022 година дипломира на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Добитник е на прва награда на натпреварот ЕПТА во Србија во 2021 година и на втора награда на Меѓународниот натпревар во Исхија во Италија во 2015 година. Се закитува со Гран при на Меѓународниот натпревар на наставници по музика во Варшава во 2013 година, прва награда на натпреварот „Шопен-Рим“ (2011), а истата година е финалист на натпреварите „Моњушко“ во Минск и на натпреварот „Јамаха“ во Полска.

Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително Националниот оркестар на Белорусија и оркестарот на Летната академија во Рајхенау (Австрија), како и со филхармониските оркестри во Краков, Жешув и Лоѓ. Има снимено ЦД со клавирски концерт на Моцарт и соработува со РМФ Класик, од 2014 година е добитник на стипендија на Фондацијата „КЛЕР“. Редовно настапува низ Европа и низ светот, со концерти во САД, Франција, Шведска, Шпанија, Германија, Белорусија, Австрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон во преполна плажа – соопштија руските власти

Беспилотно летало погоди прометна плажа на Црното Море во јужна Русија, при што загинаа седум лица, меѓу кои и три деца, соопштија локалните власти.

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон во преполна плажа – соопштија руските власти

Вкупниот број на повредени достигна 40, а 17 лица се однесени во болница, Русија ја обвини Украина за „намерен напад врз цивили“. Украина не даде коментар. Не е јасно што целел дронот. Некои украински канали на Телеграм тврдат дека се урнал на плажата како резултат на електронско војување кое го попречило сигналот на дронот. Несреќата се случила на плажа во близина на селото Архипо-Осиповка на Црното Море. Со својата топла клима, долги плажи и развиена туристичка инфраструктура, таа е популарна дестинација за одмор за русите, особено откако санкциите ги ограничија меѓународните патувања за многумина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер