1СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски: Службени тајни завршиле во ВМРО-ОКГ
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
2Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
КошаркаГерасимовски: Со новото раководство на КК „Работнички" влегуваме во нови подвизи и успесиГрадоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска беше домаќин на новиот извршен директор на КК „Работнички" Горан Веселиновски и новиот претседател на Одборот на директори и поранешен кошаркар, Ненад Атанасов.-На Веселиновски и на новото раководство им посакувам успех и добри резултати во иднина, а јас и Општина Центар, како и досега, ќе даваме поддршка и заедно со сите центарци, ќе го вратиме КК „Работнички" на старите победнички патеки, изјави по средбата градоначалникот Герасимовски. Новиот директор Веселиновски од 1998 година беше капитен на КК „Работнички", а во својата 14-годишна професионална кариера, само две сезони не го носеше дресот на „Работнички". -По резултатската криза која извесно време го имаше зафатено најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, новото раководство, со поддршка на Општина Центар, има за цел д го врати КК „Работнички" на местото каде што припаѓа – во врвот на македонската кошарка, се наведува во соопштението од Општина Центар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаСДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски: Службени тајни завршиле во ВМРО-ОКГ Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо.Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР. Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека ќе ги замолчат. ВМРО-ОКГ на прес-конференција објави доверливи податоци од документи од Полициската станица Струмица. Докуметни и податоци до кои немаат право на пристап и кои се водени како службена тајна. А тоа е ново кривично дело. Мислеа дека ќе се спасат? Се излажаа. СДСМ денеска поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал. 1.Против полициски службеници во СВР Струмица за повеќе дела: -Злоупотреба на службената положба и овластување, со пристап кон казнената евиденција и извлекување на доверливи документи кои биле дадени и завршиле во ВМРО. -Оддавање службена тајна (Член 360 од КЗ), затоа што податоците од казнената евиденција претставуваат класифицирана информација и службена тајна а завршиле во ВМРО. -Злоупотреба на лични податоци (член 149), затоа што овозможиле податоци од посебна категорија (казнена евиденција) да бидат искористени за партиски цели на ВМРО-ОКГ, сосема различна од онаа за која се прибрани. 2.Понатаму, кривична пријава и против Валентин Манасиевски од ВМРО-ОКГ за: -Злоупотреба на лични податоци. Бидејќи без никаков законски основ, јавно презентираше и соопшти податоци од казнената евиденција преку средства за јавно информирање. -Поттикнување (член 23 од КЗ) поради основано сомнение дека самостојно или преку посредници, со умисла ги поттикнал првопријавените да ги извршат кривичните дела злоупотреба на службената положба и оддавање службена тајна. Тоа го сторил со цел да му ги обезбедат предметните доверливи податоци за потребите на неговиот јавен настап. Сега Јавното обвинителство е на потег. За прекршување на законите мора да има одговроност! Криминалната ВМРО погреши што дигна рака на младите и прати насилници да ги тепаат. Погрешија што направија уште едно кривично дело со злоупотреба на доверливи документи и податоци. Нема да се спасат, сите ќе одговараат! Прес-конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар Ги нападнаа младите во Ново Село, па злоупотребија податоци - СДСМ поднесе кривична пријава Власта ги штити насилниците, а Јавното обвинителство и МВР молчат за нападот на младите во Ново Село и злоупотребата на податоци, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес-конференција. СДСМ денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал поради злоупотреба на доверливи податоци. „Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо. Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР.“ рече Димитријевиќ. Димитријевиќ посочи дека младите активисти прво беа физички нападнати, а потоа беа предмет и на јавни напади преку лаги и конструкции. „Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека ќе ги замолчат.“ рече Димитријевиќ. Ккривична пријава како што посочи Димитријевиќ, е против полициски службеници во СВР Струмица за повеќе дела. „Против полициски службеници во СВР Струмица за повеќе дела: Злоупотреба на службената положба и овластување, со пристап кон казнената евиденција и извлекување на доверливи документи кои биле дадени и завршиле во ВМРО. Оддавање службена тајна (Член 360 од КЗ), затоа што податоците од казнената евиденција претставуваат класифицирана информација и службена тајна а завршиле во ВМРО. Злоупотреба на лични податоци (член 149), затоа што овозможиле податоци од посебна категорија (казнена евиденција) да бидат искористени за партиски цели на ВМРО-ОКГ, сосема различна од онаа за која се прибрани“, рече Димитријевиќ. Тој додаде дека СДСМ пондесе кривична пријава и против Валентин Манасиевски од ВМРО-ОКГ за злоупотреба на лични податоци. „Бидејќи без никаков законски основ, јавно презентираше и соопшти податоци од казнената евиденција преку средства за јавно информирање. Поттикнување (член 23 од КЗ) поради основано сомнение дека самостојно или преку посредници, со умисла ги поттикнал првопријавените да ги извршат кривичните дела злоупотреба на службената положба и оддавање службена тајна. Тоа го сторил со цел да му ги обезбедат предметните доверливи податоци за потребите на неговиот јавен настап“, рече Димитријевиќ. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
РакометMладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во СплитГрадоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска ги прими младите ракометарки од училишната екипа „АСТРА“ при ООУ „Тихомир Милошевски“, кои остварија извонреден успех на Спортските игри за млади - „Плазма“, освојувајќи го првотоСо овој резултат, младите спортистки од Ѓорче Петров се изборија за учество на меѓународното финале во Сплит, каде што ќе ја претставуваат Македонија и ќе се натпреваруваат со свои врсници од земјите од регионот. На средбата, градоначалникот им честиташе на ракометарките за постигнатиот успех и им посака успешен настап на претстојното меѓународно натпреварување. -Овие девојки се најдобри во Македонија и се вистинска гордост за Ѓорче Петров. Зад нивниот успех стојат многу труд, дисциплина, спортски дух и посветеност. Убеден сум дека достоинствено ќе ги бранат боите на своето училиште, нашата општина и Македонија и на меѓународното финале во Сплит. Општина Ѓорче Петров ќе продолжи силно да ги поддржува младите, училишниот спорт и создавањето услови за нови генерации шампиони - рече Стојкоски на средбата. Посебни честитки беа упатени и до наставничката и ментор Мирјана Гошевска, како и до сите наставници, тренери и родители кои со својата поддршка придонесуваат за развојот и успесите на младите спортисти. Спортските игри за млади „Плазма“ претставуваат една од најголемите аматерски спортски манифестации за деца и млади во регионот, а пласманот на ракометарките од Ѓорче Петров на меѓународното финале е уште една потврда за квалитетот и потенцијалот на младите спортисти од општината. Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано вложување во спортската инфраструктура, училишниот спорт и поддршката на младите таленти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
КултураМакедонски уметник и хуманист Цветин изработи 35 метарска мироцветна патекаЖивко Поповски – Цветин, македонски уметник и хуманист, изработи 35 метарска мироцветна патека по повод три и пол децении македонска независност. Оваа цветна патека, според него, претставува Симбол на мирољубивиот македонски народ и сите народности кои живеат во Македонија. „Во сите овие триесет и пет години, како македонски народ, покажавме и докажавме дека чекориме по цветната патека на мирот. Ние сме мирољубив народ, кој создава дополнителна вредност, се грижи за своето утре, кроток по природа. Нека ни е честито одбележувањето на независноста и да славиме уште многу вакви јубилејни денови. Оваа патека ја посветувам на граѓаните на Македонија со апел да продолжат да се грижат и да работат на остварување на мир во светот“, вели Поповски – Цветин. Мироцветната патека ќе се промовира на улица „Македонија“, во училишта, здруженија на граѓани, на промоции на книги и други настани, секако проследена со поезија, песна и музика. Живко Поповски – Цветин е уметник сликар и хуманист и кандидат за Нобеловата награда за мир. Во македонската и пошироката светска јавност е познат и почитуван по неговата хумана акција – мисијата Цвеќето на мирот. Во Македонија и во странство има реализирано повеќе од 300 изложби. Во изминатите години творештво тој подарил повеќе од 70.000 слики, кои се наоѓаат во домовите на претседатели на држави, парламентарци, уметници, поети, музичари, спортисти и на многу институции и поединци кои зрачат со позитивна енергија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00