Герасимовски со легендите на Работнички: Салата ќе го носи името на Лазар Лечиќ - Канал 5

Герасимовски со легендите на Работнички: Салата ќе го носи името на Лазар Лечиќ

​Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со ветераните на македонската кошарка: Драган Радосављевиќ, Ристо Ѓорчевски, Томе Димишковски и Огнен Герасимовски – во „Апче“, во срцето на Дебар Маало.

Герасимовски со легендите на Работнички: Салата ќе го носи името на Лазар Лечиќ

На средбата се разговараше за славните денови на Работнички, сегашните состојби и иднината на клубот.

Герасимовски предложи реконструираната сала да го носи името на Лазар Лечиќ, творецот на македонската професионална кошарка, под чие водство Работнички ги освои титулите во 1963 и 1964 година и се пресели во Првата сојузна лига.

Ветераните едногласно го поддржаа предлогот. „Лазар Лечиќ заслужува да биде дел од историјата на салата , тој беше човекот кој не научи да играме со срце и тимски дух, “ пораачаа поранешните кошаркари.

Герасимовски ги информираше ветераните дека во рамки на реконструкцијата на салата на Работнички ќе се предвиди и одвоен простор – ложа наменета токму за нив.

„Салата ќе има своја ложа за ветераните, за да имате свое место кога ќе доаѓате и ќе нè посетувате на тренинзите и натпреварите. Откако ќе ја завршиме реконструкцијата, ќе ве информираме навреме за секој настан и натпревар – ќе ни биде голема чест да бидете со нас и да ја споделите енергијата со младите генерации,“ рече градоначалникот.

Градоначалникот посочи дека реконструкција на салата се реализира со забрзано темпо. Со бетонирање на подлогата, отпочна втората фаза на градежните активности што предвидува целосна обнова и проширување на теренот, поставување нова еластична подлога според ФИБА стандардите, обновување на гледалиштето со нови седишта, реконструкција на соблекувалните и туш кабините, како и поставување на климатизација и подно греење.

Со почит,

Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски игри за младите, „Ден на спортот“ денеска во Битола

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржа манифестацијата „Ден на спортот“, која се реализира во рамките на програмата „Спортски игри за младите“

Спортски игри за младите, „Ден на спортот“ денеска во Битола

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржа манифестацијата „Ден на спортот“, која се реализира во рамките на програмата „Спортски игри за младите“ – најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа со повеќе од 29 години традиција.

Настанот е наменет за ученици од основните училишта и има за цел да ги промовира масовното и бесплатното учество во спортот, инклузивноста, родовата еднаквост, здравите животни навики и фер-плејот.

Во текот на денот учениците се натпреваруваа во „народна“, атлетика – трчање на 60 метри, како и во повеќе други спортски дисциплини.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање истакна дека локалната самоуправа останува посветен поддржувач на младите, спортот и физичката активност.

„Општина Битола е една од општините која најмногу вложува во спортската училишна инфраструктура. Речиси и да нема училиште во кое не се реконструираат или изградени нови спортски терени, а во дел од училиштата се градат и современи типски спортски сали. Во завршна фаза е и изградбата на затворениот пливачки базен во ОУ „Даме Груев“, а континуирано инвестираме и во спортска опрема за наставата по физичко и здравствено образование“, рече Коњановски.

Тој нагласи дека ваквите манифестации имаат големо значење за поттикнување на младите кон активен и здрав начин на живот.

„Спортските игри за младите“ според бројот на учесници претставуваат најголем аматерски спортски настан во Европа и се реализираат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија, УЕФА и ФИДЕ.

Во рамките на програмата се одржува и „Кока-Кола Куп“, најголемиот малоклупски фудбалски турнир во Европа, кој годинава се организира по дванаесетти пат.

На настанот присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, како и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес присуствуваше на Министерската конференција во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), што се одржа во Софија, Република Бугарија.

Хоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвици

Конференцијата беше посветена на зајакнување на регионалната соработка во областа на климатските политики, заштитата на животната средина и одржливиот развој. На настанот учествуваа високи претставници од земјите од регионот, како и Џесика Росвал, еврокомесарка за животна средина, отпорност на водните ресурси и конкурентна циркуларна економија.

Во рамки на конференцијата беа разменети ставови за унапредување на регионалната соработка, спроведување на зелената агенда и забрзување на процесите на усогласување со европските стандарди во областа на животната средина и климатските политики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дојде до Компромисните амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за Македонија

Канал 5 екслузивно дојде до Компромисни амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за Македонија.

Канал 5 дојде до Компромисните амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за Македонија

Спроведување на Договорот со Бугарија, продолжување на работата на Историската комисија и потврда дека уставните измени остануваат главниот услов за отворање на првиот преговарачки кластер – ова се дел од најчувствителните пораки во компромисните амандмани на Европскиот парламент за извештајот за Македонија до кои дојде Канал 5.

. Значајно е тоа што меѓу нив никаде директно не се споменува амандманот на известувачот за земјава Томас Вајц кој побара разјаснување дали вториот билатерален протокол меѓу Македонија и Бугарија е дел од условите за отворање на првиот преговарачки кластер. Наместо, тоа, документот се повикува на Договорот со Бугарија и обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка на земјава. Во амандманите се наведува и дека постојат различни толкувања за историските карактеристики на македонското општество, но содржана е и формулација според која јазичниот, културниот и националниот идентитет не треба да влијаат врз пристапниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер