Мицкоски не гледа иницијатива за предвремени избори, СДСМ тврди дека власта подготвува сценарио со меѓуетнички тензии
2Мицкоски не гледа иницијатива за предвремени избори, СДСМ тврди дека власта подготвува сценарио со меѓуетнички тензии
1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
МакедонијаГерасимовски: Реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“ е во завршна фазаОпштина Центар е во завршна фаза со реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“, која до почетокот на новата учебна година ќе биде целосно обновена и подготвена за учениците.Во салата веќе се заменети светилките на плафонот, а старите фен-којлери се заменети со нови инвертер клима-уреди. Во тек се работите на електричната инсталација во гардеробите, стругањето и лакирањето на паркетот, замената на подот и вратите во гардеробите, како и молерско-фарбарските работи во целата сала и гардеробите. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека се користат последните денови пред почетокот на учебната година за да се завршат сите предвидени активности. „Имаме уште една недела до почетокот на новата учебна година и работиме за сè да биде завршено навреме. Салата во „Коле Неделковски“ е во завршна фаза и до 1 септември учениците ќе добијат целосно обновен и функционален простор за спорт. Во изминатиот период ги реконструиравме и спортските сали во ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „11 Октомври“. Продолжуваме да вложуваме во нашите училишта и да создаваме подобри услови за секое дете“, изјави Герасимовски. Со реконструкцијата на спортските сали, Општина Центар продолжува со подобрување на условите во основните училишта и создавање побезбедна и поквалитетна средина за учење, спорт и развој на учениците. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата размислува за повторно намалување на ДДВ-то кај гориватаОсвен намалените акцизи од 2 денари кај бенизните и 4 кај дизелот – Владата размислува за повторно намалување на ДДВ то кај горивата. Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, по последната одлука на Регулаторна со која дизелот надмина 100 денари за литар, иако не прецизираше кога точно би се донеле нови мерки во делот на нафтените деривати, вели како Влада имаат план и статегија како да делуваат во иднина. Според него Македонија останува земја со најниски цени на дериватите во регионот и пошироко а војната на Блискиот исток вели ќе потрае. „Имаме јасна стратегија јасен план. Според нашите анализи ова ќе потрае и може да потреа и неколку години оваа состојба што се случува во заливот. Вниматлено ги повлекуваме чекорите за да не ја нарушиме макроекономската состојба во државата а од друга страна да обезебдиме најниски цени на горива за граѓаните и индустријата во Македонија. Дизел горривото во Македонија е за половина евро по литар поевтино од тоа во Албанија, за 35 ценати поевтино од Србија, од 30 до 50 центи е повтино од сите земји во регионот.“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Од опозциската СДСМ ја обвинија владата дека не превзама ништо додека граѓаните се соочуваат со нов директен удар врз стандардот. Потпретседателката на партијата Јована Тренчевска вели поскапувањето на горивата неминовно ќе се прелее и врз другите цени. „Ценовниот бран сега ќе биде уште потежок затоа што половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци.... Во услови кога потрошувачката кошничка веќе достигна речиси 70.000 денари, а платите стагнираат, секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето е директен удар врз семејната трпеза. Поскапото гориво значи поскап транспорт, поскапо производство и на крајот – поскапа храна. “-Јована Тренчевска – потпретседателка на СДСМ Цените на нафтата на светските берзи постојано варираат, денеска нафтата од типот брент се тргува за 89 долари. Инаку светските експерти предупредија есенва не очекува поскапување на храната. Како главни причини ги споемнуваат војните, горештините и сушата кои создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Според познавачите привот удар би се почуствувал во селдните неколку месеци кај овошејто и зеленчукот а подоцна и кај лебот, тестенините и другата преработена храна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски не гледа иницијатива за предвремени избори, СДСМ тврди дека власта подготвува сценарио со меѓуетнички тензииПремиерот Христијан Мицкоски не гледа сериозна иницијатива кај опозицијата за предвремени парламентрни избори. И покрај тоа што Левица и ДУИ изразија подготвеност да се оди на избори во најкус можен рок, додека од СДСМ се со став дека тие нема да бидат алиби за избори, коментирајќи ги овие позиции Мицкоски изјави дека опозицијата тактизира за предвремени избори, а оваа Влада според него има мандат од граѓаните за да продолжи со реформите и проектите. Мицкоски ја коментираше и вчерашната изјава на Филипче, дека не се исти.. -Од она што можам да го видам од опозицијата станува збор за бледо тактизирање кога станува збор за предвремени избори или срамежливи изјави. Но тоа е што е. Нашиот мандат како Влада е 4 години и наш приоритет се граѓаните. /// Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. И точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски. Опозициската СДСМ и денеска излезе со обвинувања дека премиерот Христијан Мицкоски очајно бара алиби за предвремени избори кое според нив го подготвува со српски и руски служби за вештачко предизвикување на меѓуетнички тензии, откако, како што тврдат од СДСМ пропаднало сценариото со Бугарите, кои според нив требало да му служат како алиби до крајот на мандатот. - Откако пропадна тоа сценарио, сега јавноста, сакаме на ова да предупредиме, ќе биде сведок на ново сценарио. Сега нема да бидат главен аргумент противник наш, односно алиби за избори, Бугарите, туку ќе бидат, внимавајте, Албанците. Тоа сценарио не е само потребно на или за националистичката кампања на ВМРО, туку му е потребно и на Вучиќ. Вучиќ започнува со истите обвинувања, со истото сценарио, со истиот терк. Тоа е алиби којшто му го даваат руско-српските служби, изјави Жерновски од СДСМ. Според политичките аналитичари, предвремни избори годинава не се можни поради тоа што за последен пат ќе има 100 дена техничка влада, но оставаат простор за нивно одржување следната пролет. Како повод сметаат дека може да биде блокада на Собранието, внатрешна коалициска препирка во рамки на владечката коалиција или некаква надворешна политичка криза –како уставни измени или притисок од ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центарСоветот на општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата центар. На денешната седница, во тензична атмосфера сите девет советници едногласно се изјаснија против иницијативата според која дата центарот би се правел на пет парцели кои според достапните информации во Агенцијата за катастар се во атарот на селото Панчарево со површина од околу 30 декари и имаат двајца сопственици. Но инвеститорот не е објавен ниту пак други детали околу самиот проект. Да се тргне од дневен ред оваа иницијатива предложи и самиот градоначалник на Пехчево Александар Китаноски како што рече по силни реакции на граѓаните.. -Останувам на моето мислење и покрај тоа што има некои придобивки, можеби има некои штетни влијанија, по консултации ми кажуваат дека уредите ствараат буџава, но не сум запознаен. Моето мислење е, бидејќи поголем дел од граѓаните реагираа , таа иницијатива да се тргне од денецен ред и процедурата и постапката за иницијативата да заврши тука. – Александар Китански – Градоначалник на О. Пехчево Како точката се најде на дневен ред не е познато, но и петте советници на ВМРО-ДПМНЕ и опозициските предвоени од СДСМ претходно побараа да биде тргната. Пехчево на денешната седница присуствуваа И жители на кои сакаа и да се вклучат во расправата. Прашан за случувањата во Пехчево околу иницијативата за иградба на дата центар, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека станува збор за пријаватна иницијатива, која Владата генерално ја поддржува, доколку се почитуваат еколошките стандарди. -Тоа што беше во Општина Пехчево е приватна иницијатива, не е владина политика. Вештачката ителигенција и податоќните центри се замене новата нафта. Ако сега не го препознаеме тој момент и не обезбедиме услови со што нормално ќе биде заштитена и животната средина и грашаните, тогаш не можеме да обезбедиме долгорочен раст на држават и македонската економија. Апсолутно стојам позади тоа дека треба да се градат дата центри, се разбира соодветно на законот, да не настане нарушување на животната средина. Државата има ваква политика, конзистентна и ќе продолжи во таа насока, затоа тие што ја мразат Македонија и кои не скааат да се развива во оваа насока ќе продолжат за нивните грантови да растураат пердува. А наша цел е да продолжиме да се развива државата. И јас сум подготвен ако оваа политика е погрешна да ја платам политичката цена. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Лидерот на СДСМ Венко Филипче пак преку видео обраќање повика на национална мобилизација против, како што вели, ставањето на водата и струјата во функција на профити од дата-центри. -Во Пехчево на мала врата денеска се обидоа да протнат изградба на дата центар. Работат „под радарот“, како што кажаа и јавно. Под притисок на СДСМ, на советниците на СДСМ и на јавноста точката се повлече од дневен ред. Но тоа не значи дека власта се откажала од идејата. Затоа повикувам на национална мобилизација да спречиме водата и струјата да паднат во раце на профитери на грбот на народот. Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на граѓаните да ги продадат и да ги стават во функција на странски дата центри за сопствени тендерски профити. – Венко Филипче – Претседател на СДСМ Предлог – одлуката што беше повлечена, превдидуваше прифаќање на иницијатива за отпочнување на постапка за изработка на урбанистички план за формирање на градежна парцела за изградба на објект со намена– Градби за чување и складирање на дигитални податоци... Сопствениците досега во јавноста не објаснија што точно планираат да градат... Проектот се надоврзува на неодамнешните измени во Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, со кои дата центрите добија статус на градби од национално значење и е воведена забрзана постапка во која стручна ревизија и јавна анкета не се задолжителни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook