3По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаГерасимовски: Отчет за рекордни капитални инвестиции од 13 милиони евра, работевме транспарентно и посветено за центарциГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го презентираше отчетот за реализираните проекти во четиригодишниот мандат, изразувајќи задоволство што Центар денес е општина во која граѓаните се чувствуваат безбедно, достоинствено ...Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го презентираше отчетот за реализираните проекти во четиригодишниот мандат, изразувајќи задоволство што Центар денес е општина во која граѓаните се чувствуваат безбедно, достоинствено и почитувано. „Од самиот почеток се водев од лични и семејни вредности, чесност, труд, солидарност, дијалог и почитување,“ рече Герасимовски. Во изминатите четири години реализирани се рекордни капитални инвестиции од речиси 13 милиони евра, а долгот е намален за 65 проценти. Изградена е најубавата детска градинка во државата „Пролет“, со капацитет од над 170 деца, проект целосно финансиран од буџетот на општината, а во ООУ „Коле Неделковски“ се доградени шест нови кабинети и училници, со што е решен повеќедеценискиот проблем во тој дел од Центар. Обновени и изградени се детски игралишта, спортски терени и парк од 8.000 квадратни метри во Капиштец. Засадени се 2.000 нови садници, а просторот е збогатен со урбана опрема која обезбедува релаксација и хигиенски услови. Во тек е реконструкција на салата Работнички, рече Герасимовски, нагласувајќи дека во неговиот мандат посебен фокус е ставен врз унапредување и промоција на спортот во општината. „Ќе имаме сала по ФИБА стандарди, центарци ќе ги вратиме на трибините, а нашиот тим во својот дом, како што е и ред”, рече градоначалникот, истакнувајќи дека се работи за проект на кој со децении се чекаше некој да го направи. Во насока на енергетска ефикасност, заменети се 5.000 улични светилки со LED осветлување и воспоставена е смарт програма, а основано е и првото општинско претпријатие „Енергија Центар“, кое произведува струја од фотоволтаици за потребите на граѓаните. Дополнително, реконструирани се 24 улици, поставени се велосипедски патеки и паркинг-зони. Во културата, буџетот е зголемен од 3 на 13 милиони денари. Посебно внимание е посветено на пензионерите со финансиска поддршка, проектот „Центар се грижи за возрасните“ и бесплатни стоматолошки и офталмолошки услуги. Герасимовски најави дека во нов мандат ќе воведе бесплатни оброци за учениците од 1. до 4. одделение, ќе изгради дом за стари лица со субвенционирана цена, ќе ја зголеми помошта за пензионерите на 5.000 денари и ќе го возобнови Дебар Маало. Најави изградба на нова градинка во Центар, нешто што едногласно беше побарано од граѓаните. Во план е изградба на нова современа административно граѓанска општинска зграда, за која веќе има идејни решенија, а подготовките се во тек. Сето ова е реализирано отчетно и економично, внимавајќи на секој потрошен денар, потенцираше Герасимовски. „Работиме во интерес на граѓаните. Во Центар нема да има поделби и гола политика. Приоритет секогаш ми биле и ќе ми бидат нашите центарци. Да се издигнеме над политиката и да им се вратиме на човечките вредности. Продолжуваме уште посилно”, порача Герасимовски. Со почит, Општина ЦентарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаОбновен е рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади краповиЕден тон подмладок од крап денеска е пуштен во водите на Преспанското Езеро, со што рибниот фонд е дополнет со околу 7.000 млади единки добиени од икра на матици од самото езеро.Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино, за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година. „Со денешното порибување ја поддржуваме обновата на локалната популација на крап. Ќе продолжиме и во иднина да вложуваме во рибниот фонд и да го штитиме, на тој начин исполнувајќи ја нашата обврска за зачувување на биодиверзитетот на Преспенското Езеро“, истакнува министерот Борче Серафимовски. Инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство го следеа порибувањето, вршејќи контрола на вкупната тежина на подмладокот и бројот на единките пуштени во езерото. „Ќе ги засилиме контролите на Преспанското Езеро и ќе ја продолжиме соработката со риболовните здруженија за заштита на рибниот фонд преку навремено откривање и спречување на незаконскиот риболов“, нагласува директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителката Искра Хаџи Василева ја презеде функцијата прв човек на ОЈО ГОККОбвинителката Искра Хаџи Василева ја презеде функцијата прв човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, институција од која јавноста очекува конкретни резултати во борбата против високата корупција.Новата шефица сепак ќе се соочи со старите предизвици. Најавува поефикасен кривичен прогон и фокус на предметите од јавен интерес, но и борба за повеќе ресурси и подобри услови за работа. Доаѓа на чело на обвинителството во време кога Европската комисија повторно констатира дека нема напредок во борбата против корупцијата. -Свесна сум за одговорноста која ја налага моменталниот контекст и она што е наш повик и задача. Ќе се обидуваме да испорачаме, како да речам, поефикасен, директен кривичен прогон онаму каде што најмногу значи, ако можам така да се изразам — во предмети и во однос на работи кои навистина го засегаат јавниот интерес и кои навистина се интерес на сите нас, на граѓаните и на ова општество,- изјави – Искра Хаџи Василева – Основен ЈО на ОЈО ГОКК. На прашањето дали како нова шефица ќе побара дополнителни информации за случајот со Алта банка и ќе иницира соработка со српското обвинителство, Хаџи Василева не даде конкретен одговор. Вели дека обвинителството ги следи случувањата, но за да преземе чекори мора да располага со конкретни материјали и докази. Потенцира дека кривичната одговорност не може да се темели само на сомнежи и информации што се објавуваат во јавноста. -Дали ќе превземеме нешто зависи од она со кое во процесна смисла би располагале за да одиме обвинителски. Сакам оваа прилика да ја искористам — свесна сум дека нашето општество очекува премногу од Јавното обвинителство, очекува премногу од решенија, ако можам така да се изразам, на многу состојби низ јавнообвинителски одговор, низ кривично-правен прогон. Меѓутоа мора да бидеме свесни дека тоа не е така секогаш, тоа не е така ниту кај нас ниту било каде во светот. Кривичната одговорност за било која работа е највисока одговорност и подразбира степен на сомневање кој може да го докажете за било кое прашање, како и за ова, вон разумно сомневање,- изјави – Искра Хаџи Василева – Основен ЈО на ОЈО ГОКК. На функцијата Хаџи Василева доаѓа по изборите од 28 октомври, кога со мнозинство гласови од обвинителите ја доби довербата за нова шефица на ОЈО ГОКК. Таа го наследува Ислам Абази кој не побара втор мандат и се враќа на својата претходна позиција во Вишото јавно обвинителство во Гостивар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ По кривичните пријави од Народна банка за функционери на СДСМ, од партијата поднесоа кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица во НБРМ за случајот со Алта банка.. Од СДСМ бараат Јавното обвинителство да определи мерки на претпазливост за Славески и сите инволвирани, како и привремена забрана за вршење должноста за да се спречело влијание врз сведоци и можно уништување на документација. -Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година. „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353. Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката?, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. Лидерот на СДСМ Венко Филипче на социјалните мрежи напиша дека опозицијата нема да дозволи Мицкоски и Славески да го сокријат скандалот и да избегаат од одговорноста.. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираат за наводите на Филипче и СДСМ дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ оценувајќи ги како лажни и манипулативни. Според владејачката партија македонскиот регулатор и институции, немале никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка токму во Унијата. -Се што кажа СДС за Алта банка е лага. Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ. Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка. Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија. Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ, изјави Манасиевски. Се огласија и од ДУИ од каде бараат јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за наводите дека Владата на СДСМ и ДУИ во 2023 година побарала од Државното правобранителство да стапи во деловни односи со Алта банка Србија. Во спротивно, велат, ДУИ ќе ги преземе сите правни чекори и ќе поднесе тужби против оние што клеветеле. Државниот јавен обвинител Ненад Савески на вчерашната надзорна расправа во Собранието изјави дека обвинителството постапува во секоја ситуација кога ќе утврди постоење на кривично-правен настан, но не каќа дека не моќе да открие дали во случајот со „Алта банка“ е отворена предистражна постапка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter