3Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка
МакедонијаГерасимовски: Нови кошаркарски табли, детски реквизити, канти и клупи на повеќе локации во ЦентарОпштина Центар продолжува со уредување на јавниот простор и подобрување на условите за рекреација и игра на центарци. Во изминативе денови, поставени се нови детски реквизити и урбана опрема од канти и клупи на неколку локации низ општината.Во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се поставени нови детски реквизити, нови кошаркарски табли, клупи и канти, обезбедувајќи безбедно и пријатно катче за игра и спорт за учениците и децата од околината. Во населеното место Мало Курило е уредено детското игралиште со нови реквизити и опрема. Нови табли за баскет се поставени во населбата Пролет, на спортското игралиште кај Зеленото пазарче и на детското игралиште близу Градската болница кај поранешен Јукан, кадешто покрај кошаркарска табла поставени се и нови реквизити за игра. „Како локална самоуправа вложуваме во простори кои го поттикнуваат здравиот развој на децата и младите, но и создаваат услови за дружење и активен живот во заедницата. Со овие мали, но значајни интервенции, покажуваме дека грижата за секој дел од Центар е приоритет“, вели Герасимовски. Општина Центар останува посветена на создавање безбедни и модерни јавни површини кои ќе служат на центарци од сите генерации. Општина ЦентарТагови: Герасимовски Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче секојдневно бара Уставни измени, повеќе дури и од Бугарите Филипче испадна поголем Бугарин дури и од самите Бугари.На Филипче не му се слушаат пофалните зборови на Антонио Кошта во делот на Реформската агенда, како и добиените финансиски средства од Планот за раст, тој оди со главата во ѕид, работејќи во полза на бугарските власти и знае само за една реформа, а тоа е уставни измени. СДС важи за партија којашто низ историјата на независна Македонија, водела исклучиво погубни политики во делот на евроинтегративниот процес на државата. Од промена на знаме, име, Устав, до денес барањата на Филипче за редефинирање на историјата, јазикот, културата и идентитетот. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повеќе национални понижувања. Времето на отстапки и исполнување на туѓи агенди заврши. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСекси мајка: Дилет изгледа неверојатно по породувањетоЕдна од најибавите телевизиски водителки на светот, атрактивната Италијанка, Дилета Леота го официјализираше враќањето кон својот препознатлив провокативен изглед на својот Инстаграм профил. Нејзините следбеници беа изненадени и не можеа да поверуваат дека таа се врати во топ форма толку брзо по породувањето. Една од најибавите телевизиски водителки на светот, атрактивната Италијанка, Дилета Леота го официјализираше враќањето кон својот препознатлив провокативен изглед на својот Инстаграм профил. Италијанската спортска водителка се породи пред три недели и донесе син на свет. Таа веќе има ќерка со сопругот, германскиот голман Лорис Кариус. View this post on Instagram A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) Дилета, која многумина ја сметаат за една од најатрактивните жени во светот, објави фотографија на која лежи на кауч во црна облека. Носеше облека што личи на костим за капење. Нејзините следбеници беа изненадени и не можеа да поверуваат дека толку брзо се вратила во врвна форма по породувањето.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ирина Шајк зрачи со сексипилПознатата руска манекенка, Ирина Шајк, повторно ги излуди сите на социјалните мрежи. Како да не беше доволно нејзиното претходно појавување на Мет Гала кога се појави речиси гола и ви го одзеде здивот. View this post on Instagram A post shared by irina shayk (@irinashayk) Овој пат, убавата Русинка објави серија фотографии од разни настани, меѓу кои се издвои онаа на која Ирина позира во едноставно бикини. Сè почесто кога ја гледаме во вакви публикации, имаме и можност да се увериме дека моделот обожава едноставност. А сега се одлучи за „обично“ бикини, но доволно мало и провокативно за повторно сите да зборуваат за нејзиното тело, наместо за моделот. „Кралица“, „Ти си најубавата жена на светот“, „Гориш“, „Толку едноставна и единствена“, „Сјаеш, жено“, беа само дел од коментарите.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook