Панова: Буџетот за 2027 година насочен кон граѓаните со рекордни 123,8 милијарди денари за повисоки пензии....
1Панова: Буџетот за 2027 година насочен кон граѓаните со рекордни 123,8 милијарди денари за повисоки пензии....
МакедонијаГерасимовски: Новата граѓанско-административна зграда ќе биде завршена до крајот на 2029 годинаГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, е уверен дека новата граѓанско-административна зграда ќе биде завршена до крајот на 2029 година. „Оптимист сум дека рокот зацртан во програмата ќе го зачуваме,“ вели Герасимовски во интервјуто за Рацин, нагласувајќи дека општината веќе ги има финализирано клучните предфази од проектот. „Имаме идејни решенија од конкурсот. Откупивме три најдобри трудови, избрани од комисија составена од внатрешни и надворешни експерти, професори од градежниот и архитектонскиот факултет. Во моментов се изработува главниот проект и планираме тој да биде готов до февруари–март. Потоа следат околу три месеци за подготовка на документацијата и распишување јавна набавка за изградбата,“ изјави Герасимовски. Во однос на идниот изглед, тој сподели детали за концептот: „Сакаме да изградиме стаклена граѓанско-административна зграда, отворена, транспарентна, каде што граѓаните ќе имаат учество и увид во сето тоа што го работиме заедно. Ќе има и простории што ќе можат да ги користат невладините организации, бесплатно, за настани и културни програми што се одржуваат на територијата на Општина Центар. Предвидени се и три нивоа подземно паркирање, со што ќе го решиме делот со паркирањето во Дебар Маало,“ рече Герасимовски. „Во самата парцела има можност за градба на две згради. За разлика од минатото, кога се планираа десеткатници, идејата на граѓаните и мојата е новата зграда да биде значително пониска, усогласена со околината, не повисока од пет ката. Вработените ќе имаат подобри услови за работа, но ќе се обезбеди и простор наменет за граѓаните и граѓанскиот сектор,“ посочи градоначалникот. Општина ЦентарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЈаник Синер се јави од болница Еден од најдобрите свтески тенисери, Италијанецот Јаник Синер успешно се подложи на помал хируршки зафат за подобрување на состојбата на неговата илиотибијална лента. Операцијата ја изврши ортопедскиот хирург, професор Лас Лемпаинен. Италијанскиот тенисер сега ќе го започне процесот на рехабилитација во соработка со својот медицински тим. „Во текот на изминатите неколку месеци, мојот тим и јас направивме сè што можевме за да ја санираме повредата без операција. Иако првично имаше многу охрабрувачки напредок, моето колено, за жал, не реагираше онака како што сите се надевавме. Затоа, денес се подложив на помал хируршки зафат за да ја подобрам состојбата на мојата илиотибијална лента. Навистина ми недостасува теренот, а сега ќе го започнам процесот на закрепнување заедно со мојот тим“, изјави Јаник Синер. Се проценува дека периодот на рехабилитација ќе трае три месеци. Синер нема настапено на терен уште од 12 јули и финалето на Вимблдон, на кое победи. Во 2026 година тој одигра шест финалиња и победи на сите шест. Редоследно триумфираше на турнирите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим и Вимблдон, каде што го одигра и последниот натпревар во сезоната.Тагови: Јаник Синер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСкап развод од Ана Ивановиќ: Швајнштајгер ќе плаќа годишно по околу половина милион евра Се ближи крајот на бракоразводната парница на екс спортската брачна двојка, тенисерката Ана Ивановиќ и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер. Разводот на поранешната најдобра светска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер би можел скапо да ја чини германската спортска легенда. Како што пренесуваат медиумите, станува збор за сума од над половина милион евра годишно. Швајнштајгер ќе мора да издвојува 45.000 евра месечно за издршка на своите три сина што ги има со Ивановиќ, пишуваат српските медиуми, повикувајќи се на информации од Германија. Екс тенисерката го запозна поранешниот капитен на Германија, Швајнштајгер во 2014 година, а две години подоцна тие стапија и во брак на 12 јули 2016 година во Венеција. Во бракот добија три сина – Лука, роден во 2018 година, Леон, роден во 2019 година, и трет син, роден во 2023 година. Нивната врска заврши по речиси 11 години, а разделбата беше официјално потврдена во јули 2025 година. Како причина беа наведени непремостливи разлики. Судот на Мајорка донесе привремена одлука според која поранешниот германски репрезентативец мора да плаќа по 15.000 евра за секое дете. На годишно ниво, тоа изнесува околу 540.000 евра, пренесуваат германските медиуми. При одредувањето на издршката, судот ги зел предвид приходите на Швајнштајгер и животниот стандард на кој децата биле навикнати. Исто така, биле земени предвид и трошоците за нивното секојдневие, вклучително и плаќањето за приватни готвачи, дадилки, куќни помошници и градинари, пренесува Sportal.rs. Старателството над децата ѝ припадна на Ана, која исто така ќе ја задржи куќата на Мајорка, купена пред таа да стапи во врска со Швајнштајгер. Фудбалерот ја заврши својата професионална кариера во 2019 година, но сепак остварува значителни приходи. Од 2020 година, тој работи како стручен аналитичар на германската телевизија АРД (ARD), со која има договор најмалку до 2027 година. Според достапните проценки, тој добива меѓу 10.000 и 25.000 евра за секое телевизиско појавување. Приходи остварува и преку спонзорски соработки, меѓу кои се издвојува кампањата за познат ланец на ресторани за брза храна, подготвена во пресрет на Светското првенство во 2026 година. Неговото вкупно богатство се проценува на 60 до 70 милиони евра.Тагови: Ана Ивановиќ Бастијан Швајнштајгер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава„Мис Еура 2016“ изгледа сензационално и десет години подоцнаУбавата и атрактивна Марта Барчок пред десет години доживеа светска слава и популарност поради својот изглед.Само неколку фотографии од Европското првенство во 2016 година во Франција ја направија славна. Десет години подоцна, 39 годишната Марта Барчок сè уште привлекува погледи и воздишки на стадионите. Најатрактивната полска навивачка, позната како „Мис Еуро 2016“, по фудбалскиот шампионат секако не исчезна од јавноста. Таа главно е посветена на фитнесот, но повторно е присутна и на фудбалските средби. Марта каоја е голема навивачка на англискиот премиерлигаш Тотенхем и денес привлекува внимание. Покрај тоа што се прослави на натпреварите на полската репрезентација, Марта е позната и како голем фан на Тотенхем. Од Лондон, каде што живее, таа редовно објавува фотографии од натпреварите на „Спарси“. Таа се појавува во јавноста во провокативни изданија, а како модел и инфлуенсерка, најчесто објавува содржини поврзани со тренинзи и животен стил. Лансираше бренд и страница под името „MartaSkakanka“. Исто така, таа привлече внимание во 2022 година, кога се појави во полската емисија „Mam Talent“. Како Марта Барчок стана „Мис Еуро 2016“? Нејзиниот сопруг Давид одигра клучна улога во тоа таа воопшто да се заинтересира за фудбалот. Таа едноставно дојде на Европското првенство со него, а фотографите првпат ја забележаа за време на натпреварот меѓу Полска и Северна Ирска. Нејзините фотографии од трибините брзо го обиколија светот. Полските медиуми ја прогласија за „Мис Еуро 2016“, а често ја споредуваа со Наталија Сивјец, која се прослави на Евро 2012. Потоа, таа даде бројни интервјуа и позираше за полското списание CKM. Повторно привлече големо внимание на Светското првенство во 2018 година во Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook