ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
1ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
2ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
МакедонијаГерасимовски: „Нешто што ќе остане“ по четврти пат – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музичка сценаОпштина Центар на 12 септември, со почеток во 20 часот, во Паркот на Франкофонија по четврти пат го организира музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“.Годинашното издание се одржува во годината кога Општина Центар одбележува голем јубилеј – 50 години од своето постоење, а по тој повод е подготвена силна музичка програма со познати имиња од домашната сцена. На сцената во Паркот на Франкофонија ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, кои ќе бидат дел од големата музичка вечер со која Центар заедно со граѓаните ќе го прослави својот 50-годишен јубилеј. На денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека јубилејот е уште една причина годинава Центар да ги собере сите генерации на едно место и да го прослави со македонска музика и домашни артисти. „Оваа година за Центар е навистина посебна – славиме 50 години од нашата општина. Половина век Центар, половина век приказни, генерации, култура и настани што оставиле свој белег. Затоа сакавме овој голем јубилеј да го одбележиме онака како што му доликува – заедно со нашите граѓани и со најдоброто од македонската музичка сцена. „Нешто што ќе остане“ го организираме по четврти пат и особено ми е драго што токму годинава имаме навистина силна програма. Од самиот почеток имавме една јасна идеја – нашите настани да бидат простор за македонските музичари, уметници и автори. Имаме одлични домашни артисти и наша обврска е да ги поддржуваме, да им даваме сцена и публика и да покажеме дека го цениме она што го имаме дома. Тоа е нешто на што сум особено горд и нешто по што сакам Центар да продолжи да се издвојува“, изјави Герасимовски. Герасимовски ги покани сите центарци, но и сите скопјани, на 12 септември да бидат дел од музичката вечер и заедничката прослава. „Сакам Паркот на Франкофонија да биде полн со луѓе од сите генерации. Да пееме, да се дружиме и заедно да прославиме 50 години Центар. На крајот, токму тоа е и суштината на овој настан – да создадеме убави моменти и спомени, нешто што навистина ќе остане“, порача Герасимовски. Музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ ќе се одржи на 12 септември, од 20 часот, во Паркот на Франкофонија. Настанот е отворен за сите граѓани. Општина Центар - СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборавиВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР. Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично. Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци. Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени. Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачиЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вклучување во живо на Фејсбук, во кое разговараше со граѓаните за подготовката на буџетот за следната година. Тој посочи дека кога ја презел функцијата сообраќале 148 автобуси, а денес на линиите има над 200. Заштедата ја поврза со подобрата контрола на потрошувачката преку ГПС-систем и сонди за мерење на горивото. Најави и дека наскоро се очекува пристигнување на 100 нови еколошки автобуси, за кои се подготвува потребната инфраструктура за полнење. Ѓорѓиевски најави и дека Скопје ќе организира дочек на новата 2027 година со програма посветена на македонската музика и домашните изведувачи. Во организацијата повторно ќе помогне Државната лотарија, а новогодишната програма ќе започне околу 15 дена пред 31 декември. Градоначалникот најави дека градот навреме ќе биде украсен за претстојните празници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаИзвештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграцииИзвештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката. Денеска предмет на собраниска расправа е и работната верзија на предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница. Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33