Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
2Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
МакедонијаГерасимовски: Најстроги санкции по свлечиштето на „Теодосиј Гологанов“, нема толеранција за несовесни инвеститориПаралелно со инспекцискиот надзор, екипи на Општина Центар презедоа итни мерки за обезбедување на локацијата. Општина Центар информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден, инспекциските служби на Општината, во координација со Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам, постапуваа на терен по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. При извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и уличното осветлување, како и низа неправилности во однос на изведбата на објектот. Инспекциските служби утврдија дека постои свлечиште на земјиштето, по што веднаш се изречени најстроги законски казни и санкции согласно Законот за комунални дејности, поради непочитување на законските обврски и предизвикување штета врз јавната инфраструктура. Паралелно со инспекцискиот надзор, екипи на Општина Центар презедоа итни мерки за обезбедување на локацијата. Поставени се сигурносни појаси и предупредувачки ленти со цел заштита на граѓаните и безбедно движење во непосредна близина на оштетениот простор, особено имајќи предвид дека градилиштето се наоѓа во непосредна близина на станбени објекти. Во текот на денешниот ден, на терен беше повикан и државен градежен инспектор, кој заедно со стручните служби на Општина Центар констатираше дополнителни неправилности поврзани со изведбата на градежните активности. Истовремено, Општина Центар контактираше професори од Градежниот факултет и побара стручна експертиза и мислење за настанатата состојба и можните ризици. Во врска со случајот, од страна на Општина Центар до Основното јавно обвинителство е доставено официјално известување со цел понатамошно постапување во рамки на нивните надлежности. Дополнително, од страна на градежниот инспектор на Општина Центар ќе биде побарано одземање на лиценците на одговорните лица вклучени во изградбата, а Општина Центар ќе побара и утврдување одговорност од надзорот и изведувачот на објектот поради несоодветно и несовесно постапување, согласно законските прописи. За случајот ќе следуваат и соодветни пријави и постапки пред сите надлежни институции. Општина Центар нема да толерира несовесно и неодговорно постапување од страна на инвеститори, особено кога се загрозува безбедноста на граѓаните и се оштетува јавниот простор. Инвеститорот е задолжен итно да го обезбеди просторот,, да преземе мерки за санација врз основа на експертизата од Градежниот Факултет и целосно да ја врати оштетената инфраструктура во првобитна состојба. Општина Центар останува на терен и будно ќе го следи случајот сè до целосно отстранување на последиците и обезбедување на безбедноста на граѓаните.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ПалентаВо четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. палента 100 гр. кашкавал 50 гр. сирење 1 мала кисела павлака 20 гр. путер сол, бибер, сув зачин и свежо нане Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗдружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката. Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЕвропаГермански политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин. Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите. Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба. Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција. Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица. Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини. Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter