Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
1Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
МакедонијаГерасимовски: „Лига Центар“ со големо финале во салата „Лазар Лечиќ“, создаваме нови спортски шампиониСо финалниот натпревар во кошарка во реконструираната сала „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ги затвори училишните спортски игри „Лига Центар“ 2025/26.„Оваа година, големото финале го одржуваме во реновираната сала, домот на КК ‘Работнички’. Ова не е само спортски објект, туку место каде што се спојуваат традицијата и иднината на спортот во Центар. Името на легендарниот Лазар Лечиќ нè потсетува дека вистинските вредности во спортот се посветеноста, дисциплината и љубовта кон играта. Токму тие вредности денес ги гледаме кај нашите најмлади“, порача Герасимовски. Завршниот кошаркарски меч се одигра меѓу најдобрите училишни екипи на ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „Кочо Рацин“. Со овој натпревар симболично беше одбележан крајот на сезоната, а победа оствари тимот на ООУ „Димитар Миладинов“. Градоначалникот на најдобрите тимови и најдобрите играчи им врачи медали и пофалници. Спортските игри „Лига Центар“ се реализираат под покровителство на Општина Центар и ги опфаќаат сите центарски основни училишта, со натпревари во повеќе спортови, меѓу кои кошарка, фудбал, одбојка, ракомет и шах.Цел е да се поттикне правилниот физички развој кај учениците, да се развива тимскиот дух и да се создаваат здрави навики. За учебната 2025/26 година, Општина Центар додели 48 стипендии за успешни млади спортисти – ученици од општинските основни училишта, како поддршка за нивниот развој и успеси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиИсториски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026Македонската универзитетска репрезентација во карате постигна историски резултат на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија.Со освојувањето на златен, сребрен и два бронзени медали, Македонија се позиционира во генерален пласман на 4 -то место, како една од најуспешните нации на овој престижен настан одржан од 8 до 13 јуни 2026 година. македонските спортисти ја потврдија својата доминација и високата конкурентност на меѓународната спортска сцена. Триумфот на Вукашин Јовановиќ - Златниот медал на Вукашин Јовановиќ во категоријата до 67 килограми претставува врв на македонското учество на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија. Јовановиќ, кој настапува за КК Макпетрол, покажа извонредна зрелост во финалната борба против Амин Абделмалки од Белгија. Иако регуларниот дел заврши со резултат 2-2, судиското изјаснување од 3-2 му ја донесе титулата светски универзитетски шампион. Неговиот пат до златото беше обележан со доминантни победи во групната фаза и елиминациите, вклучувајќи ги дуелите со: Мартин Асерето од Чиле (7-0) Хосеин Вафа од Иран (5-5) Сирапат Чимвонг од Тајланд (3-0) Кабело Заморан Шоте од Шпанија (8-0) Хосеин Вафа од Иран (8-4) во полуфиналето) Младиот каратист на Макпетрол рангиран е на 4-то место во ТОП 10 најуспешни спортисти на светското првенство во Бразилија, со два освоени медали еден златен и еден сребрен медал. Покрај индивидуалниот успех на Јовановиќ, македонската репрезентација предводена од селекторот Бошко Заборски и тренерот на репрезентацијата Петар Заборски оствари значајни резултати во екипна конкуренција. Машката репрезентација во кумите се закити со сребрен медал, откако во полуфиналето ја совлада силната селекција на Турција со 3-1, додека во финалето загуби од Шпанија. Женската селекција го освои бронзениот медал, оствари победи со Австралија и Чиле, потврдувајќи го континуитетот на квалитет во македонското карате. Овие резултати се постигнати во конкуренција на околу 1.500 спортисти од 46 земји, што дополнително ја зголемува тежината на освоените одличја. Успешната серија на македонскиот тим ја отвори Стефан Стојановиќ, кој исто така е член на К. К. Макпетрол, тој освои бронзен медал во категоријата над 84 килограми. Неговиот успех беше клучен за подигнување на моралот на целата експедиција, која броеше 10 каратисти од пет различни универзитети. Оваа генерација спортисти докажа дека систематската работа и дисциплината се клучни фактори за успех на највисоко светско ниво. Настапот во Бразилија ја истакнува важноста на универзитетскиот спорт како мост помеѓу академското образование и врвните спортски достигнувања. Успехот на македонските студенти-спортисти не е случаен, туку резултат на долгогодишна работа во клубовите, како што се КК Макпетрол, Штип, Цветан Димов, Куштрими и Арена. Инвестицијата во овие млади луѓе се покажа како стратешки исправна за македонскиот спорт. Селекторот Бошко Заборски:- истакна дека овој резултат е потврда за конкурентноста на македонските каратисти на светско ниво. Освоените медали, светската титула и тимските пласмани меѓу најдобрите во светот претставуваат еден од најголемите успеси во историјата на универзитетскиот спорт во Македонија. Но, можеби уште повредна од самите медали беше пораката што ја испрати оваа генерација спортисти. Во составот на репрезентацијата имаше каратисти Македонци и Албанци, момчиња и девојки од различни средини, обединети околу една цел – да ја претставуваат Македонија на најдобар можен начин. Под македонското знаме тие покажаа дека успехот нема етничка, верска или политичка припадност. На татамито настапуваа како еден тим, како една репрезентација и како едно семејство. Токму затоа овој успех има многу поголемо значење од освоените медали. Оваа селекција покажа како треба да изгледа претставувањето на Македонија во светот – преку знаење, квалитет, меѓусебна почит, единство и заедничка борба за државните бои. Во време кога општеството често се дели по различни основи, овие спортисти покажаа дека најсилни сме кога сме заедно. Тие не освоија само медали, туку и почит, и станаа пример како се гради успешна и обединета Македонија.Тагови: карате Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Македонија чувствувa забрзување во пропаст!Митева тврди дека граѓаните „ја чувствуваат промената“. Вистината е дека граѓаните ја чувствуваат промената, но сосема поинаква од онаа што им ја продава Владата. Граѓаните ги чувствуваат високите цени во продавниците, малите плати, празните паричници и празните фрижидери. Ги чувствуваат скапите цени на горивата, чекањето по 10 часа на граница и потполно отсуство на било каква перспектива за себе и за своите деца. За две години на оваа криминална власт на ВМРО: • Инвестициите се спуштија за 60%, • Потрошувачката кошничка сега изнесува околу 70.000 денари, • Државата се задолжи за 2,5 милијарди евра, • Младите масовно ја напуштаат земјата, • Земјоделците останаа без субвенции. ВМРО навистина ги исполни сите свои предизборни ветувања - нема што, Македонија денес повторно е горда! Добивме земја во која граѓаните едвај преживуваат, а криминална Владата се фали со статистики додека луѓето бројат денари до плата. Трета економија во Европа, додека цела Европа е на колена. Некој клекна и молеше за власт, денес клекна цела Македонија. Мицкоски и неговата тендерска екипа, повторно гордо, како некогаш Груевски, ја водат во економски пропаст што граѓаните го чувствуваат секој ден на својата кожа. Македонија забрзува во пропаст! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерството за транспорт ја заврши една од главните артерии во КочаниЗавршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот.Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“. Паралелно со овие активности, преку проектот за поддршка на општините, Владата инвестира и во изградбата на градската магистрална улица „Новопланирана 1“, како и во реализација на уште неколку значајни инфраструктурни проекти во општината, во вкупна вредност од околу 320 милиони денари. Со реализацијата на овие проекти испраќаме јасна и силна порака дека Владата е заедно со граѓаните на Кочани и активно работи на решавање на нивните потреби. Овие инвестиции претставуваат конкретни чекори кон создавање подобар и поурбан и град за живеење, како и нови можности за граѓаните и за деловната заедница. Со овие активности покажуваме дека Владата континуирано работи на создавање услови за локален економски развој, привлекување нови инвестиции и обезбедување подобра иднина за граѓаните на Кочани. Министерство за транспортТагови: Министерство за транспорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook