Герасимовски: Крводарителска акција денес во општинска Сала на совет

 Крводарителска акција денес во општинска Сала на совет, дарувањето крв спасува животи.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека денеска во соработка со Црвен Крст ОО Центар ќе се реализира крводарителска акција од 09:00 до 14:00 часот во општинската Сала на Совет - барака 6.

-Дарувањето крв претставува највисок чин на хуманост кој може да спасува животи. Секоја доза на дарувана крв е непроценлива за пациентите кои се во животна опасност или на кои им се потребни медицински интервенции, истакнува Герасимовски.

Тој додава дека придобивките од дарувањето крв се огромни, покрај помагањето на оние кои им е најпотребна, исто така придонесувате и за подобрување на вашето здравје.

- Сите граѓани кои денеска сакаат да даруваат крв можат тоа да го направат во периодот од 09:00 до 14:00 часот во општинската Сала на совет - барака 6. Заедно да изградиме посилно и солидарно општество, вели Герасимосвки.

На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти

Mигрантите се сместени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На автопатот Демир Капија - Неготино синоќа околу 20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, три од Непал и три од Индија.

- Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина, соопштија денеска од МВР.

Mигрантите се сместени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нејмар го напушта Ал-Хилал, се враќа во родниот Сантош

 Бразилската ѕвезда Нејмар ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија. Од него се очекуваше многу, но никогаш не успеа да го покаже потенцијалот во Ал-Хилал, а паралелно со тоа проблеми му правеа и многу повреди.

Нејмар ја напушта арапската земја за да се врати во Бразил. Според последните информации, постигнат е договор и Нејмар ќе се врати во Сантос на позајмица во следните 6 месеци. Разбирањето е веќе факт и ќе биде официјализирано во следните неколку дена.

Во неделата, претседателот на Сантос, Марсело Тешеира и директорот Педро Мартинс се сретнаа со претставниците на Нејмар и преговараа за платата на играчот.

Пожар во објект за стари лица во село Чемерско

Опожарен е објект за стари лица во село Чемерско на 30 километри од Кавадарци. 

Упатени 12 пожарникари од Кавадарци и се чека на првите информации за евентуални повредени

притисни ентер