Герасимовски: Извршени вонредни инспекторски контроли во неколку локали во Центар - Канал 5

Герасимовски: Извршени вонредни инспекторски контроли во неколку локали во Центар

Општина Центар продолжува со контроли за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните на територија на Општина Центар.

Герасимовски: Извршени вонредни инспекторски контроли во неколку локали во Центар

Во координирана акција која ја придружуваше и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, Секторот за инспекциски работи при Општина Центар преку Инспекцијата за животна средина и Комуналната инспекција вчера вечер во доцните вечерни часови спроведоа вонредни инспекциски надзори во однос на контрола на бучавата од гласна музика од угостителски објекти при што беа извршени мерења на 4 локали од страна на акредитирана лабораторија. Во рамки на акцијата спроведени се контролни мерења и на други локали да се провери дали се почитуваат претходно издадените решенија но не се забележани неправилности.

„Вчера вечер повторно извршивме вонредни инспекциски контроли во неколку локали со цел да се измери прагот на бучава и гласна музика. Ги чекаме извештаите од мерењата и доколку измерените вредности ги надминуваат граничните вредности ќе се спроведе санкционирање согласно Закон. Општина Центар многу често добива поплаки од жителите и затоа ќе продолжи со контролите за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните.

Казните за надминување на граничните вредности од бучава се движат од 6.000 до 13.000 евра во зависност од големината на субјектот односно дали се работи за микро или мал субјект и досега општината има изречено неколку казнени решенија “, вели Герасимовски.

Во вчерашната акција учествуваше и Комуналната инспекција која што постапуваше согласно Законот за јавна чистота во однос на урбаната опрема. Градоначалникот Герасимовски повикува сопствениците и управителите на локалите да ги почитуваат дозволените вредности на бучава, во спротивно ќе им бидат изречени глоби во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб Енерџи и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам.

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб Енерџи и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам откако утрово на најновата светска ранг-листа на УЦИ се искачи на 33. место во светот.

До овој извонреден резултат Иванова стигна по успешните настапи на трите Светски купови од престижната HERO World Cup серија – Коста Бланка во Шпанија, Елба во Италија и Натурланд во Андора како и по трката во Кастро, Италија и одбраната на титулата државен првак во МТБ маратон. Настапот во Андора имаше особено значење, бидејќи токму таму Иванова обезбеди квалификација за претстојното Светско првенство во планински велосипедизам кое ќе се одржи во Италија.

Овој резултат добива уште поголема тежина ако се земе предвид конкуренцијата од стотици рангирани натпреварувачки од сите континенти, како и фактот дека Иванова го носи досега највисокиот пласман за Македонија позиционирајќи се на првата страница на светската УЦИ ранг-листа.

Следниот предизвик за Иванова е Европското првенство во Рамалес де ла Викторија, Шпанија, каде како македонска репрезентативка ќе се натпреварува со најдобрите европски велосипедистки на исклучително сериозна и техничка патека долга 75км со висинско искачување од 3000 метри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствениот кец во ракавот на Филипче е попустливоста кон официјална Софија

Венко Филипче нема политичка стратегија, визија, ниту план за развој на државата. 

ВМРО-ДПМНЕ: Единствениот кец во ракавот на Филипче е попустливоста кон официјална Софија

Единствената политика која што ја нуди Венко Филипче и СДС е попустливиот пристап кон официјална Софија, сметајќи дека само така може да дојде на власт.

Македонија има јасна и принципиелна позиција за европската интеграција. Намерата на Македонија не е само формално отворање на преговорите со Европската Унија, туку нивно успешно завршување без нови уцени, блокади и дополнителни условувања од официјална Софија.

Ова не е само став на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, туку позиција која ја споделуваат и бројни меѓународни претставници, кои јасно предупредуваат дека не може една држава да прави отстапки без гаранции, дека процесот нема повторно да биде злоупотребен.

Ова им е јасно и на многу истакнати меѓународни чинители. Тие ставови ги слушнавме викендов во Дубровник на меѓународниот собир, како јасно потенцираат дека е несериозно да се врши притисок врз Македонија да прифати правила, во конкретниов случај вклучување на Бугарите во Уставот, без притоа да има јасна гаранција дека Софија нема да има други барања кон државава во врска со идентитетски прашања на нејзиниот пат кон ЕУ.

За разлика од државничката политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче и СДС повторно ја нудат истата матрица на безусловни отстапки. За нив не се важни националните интереси, туку единствено враќањето на власт, дури и по цена на нови понижувања за Македонија.

Филипче очигледно верува дека попустливоста кон официјална Софија е неговата магична формула за политички камбек. Но граѓаните веќе еднаш ја видоа таа политика и јасно ја отфрлија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невреме погоди делови од Австрија синоќа, одрон однесе автобус

Во долината Штанцертал во Австрија, порој од кал однесе автобусот од патот синоќа - во кој се наоѓаа возачот и тројца патници .

Невреме погоди делови од Австрија синоќа, одрон однесе автобус

Сите четири лица се спасени од пожарникари, а возачот бил однесен во болница, објави heute.at.

По обилните дождови, во понеделник околу 20:20 часот се случија неколку лизгања на земјиштето. Карпи и кал ги покрија, меѓу другото, државните патишта Б171 и Л68. На патот помеѓу селата Шнан и Флирш, порој од земја и вода го погоди автобусот што сообраќаше низ долината.

Водата и калта од потокот Хое Рифе достигнала висина од околу 80 сантиметри на патот и навлегла во автобусот, принудувајќи ги членовите на Доброволната противпожарна служба да го спасат 49-годишниот возач и тројца патници.

Патниците - 31-годишен маж од Иран, 39-годишна жена и 14-годишно девојче од Австрија - не се повредени во инцидентот.

Возачот на автобусот е однесен со брза помош во болницата во Замс со повреди од непозната сериозност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер