Герасимовски и Тарабунов: Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид в сабота - Канал 5

Герасимовски и Тарабунов: Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид в сабота

Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид, ве чекаме во сабота на добра музика.

Герасимовски и Тарабунов: Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид в сабота

Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите скопјани во сабота на „Центарска симфонија“, концерт посветен на најубавата филмска музика, изведена во живо од камерен оркестар и бенд, со специјален гостин музичката ѕвезда Александар Тарабунов.

Концертот ќе се одржи оваа сабота (28 јуни 2025) со почеток во 20:00 часот, на плочникот кај Градски ѕид (Клуб на новинари).

„Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации во Центар, во срцето на Скопје. Ќе слушаме македонска и светска филмска музика во ново, моќно симфониско руво. Со настани како ‘Центарска симфонија’ ја збогатуваме културната понуда на Општина Центар и ја доближуваме уметноста до секој граѓанин. Горди сме што инвестираме во култура која ги поврзува генерациите и ја разубавува заедничката слика за животот во Центар“, вели Герасимовски.

Концертот е бесплатен за граѓаните и е дел од културната програма на Општина Центар, која годинава носи повеќе настани.

„Ве поканувам на 28 јуни на ‘Центарска симфонија’, ќе пееме филмска музика и за првпат ќе имате можност да ја слушнете мојата најнова песна „Заедно“ со симфониски оркестар. Дојдете да пееме заедно и да уживаме таа вечер”, порачува Тарабунов.

Се гледаме во сабота, на музика, под ѕвезди, во Центар!

Општина Центар

Што најчесто сонуваат луѓето 11 недели пред смртта

Колку се поблиску до крајот, овие сништа се поинтензивни, се јавуваат и еднаш дневно

Што најчесто сонуваат луѓето 11 недели пред смртта

Дали умот е способен да нè подготви за крајот? Дали душата „знае“ пред телото?

Во 2014 година, тим истражувачи од колеџот Канисиус во Њујорк спровеле обемна студија чија цел била да ја испитаат природата и значењето на соништата што луѓето ги доживуваат во деновите, неделите, па дури и месеците пред смртта. Студијата била спроведена на 66 испитаници, кои биле дел од одделот за палијативна нега - т.е. во фаза од животот кога третманот повеќе не се базира на лечење, туку на ублажување на болката и обезбедување достоинствен крај.

Во текот на 18 месеци, биле спроведени вкупно 453 интервјуа со учесниците. Резултатите биле не само статистички значајни, туку и длабоко шокантни.

Дури 90 проценти од пациентите изјавиле дека почнале да имаат дневни визии - најчесто преку соништа. Овие соништа, како што опишале, речиси секогаш вклучувале средби со починати членови од семејството или блиски луѓе кои некогаш во животот им давале утеха, безбедност и љубов. Ова не биле обични слики во сонот - испитаниците истакнале дека овие средби изгледале „сосема реални“, како навистина да разговарале со починатиот, чувствувајќи го нивниот допир, па дури и нивниот мирис.

Интересно е што овие соништа најчесто се случувале осум до единаесет недели пред смртта, а како што се приближувале кон крајот, нивната фреквенција и интензитет се зголемувале. Во последните три недели пред крајот на животот, речиси сите испитаници изјавиле дека нивните соништа станале почести, подлабоки и емоционално посилни.

Научниците дополнително ги поделиле овие искуства според фазите на спиење:

45% од пациентите изјавиле дека доживувале пророчки соништа за време на длабокиот сон,

16% за време на моментите на будење,

додека кај 39% од пациентите, овие слики се појавувале за време на сонот, а чувствата и сликите продолжувале и откако ќе се разбудат.

Студијата заклучува:

„Како што се приближува крајот, соништата во кои се појавуваат блиските починати стануваат почести. Нивната улога не е само симболична - тие често го смируваат стравот од смртта, ја ублажуваат психичката болка и му помагаат на лицето да го прифати она што доаѓа. Понекогаш се случуваат неколку часа пред смртта, во форма на тивка подготовка, како несвесното и емоционалното тело веќе да се разделува.“

Она што е можеби најфасцинантно е што 99% од испитаниците изјавиле дека овие соништа биле толку живописни што не можеле да ги разликуваат од реалноста.

Оваа студија фрли светлина врз еден ретко проучуван, но универзално значаен феномен - последните соништа. Иако науката сè уште нема конечни одговори, јасно е дека во моментите кога животот згаснува, умот и душата наоѓаат свои начини да нè смират, да нè подготват и можеби - повторно да нè поврзат со оние што сме ги сакале.

Ретко пржите риба зашто нејзиниот мирис се осеќа со денови

Додајте ја оваа состојка и заборавете на непријатниот мирис!

Ретко пржите риба зашто нејзиниот мирис се осеќа со денови

Кулинарски трик кој менува сè!

Пржењето риба може да биде вистинско искушение, особено кога низ кујната ќе се рашири интензивниот мирис кој не одбива од приготвувањето на овој здрав оброк. Меѓутоа, постои едноставен трик што ќе ви помогне рибата да ја приготвувате без да стравувате дека целиот стан ќе мириса со денови.

Без оглед дали станува збор за морска или речна риба, треба само во садот во којшто ја пржите рибата покрај масло да додадете и 100-125 мл млеко пред да ја ставите рибата. Млекото не само што ги неутрализира непријатните мириси, туку ја прави рибата помека, посочна и со попријатен вкус.

Оние што постат или избегнуваат млечни производи, не мораат да се откажуваат од овој трик, посната варијанта, на пример, бадемово или соино млеко, исто така функционира.

Приготвувањето риба, иако делува едноставно, често може да заврши како суво и жилаво месо ако не обратите внимание на деталите. Правилното одмрзнување на смрзнатите филети и контролата на температурата на маслото се први чекори, но токму додавањето млеко прави голема разлика помеѓу еден просечен и врвен оброк.

Многумина што ја провериле оваа метода велат дека се изненадени од резултатите и дека секогаш би користеле млеко при пржењето риба.

-Не само што рибата има подобар вкус, туку кујната останува свежа, како да не сте готвеле – се наведува во коментарите.

Доколку сакате риба, но досега сте се двоумеле да ја приготвувате дома поради миризбата, овој трик вреди да го пробате. Брз е, едноставен и исклучително ефикасен – совршен за секоја домаќинка.

„Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница

Британската Кралска ковачница за пари објави комеморативни монети во чест на 50-годишнината од постоењето на легендарната англиска хеви-метал група „Ајрон мејден“ (Iron Maiden).

„Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница

На тој начин, бендот им се придружува на другите изведувачи кои се нашле на официјална паричка. Во серијалот „Музички легенди“ на Кралската ковачница се прославија и „Квин“ (Queen), Елтон Џон и Дејвид Боуви. Изработен од уметникот пријател на „Ајрон мејден“ - Алберт „Акирант“ Квирантес, дизајнот на новите монети ја прикажува маскотата на составот - „Еди“, во динамична поза, но има и многу скриени детали.

- Дизајнирањето на паричката на „Ајрон мејден“ беше еден од највозбудливите проекти во мојата кариера... Сокрив неколку референци во дизајнот што вистинските обожаватели ќе уживаат да ги откријат, вклучувајќи суптилни алузии на класични уметнички дела од албуми и нивните најомилени песни, изјави уметникот.

Ребека Морган, одговорна за специјални монети во Кралската ковачница, истакна дека „Ајрон мејден“ се бестрашните пионери во музиката.

- Веејќи го знамето на Британија низ целиот свет половина век... Нивната креативна визија, моќните настапи и посветената публика им обезбедија место како еден од највлијателните британски бендови. Оваа монета е совршена фузија на „метал и метал“, па очекуваме дека ќе се покаже како колекционерско парче коешто ќе биде многу барано и од нумизматичарите и од страсните рок фанови, нагласи таа.

Монетите се достапни за купување од Кралската ковачница од 8:00 ч. утрово, во златни, сребрени и брилијантни изданија. Чинат од 18,50 фунти (за брилијантната монета од 5 фунти којашто ќе биде за вон оптек) дo 29,50 фунти за парчките во боја. Колекцијата вклучува и златна монета од 200 фунти, којашто чини 6.940 фунти.

притисни ентер