Герасимовски: Двојно помалку трошоци за градинка и оброк на училиште за родителите во Центар

Горан Герасимовски, кандидатот за општина Центар од СДСМ и Коалицијата го претстави социјалниот пакет за своите граѓани. 

Тој во денешната изјава порача дека како локална власт ќе обезбедат услуги за поддршка на семејствата од најмладите до највозрасните членови.

Герасимовски најави субвенционирање од 50% на месечните трошоци за згрижување деца во градинка и оброк кај учениците од основните училишта во општина Центар како и финансиска помош за младите.

„За младите планираме субвенционирање на еколошки превоз но и грантови за отворање мали бизниси како поддршка за самовработување. Планираме и финансиска поддршка за младински организации за спроведување на проекти важни за општината. Сегашните 60 ученички стипендии кои годишно ги доделува општината планираме да ги зголемиме и да доделиме стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства. Овие стипендии се особено важни затоа што така ќе создадеме еднаква шанса сите млади да можат да го остварат својот целосен потенцијал, без оглед на својата материјална положба“, изјави Герасимовски.

Од буџетот на општина Центар во следниот период најави Герасимовски ќе се издвојува 0.1% за младите и ќе се отвори социјален фонд за помош на граѓаните во исклучителни случаи како пожар или поплави.

Герасимовски истакна дека Општина Центар ќе води сметка за сите свои граѓани затоа што тоа е вистинскиот начин општината да стане модерна и подобра за сите свои граѓани.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер