Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил
2Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил
МакедонијаГерасимовски: Децентрализацијата е темел на модерното управување, општините не смеат да бидат заложници на политикатаГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Перспективи за унапредување на децентрализацијата и локалното управување“.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Перспективи за унапредување на децентрализацијата и локалното управување“, во рамки на Годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација. Во своето обраќање тој ја нагласи потребата од продолжување на процесот на децентрализација, јакнење на меѓуопштинската соработка, активната улога во ЗЕЛС и координацијата со државните институции во интерес на граѓаните. „Без оглед на различните политички определби, јас верувам дека соработката меѓу централната и локалната власт мора да биде над дневната политика. Децентрализацијата е темел на современото управување, а општината е сервис на граѓаните, не место за политички блокади“, истакна Герасимовски. Тој потсети дека Скопје во 2028 година ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата и дека Општина Центар, како урбано и културно средиште, ќе биде главен домаќин на голем дел од програмските активности. Затоа, како што рече, е неопходно координирано делување меѓу градот, општините и извршната власт уште од раната фаза на планирање, бидејќи успехот на проектот зависи и од начинот на кој Центар ќе ја поддржи програмата што ќе ја претстави државата пред Европа. Герасимовски ја нагласи и важноста на ЗЕЛС како клучен механизам преку кој градоначалниците ги доставуваат своите предлози и забелешки за закони и политики што директно ги засегаат општините. Тој потсети на сите законски иницијативи што Општина Центар ги има доставено, меѓу кои предлог измените на Законот за градежно земјиште, иницијативата за измена на повеќе закони со цел општините поефикасно да се справуваат со малолетниот вандализам, прифатената измена на Законот за управување со конфискуван имот со што се овозможува пренамена на дивоградбите во објекти од јавен интерес, како и други предлози насочени кон јакнење на локалното управување. Општина ЦентарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо тек е исплатата на родителски додаток за детеМинистерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на родителски додаток за дете за месец септември 2026 година.Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките. Министерство за социјална политика, демографија и младиТагови: родителски додаток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамилЛек против канцер или измама за илјадници евра? Додека семејствата на тешко болните се бореле за животот на своите најблиски, 47 годишник од Велес на десетици семејства им нудел спас преку наводна „кубанска вакцина“, која тврдел дека ја набавувал во Белград. Сторијата ја објави Слободен печат, а според информациите од жртвите, тој за една доза наплаќал по 3.200 евра и инститирал да ги дава во нивните домови. Канал 5 стапи во контакт со дел од семејствата кои ги пренесоа своите потресни сведоштва. Една од нив е Елена Ангелова, која живее во Ирска, чиј 48 годишен сопруг починал пред една недела од канцер. Сега починатиот примил 5 дози од наводната вакцина.. -Отидовме за една вакцина само, зошто немавме финансии за повеќе, а и за таа една вакцина, нашите дечиња ги дадоа нивните пари што си ги штедеа дадени од нивните баби и дедовци, ги донесоа сите пари еве мамо за да го спасиме тато. Баравме донација, јавна донација. Ни ја зема последната надеж и не раздели последните четири месеци кои можевме да ги поминеме заедно, им го одзема таткото на четири месеци, неговиот пат тргна надолу, секој ден беше се полошо и полошо.. Елена Ангелова – Сопруга на лице починато од канцер. Сличен случај е семесјтвото на Трајче Димитров од Кавадарци. Тој парите за вакцината за својата мајка ги дал на бензиска пумпа и добил уверување дека истата ја примале доктори и политичари. Успеал да го земе шприцот од велешанецот и заедно со целата документација го испратил во Белград. -Ја чував кај мене, некој месец, и потоа со другите документи што ги имав во мене, бидејќи се сомневав подолго време дека станува збор за кубанска болница во Белград, ги пратив сите анализи, сите документи од мојата мајка, добив документи дека мојата мајка не се лечела во таа болница, во никој систем во болницата таа таму не постои. - Трајче Димитриов – Син на лице заболено од канцер. Други пак на целата мака, велат не наседнале на т.н. вакцини. Се посомневале кога велешанецот бил упорен за пари и како што велат, излажал дека отпатувал во Белград. Канал 5 стапи во контакт и со 47 годишниот велешанец со иницијали М.А. кој ги аплицирал вакцините.. Тој не сакаше да говори многу, но уверува дека станувало збор за измама. Автентична е вакцината, не е точно дека е физиолошки раствор и тоа ќе се докаже. Направен е претрес кај мене, ништо не е најдено. Друго не можам да ви кажам, бидејќи се е во обвинителството. Полицијата направила претсрес во неговиот дом, по пријава на дел од жртвите.. Му го одзеле телефонот и е предаден на вештачње.. За случајот инфориран е јавен обвинтел, кој ги чека резултатите од полициската истрага. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Внуците на Димката Ангелов Габерот ја отстапуваат неговата родна куќа на Општина КавадарциЗначаен чекор кон зачувувањето на историјата и споменот за Димката Ангелов Габерот.Внуците на Димката Ангелов Габерот ја отстапуваат неговата родна куќа во село Ваташа, во непосредна близина на Спомен куќата на Страшо Пинџур, на Општина Кавадарци. Овој благороден гест претставува исклучително важен момент за историјата на село Ваташа и Кавадарци, но и чин на исправување на долгогодишната историска неправда кон Димката Ангелов Габерот, чиј лик и дело заслужуваат достојно место во нашата колективна меморија. Во наредниот период се предвидува соодветна реконструкција и уредување на објектот, со заложба родната куќа на Габерот да прерасне во спомен куќа, која ќе сведочи за неговиот живот, дело и придонес во македонската историја. Со оваа иницијатива, село Ваташа добива можност за уште едно значајно историско обележје, а идните генерации место каде што ќе можат да се запознаат со минатото и со луѓето кои ги дадоа своите животи во борбата за слобода. Историјата не смее да биде заборавена, а делата на нашите херои заслужуваат вечна почит и достоинствено сеќавање, стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook