СДСМ: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење
1СДСМ: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење
МакедонијаГерасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опремаОпштина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“,. Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното градско подрачје добива помодерен, пофункционален и поуреден изглед. Во рамки на проектот се поставуваат нови клупи и нови корпи за отпадоци, а просторот ќе биде збогатен и со ново детско игралиште и современа теретана на отворено, наменети за рекреација и дружење на сите генерации. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека уредувањето на јавните простори останува еден од приоритетите на општината. „Со партерното и хортикултурното уредување, како и поставувањето нова урбана опрема, го разубавуваме и осовременуваме овој значаен дел од центарот на градот. Создаваме функционални, уредени и зелени јавни простори каде граѓаните ќе можат да одморат, да се рекреираат и да поминуваат квалитетно време со своите семејства. Продолжуваме да инвестираме во проекти што го подобруваат секојдневието и квалитетот на живот на нашите жители“, изјави Герасимовски. Со реализацијата на првата фаза од проектот, Општина Центар продолжува со унапредување на јавната инфраструктура и создавање современи, безбедни и пријатни јавни простори, во согласност со потребите на граѓаните.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаСДСМ: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиењеВо над 50 населени места водата не е исправна за пиење.Народот се труе а одговорни нема за тоталниот колапс на институциите. Вчера и официјално беше соопштено дека водата во Гостивар сѐ уште не е за пиење. Продолжува хиперхлорирањето. Во повеќе примероци сѐ уште се пронаоѓаат бактерии. Ова е скандалозно. Хиперхлорираната вода не е наменета за постојана употреба. Додека концентрацијата на хлор е висока, водата не смее да се користи ниту за капење. Високото ниво на хлор предизвикува иритација на кожата, очите и дишните патишта. Особено е опасно при топол туш. А што најавуваа досега? Мицкоски најави дека водата ќе биде технички исправна и врз основа на таа изјава граѓаните ја користат водата за капење. Министерот Клековски најави дека до крајот на минатата недела водата ќе биде безбедна за пиење. Пред два дена Мицкоски повторно изјави дека „за првпат по многу години“ водата ќе биде бактериолошки исправна. Во исто време, додека министерот најавуваше вода за пиење, Мицкоски рече дека не може - затоа што се појавила нова бактерија. Ова се случува кога нестручни лица даваат објаснувања. Секој ден различни упатства. Граѓаните се збунети, а последиците по здравјето можат да бидат катастрофални. Сѐ што прават е за политички поени. Резултати нема - само медиумска пропаганда. Сѐ уште не знаеме кој потпишал дека водата е технички исправна и безбедна за капење. Ако некој го потпишал тоа, а сега се докаже дека водата не била ни технички исправна, тој мора кривично да одговара. Тоа што Владата деновиве не го покажува официјалниот документ, наведува на сомнеж дека документ воопшто нема. Сѐ се работи по налог на Мицкоски, во служба на неговата кампања, а на штета на здравјето на граѓаните на Гостивар. Не можете да си играте со здравјето на граѓаните. Сите ќе одговарате! Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан, Форум на жени СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВозиња пристигна во својот нов клуб, навивачите создадоа незаборавна атмосфераВозиња пречекан како ѕвезда во новиот клуб .40 годишниот голман на Зеленортските Острови, Возиња е нов член на чилеанскиот клуб Коло-Коло. Возиња пристигна во својот нов клуб, навивачите создадоа незаборавна атмосфера. Извонредните одбрани на Светското првенство го исфрлија во преден план во светот на спортот. Искусниот голман од Зеленортските Острови, Возиња, доживеа спектакуларен пречек во Чиле, каде што ќе ја продолжи кариерата во дресот на локалниот гигант Коло-Коло. Locura en la llegada de Vozinha a Chile!! El nuevo arquero de Colo Colo ya está en Santiago y mañana se someterá a los exámenes médicos. @Cooperativa pic.twitter.com/FeHZ1lI38C — Rodrigo Gomez Flores (@rodrigogomezf) August 3, 2026 По неговите импресивни настапи на Светското првенство во 2026 година, 40-годишниот голман стана вистинска светска сензација и икона – како во својата татковина, така и низ целиот свет. Неговите брилијантни одбрани на Светското првенство го лансираа во самиот врв на спортскиот свет, а неговиот профил на Инстаграм доживеа невиден раст, скокајќи од скромни 50.000 следбеници на речиси 30 милиони. Навивачите на „Коло-Коло“ во огромен број излегоа да го пречекаат на аеродромот, приредувајќи му ентузијастички пречек каков што обично им е резервиран на најголемите светски ѕвезди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраелскиот министер Кац во судир со воениот врв Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го разреши командантот на Централната команда на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генералот Ави Балут.Промената уследи по спорот предизвикан од одлуката на тој офицер да изрече административна мерка против израелски доселеник осомничен за напади врз Палестинци, пишува денеска израелскиот весник „Марив“, повикувајќи се на извори кои ја оцениле одлуката како политички мотивирана, бидејќи Балут наводно не ја спровел политиката на Кац. Весникот наведува дека конфликтот меѓу военото раководство и министерот за одбрана бил предизвикан од одлуката на Балут – кој е надлежен за окупираниот Западен Брег – да спроведе административна мерка против доселеници обвинети за насилство врз Палестинци. Кац ја објави одлуката за замена на Балут во телевизиска емисија на „Канал 14“, наведувајќи дека на негово место ќе биде назначен Дадо Бар Калифа. Според весникот „Марив“, овој потег предизвикал незадоволство во израелската армија, каде што дел од офицерите сметаат дека одлуката е политички мотивирана. Началникoт на Генералштабот на ИДФ, генерал Ејал Замир, изјави дека одлуката на Кац не е во согласност со неговите планови и дека тој нема намера да врши промени на командантите на клучни позиции во овој период. „Марив“, повикувајќи се на воени извори, наведува дека ниту Балут, ниту неговиот наследник не биле однапред информирани за одлуката на министерот, туку за неа дознале дури по јавното соопштување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook