Герасимовски: Целосно е расчистена дивата депонија во Крњево - Канал 5

Герасимовски: Целосно е расчистена дивата депонија во Крњево

Општина Центар информира дека мини депонијата во населбата Крњево е целосно исчистена од општинските служби.

Герасимовски: Целосно е расчистена дивата депонија во Крњево

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека депонијата е отстранета веднаш по алармирањето од страна на граѓанин дека во близина на игралиштето во Крњево има „мини депонија“ на самиот влез во централното подрачје на главниот град.

„Со вакви брзи и ефикасни акции ја потврдуваме нашата заложба Центар да биде чисто и безбедно место за живеење. Продолжуваме систематски и навремено да реагираме на секој проблем со јавната чистота. Наш приоритет е одржувањето на хигиената и создавање услови за чиста и безбедна животна средина за сите жители. Ги повикувам граѓаните да продолжат да пријавуваат проблеми со јавната чистота во Центар, со цел брза интервенција на службите“, истакна Герасимовски.

Граѓаните може да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

Во изминатиот период, службите на Општина Центар ги исчистија дивите депонии зад трговскиот центар „Буњаковец“, позади амбасадата на Грција и во близина на трговскиот центар „Ист Гејт Мол“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. 

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година  биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. 

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер