Герапетритис со поддршка на ЕУ перспективата на Македонија и земјите од регионот

Поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и на Македонија, ја изрази министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретно за нашата земја, Герапетритис рече дека Грција има „цврста волја за интеграција на Македонија во ЕУ, во рамките на верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа“.

Шефот на грчката дипломатија истакна дека Грција веќе игра важна улога на Западен Балкан и потсети дека минатиот месец беше одбележана 20-годишнината „од историската Декларација од Солун, во која јасно се вели дека иднината на Балканот е во рамките на Европската Унија“.

-Нашата земја останува цврсто посветена на развојот, безбедноста, просперитетот и европскиот пат на Западен Балкан, бидејќи интеграцијата и европската перспектива се неопходни за безбедноста и апсолутниот интерес на самата Унија, истакна Герапетритис за „Катимерини“.

Објасни дека го поддржуваат европскиот пат на Македонија, Србија и Црна Гора, изрази поддршка и за продолжувањето на дијалогот Белград-Приштина, додека пак за Албанија, посочи дека европската перспектива е „директно поврзана со потребата од почитување на основните правила на владеењето на правото“.

Додаде дек случајот со апсењето и притворањето на градоначалникот на Химара Фреди Белери „не е само трн во нашите билатерални односи туку и тест за владеењето на правото во соседната земја“.

Ирачкиот премиер изрази сочувство до иранскиот народ

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Мадуро изрази сочувство до Иран за „безусловниот пријател“ Раиси

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази сочувство до Иран и неговиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека Ебрахим Раиси е „безусловен пријател“ на Венецуела.

„Топла прегратка од Боливарската Република Венецуела. Ти, Иран, си пример за достоинство, морал и отпор“, напиша Мадуро во објавата на социјалните мрежи.

Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени се 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.

Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако истото подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршија и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори, соопшти Царинската управа.

Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

притисни ентер