Герапетритис: Секако дека постои првото на самоодбрана, но важно е како ова право се остварува - Канал 5

Герапетритис: Секако дека постои првото на самоодбрана, но важно е како ова право се остварува

За ситуацијата на Блискиот Исток, шефот на грчката дипломатија рече дека Грција беше присутен и во Каиро на Самитот со арапските земји, беше и во Израел за да изрази поддршка, но и да ја посочи границата до која треба да се придржува.

Герапетритис: Секако дека постои првото на самоодбрана, но важно е како ова право се остварува

За правото на Израел на самоодбрана, но и за тоа како ова прво се остварува и дека веќе е надмината неопходната мера, говореше меѓу другото, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на конференцијата „Циклус идеи“, јави дописничката на МИА од Атина.

За ситуацијата на Блискиот Исток, шефот на грчката дипломатија рече дека Грција беше присутна и во Каиро на Самитот со арапските земји, беше и во Израел за да изрази поддршка, но и да ја посочи границата до која треба да се придржува.

- Во прашањето што е вознемирувачко за сите нас, сликите што ги видовме од Израел и Газа, секако дека треба да го осудиме она што го видовме во терористичкиот напад на 7 октомври. Но, од друга страна, да прифатиме дека веќе е надмината неопходната мера во она што се случува и денес во Газа. Секако дека постои првото на самоодбрана, но важно е како ова право се остварува, истакна Герапетритис.

За грчко-турските односи изрази подготвеност за разговори и дијалог со Турција, но и позитивност и воздржан оптимизам, велејќи дека се движат чекор по чекор, а нивната желба е да може да се решат прашањата што постојат, за идните генерации „да имаат татковина која ќе биде побезбедна и соседство што ќе им обезбеди просперитет“.

Објасни дека во пристапот со Турција постојат шест основни принципи: да постои дијалог; да се почитува меѓународното право; прашањата поврзани со националниот суверенитет да останат вон агендата; да постојат гаранции за избегнување криза во случај на несогласувања; мирен период без тензии и промоција на мир и просперитет со храбри одлуки. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор.

По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски.

Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Собраниската комисија за транспорт денеска ќе расправа за измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

За предлог-законот е поднесен еден амандман од пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Со измените се предвидува нов модел за финансирање на радиодифузната дејност.средствата ќе се обезбедуваат од буџетот во висина од еден процент од реализираните даночни приходи.

Финансирањето ќе се утврдува за период од пет години.по истекот на овој период, повторно ќе се дефинира висината на средствата за наредните пет години.

Целта е да се обезбеди стабилно и предвидливо финансирање на радиодифузната дејност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Авион на „Ер Србија“ кој летал кон Москва бил вратен во Белград поради дополнителни безбедносни проверки.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Од компанијата соопштија дека добиле информации од аеродромските служби за проверка поврзана со еден патник.

Одлуката била донесена согласно безбедносните прописи и упатствата на надлежните органи.

Од „Ер Србија“ нагласуваат дека екипажот постапил според утврдените стандарди.

Српските медиуми објавија дека во авионот наводно биле и тројца познати функционери.Меѓу нив се Александар Вулин и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. Во авионот, според медиумите, бил и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер