БалканГерапетритис: Европа треба конечно да се погрижи Западен Балкан да стане приоритетЕвропа треба конечно да се погрижи Западен Балкан да стане приоритет. Дваесет и две години по почетокот на процесите, Грција продолжува да биде сила која го забрзува процесот, истакна шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис при пристигнувањето на Советот за надворешни работи на Европската унија во Луксембург, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Грција се осврна на актуелните ситуации во Украина и на Блискиот исток, но и на позицијата на Европа, нагласувајќи дека „Европа ќе треба да расте, да стане посилна, помоќна“. -Европа треба да говори со обединет глас, кој ќе се заснова на вредностите на Европа, на безвременските вредности кои ги истакнаа европските институции: вредноста на почитувањето на меѓународното право, на мирното решавање на споровите, прекинот на непријателствата на сите фронтови, посветеноста на вредностите на владеењето на правото и демократијата, порача Герапетритис. За Украина посочи дека „непријателствата треба веднаш да престанат“ и ги осуди нападите од изминатите денови, додека за Блискиот Исток, рече дека „Европа треба да биде активно присутна за да можат да престанат сите непријателства“ и изрази загриженост за ситуацијата на Западниот Брег. - Ќе треба да започне политички дијалог, што ќе доведе до решение за формирање на Палестинска држава, со учество на палестинската управа, која е единствената легална и легитимна власт во поширокиот регион, рече Герапетритис. Дополнително истакна дека Европа треба да има активно присуство и во Сирија, но и во хуманитарните кризи и во Африка и во другите делови на светот. Тагови: грција Западен Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фактите и резултатите ги демантираат лагите на СДСВладата на ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретните мерки и програми за младите.СДС во паника од катастрофалниот едноцифрен рејтин и внатрешниот хаос со кој се соочува очајно се обидува да креира паника, да манипулира со бројки и да создава лажна перцепција во јавноста. СДС уште еднаш се демантирани и поразени од бројките и од релевантните институции. СДС додека беше на власт не направи ништо за младите, СДС ветуваше студентски градови и подобра иднина за младите, а наместо исполнети ветувања, многумина млади ја напуштија државта и се иселија. Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите со конкретни мерки и програми а од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините. Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа. Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел Буџетот за наука од 380 милиони денари во 2024 го зголемивме на 773 милиони денари во 2026. Буџетот за високото образование во 2022 беше помалку од 3 милијарди денари, во 2026 за универзитетите има 8 милијарди денари. Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома. Ги подобривме условите за образование и воспитание. Вложени се 70 милиони евра во образовната инфраструктура, по 35 милиони одвоија МОН и Владата за над 90 инфраструктурни проекти. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со овие и со многу други различни мерки и проекти, работи заедно со младите, за да изградиме подобра иднина за секого. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Шоу бизВратите на Евровизија за БиХ се уште затворени: Еве ја причинатаБосна и Херцеговина нема да има свој претставник ниту на Евровизија во Бугарија следната година.Ова го продолжува повеќегодишното отсуство на земјата од едно од најпопуларните музички натпревари во Европа, а главната причина се уште се финансиските проблеми на јавниот сервис „BHRT“ и санкциите од Европската радиодифузна унија (EBU). „BHRT“ потврди за порталот „ESC Today“ дека БиХ нема да учествува на Евровизија 2027. Поради неплатени долгови, јавниот сервис на Босна и Херцеговина сè уште нема право да учествува во натпреварот. Долговите продолжуваат да го блокираат враќањето на Евровизија Најголемата пречка за враќањето на Босна и Херцеговина на евровизиската сцена остануваат финансиските санкции што „EBU“ претходно ги воведе на „BHRT“ поради долгови. Додека проблемот не се реши, јавниот сервис не може повторно да стане дел од натпреварот. Поранешната шефица на делегацијата на Евровизија, Лејла Бабовиќ, претходно предупреди за тешката финансиска состојба на „BHRT“. Таа истакна дека долгот на јавниот сервис достигнал околу 8,8 милиони евра, додека на „BHRT“ ќе ѝ бидат потребни околу 15 милиони евра годишно за стабилно работење. Тие се обидуваат да најдат решение за финансиската криза Во меѓувреме, започнати се разни иницијативи кои треба да помогнат во стабилизирањето на работењето на јавниот сервис, но проблемот сè уште не е решен. „BHRT“ покрена судска постапка против Радио Телевизија на Република Српска (РТРС) поради неплатени претплатнички такси за РТВ, а првите пресуди се донесени. Според достапните информации, РТРС треба да плати околу пет милиони евра, додека дел од тужбата вредна околу десет милиони евра е одбиен. Институциите на Босна и Херцеговина, исто така, се обидуваат да обезбедат помош на јавниот сервис преку дополнителни средства од буџетот. Последен настап во 2016 година Босна и Херцеговина првпат настапи на Евровизија во 1993 година со песната „Сва бол свијета“, изведена од Фазла, и го заврши натпреварот на 16-то место. Најголемиот успех го постигна во 2006 година кога Хари Мата Хари го освои третото место со 229 поени со песната „Лејла“. Последниот настап на Босна и Херцеговина на Евровизија беше во 2016 година, кога Далал, Дин, Ана Ручнер и Џала не успеаја да стигнат до финалето со песната „Љубав је“. Тие завршија на 11-то место во полуфиналето, што беше прв пат Босна и Херцеговина да не успее да стигне до финалето. Извор: Б92Тагови: БиХ Евровизија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија360 полуматуранти од Ѓорче Петров добиваат еднократна финансиска поддршка од 5.000 денариОпштина Ѓорче Петров за првпат воведува еднократна финансиска поддршка за полуматурантите од општината.Градоначалникот Александар Стојкоски ги потпиша решенијата за исплата на финансиска поддршка во износ од 5.000 денари за 360 полуматуранти од Ѓорче Петров. Оваа мерка претставува конкретна поддршка за учениците и нивните семејства, во период кога младите завршуваат едно важно поглавје од своето образование и се подготвуваат за нови предизвици. „Младите се нашата иднина и наша најголема обврска. Со оваа мерка покажуваме дека Општина Ѓорче Петров ги вреднува учениците, го поддржува образованието и стои зад семејствата. За првпат воведуваме ваква поддршка, затоа што силна заедница се гради со грижа, посветеност и конкретни дела“, истакна градоначалникот Стојкоски. Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека поддршката за младите, образованието и семејствата останува еден од главните приоритети во работењето на локалната самоуправа. Силна заедница — силно Ѓорче Петров. Општина Ѓорче ПетровТагови: Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook