3Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
ЗабаваГеоргина заработува милиони од покажување на облините на Инстаграм (ФОТО)Георгина Родригез, сопругата на фудбалерот Кристијано Роналдо, е воодушевена што нејзиниот избраник ќе го продолжи договорот со Ал Наср и на тој начин ќе продолжи да добива огромни пари.Георгина Родригез ужива во луксузот и убавиот живот со Кристијано Роналдо. Таа речиси секојдневно ги радува своите фанови на социјалните мрежи со неколку провокативни фотографии, објави Курир. Убавата Шпанка ужива да ги покажува своите облини, со што по секоја објава заработува огромен број лајкови. Нема ден Георгина да не објави неколку фотографии во тесни фустани кои ги истакнуваат нејзините гради и задникот. Таа сака и да ужива на сончевите плажи на Саудиска Арабија во бикини. На општо задоволство на нејзините следбеници, но и на медиумите. За потсетување, Георгина Родригез одлично живее преку социјалните мрежи, бидејќи ја следат над 65 милиони луѓе. Токму поради оваа причина, сопругата на Роналдо стана заштитно лице на голем број брендови од светот на модата, како и на моќни компании кои се занимаваат со галантерија и производство на парфеми. Верувале или не, Гергина добива 12.000 евра за секоја приказна на Инстаграм, наплаќа 60.000 евра за редовна објава, а најмногу пари зема за пренос во живо. Имено, таа за пет минути „во живо“ на Инстаграм инкасира неверојатни 100.000 евра, што значи дека наплаќа 20.000 евра за минута. Георгина Родригез неодамна се пофали со новогодишниот подарок што ѝ го подарило нејзиното момче Кристијано Роналдо, чанта која чини 250.000 евра. Сепак, и таа знае да биде многу галантна, и да го изненади својот сопруг со скап подарок. Така, таа пред две години на Кристијано за Божиќ му подарила многу скап Ролс Ројс вреден 300.000 евра. Пред неколку години се појави информација дека Роналдо ѝ плаќа на сопругата 100.000 евра месечно џепарлак, што многу ја навреди Георгина, па таа брзо докажа дека и самата заработува големи приходи. Британскиот таблоид „Дејли мејл“ на социјалните мрежи ја нарече Георгина најпрофитабилна „сопруга на фудбалер“. Таа може да заработи до 1.000.000 долари по објава на социјална мрежа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПресудата е донесена- доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане Судот во Куманово донесе пресуда за доживотен затвор за 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во Кумановско.Според обвинението, Бојковски во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година нападнал шест жени во повеќе села во Општина Старо Нагоричане. Четири од нив починале, додека две ги преживеале нападите. Обвинителството тврди дека жртвите биле главно повозрасни и немоќни жени кои биле напаѓани додека биле сами. Според обвинителниот акт, делата биле извршени од ниски побуди, со намера за задоволување полови нагони врз мртви тела. Во текот на судењето Бојковски призна дека извршил три од четирите убиства и двата обида за убиство, а едно од убиствата го негираше. Психијатриското вештачење утврдило дека обвинетиот бил пресметлив и способен да го разбере значењето на своите постапки. Вештакот оценил и дека постои ризик од повторување на делата. Основното јавно обвинителство Куманово уште при поднесувањето на обвинението наведе дека за кривичното дело за кое се товари Бојковски е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Фудбал„Goal“: Фудбалерите на Барселона се променети. Тоа претставува проблем за конкурентитеТренерот на шпанскиот фудбалски шампион, Барселона, Ханси Флик, ја пофали промената во менталитетот на своите играчи, која стана очигледна за време на тековната репрезентативна пауза. Флик и неговиот стручен штаб сметаат дека е од клучно значење што играчите почнаа да ги слушаат сигналите на своите тела за да избегнат скапи грешки од минатото, пренесува фудбалскиот портал „Goal“. Клубот смета дека повредите биле главната причина за нивното предвремено испаѓање од Лигата на шампионите. Рафиња подолго време беше надвор од терените поради проблеми предизвикани поради големите напори и ангажмани во бразилската репрезентација, додека слични проблеми имаа и Жил Кунде, Балде, Феран Торес, Педри, Френки де Јонг и Ламин Јамал. Затоа, стручниот штаб на Барселона внимателно го следеше однесувањето на играчите за време на неодамнешната репрезентативна пауза, која – со времетраење од три недели – беше подолга од вообичаеното. Клубот има за цел да спречи проблеми кои произлегуваат од прекумерната минутажа и честите патувања – фактори што негативно влијаеја врз формата на тимот минатата сезона. Рафиња и Гарсија како примери Флик изрази задоволство што овој пат играчите постапуваа повнимателно, избегнувајќи непотребни ризици и навремено препознавајќи ги сигналите на своите тела. Рафиња и Ерик Гарсија се издвојуваат како примери за овој нов пристап. Капитенот на Барса, побарал да биде заменет на полувремето од натпреварот против Австралија штом почувствува непријатност, имајќи ги предвид проблемите со мускулот на бутот што ги имаше минатата сезона. Сличен пристап применил и Гарсија, кој се повлече од загревањето пред натпреварот на шпанската репрезентација и се врати во Барселона на лекарски прегледи. Стручниот штаб ги оцени двете одлуки како исправни бидејќи со нив се избегна ризикот од посериозни повреди, а лекарските прегледи потврдија дека нема сериозни проблеми. Овој пристап треба да стане стандард во клубот, бидејќи минимизирањето на ризикот се смета за клучно во борбата за трофеи во текот на сезона со многу натпревари. Пред Барселона сега е напорен распоред од пет натпревари во рок од две недели. По утрешниот натпревар на гостински терен против Хетафе – а пред „Ел Класико“ на 25 октомври – тимот треба да игра против Реал Бетис, Галатасарај и Пари Сен Жермен.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео: Селин Дион падна на сцената: Нејзината реакција стана хит на социјалните мрежиСветската музичка ѕвезда, пејачката Селин Дион падна на сцената за време на концерт во Франција, но брзо се созеде и продолжи да настапува како ништо да не се случило.Несреќата се случи во Нантер, каде што пејачката одржува концерти во рамките на серијата настапи „Celine Dion Paris 2026-2027“. За време на изведбата на една од песните, Селин Дион ја изгуби рамнотежата и падна. Таа падна на задникот, но успеа да го ублажи падот со раката. Веднаш стана, покажа палец нагоре за да ѝ стави до знаење на публиката дека е добро и продолжи да пее. Селин Дион се повлече од концертните сцени во последниве години поради „синдромот на вкочанета личност“ – ретко невролошко нарушување што предизвикува вкочанетост на мускулите и болни грчеви. И покрај здравствените проблеми, пејачката им се врати на настапите пред публика во 2024 година со спектакуларен настап на отворањето на Олимписките игри во Париз. Сега, со нова серија концерти, таа се враќа на редовните настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook