3Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
Шоу бизГеоргина во случај на развод од Ронадло експресно ќе стане милионеркаЕден од најдобрите и најбогати светски фудбалери, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо ќе биде во голем проблам ако случајно се раздели од невенчаната свршеница убавата Георгина Родригез со која е во врска од 2016 година.Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез имаа потпишано брачен договор со кој се регулира ситуацијата во случај на нивно разделување. Деталите за договорот ги изготви агентот на Кристијано, контроверзниот менаџер Жорге Мендеш. Според ТВ Гај, Кристијано и Георгина го потпишале брачниот договор во 2017 година, кога Горогина била бремена со нивната најстара ќерка Алан Мартин, но тој бил сменет кога едно од нивните две новороденчиња починало во април 2022 година. Во случај на развод од богатиот фудбалер Кристијано Роналдо, Георгина би ја добила луксузната вила во Мадрид. Покрај тоа, Кристијано доживотно би и плаќал по 100.000 евра месечна алиментација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаРасчистени две кривични дела „измама “, откриени се сторителитеСледува соодветна пријава.Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР Охрид и СВР Велес преземаа мерки и активности и расчистија две кривични дела „измама“ извршени во Охрид и Струга, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 5.500 евра. Имено, по преземени мерки утврдено е дека сторители се лицата А.С. и Д.С., двајцата од Велес, по што денеска (19.08.2026), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес, со судска наредба, извршија претрес во нивниот дом во Велес, при што се пронајдени и одземени повеќе лажни банкноти во евра во различни апоени, српски динари и повеќе златници со жолтеникава боја налик на злато, циркони, алка со циркони жолтеникава боја, алка синџир жолтеникава боја тркалезни топчиња налик на кристали повеке кутии за накит и мобилни телефони кои ги користеле за извршување на наведеното кривично дело. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКендал Џенер во црвено бикини уживаше во идиличен излет во природаМоделот Кендал Џенер објави серија фотографии од излет во природа на Инстаграм, вклучувајќи една на која позира во црвено бикини. 30-годишната Џенер беше фотографирана како седи на карпа во шумата, покрај голем водопад, а накратко ја опиша објавата со зборовите „Имам толку среќа“. Во позадината на фотографијата во костим за капење може да се види суптилно виножито. Во остатокот од објавата, Џенер позираше на отворено во плетен џемпер во крем боја, држејќи чаша црвено вино, а комбинацијата ја комплетираше со обетки, очила за сонце и голема чанта. Таа, исто така, им откри на своите следбеници што моментално чита, колекцијата „Медитации во итен случај“ од Френк О'Хара, и сподели фотографија од сцена од концерт на Крис и Моргана Стејплтон. View this post on Instagram A post shared by Kendall (@kendalljenner) Отворено за менталното здравје Џенер зборуваше во интервју за „Elle Canada“ во април за начините на кои се грижи за себе. „За мене, справувањето со анксиозноста е многу поврзано со мојата околина и мојата рутина“, рече таа. „Научив дека морам свесно да ја бирам енергијата со која се опкружувам.“ Таа, исто така, сподели неколку совети за секој што се бори со слични проблеми. „Мојот совет до секој што се бори со ова е да прави мали чекори. Пронајдете ритуал што ќе ве смири, како што е прошетка или слушање одредена плејлиста, и направете го тоа нешто од кое нема да се откажете.“ Во претходно интервју за „Vogue France“, моделот го опиша својот сегашен начин на живот како „здрав“. „Мојата дневна рутина се чувствува здрава и стабилна и многу сум благодарна за тоа“, рече таа во февруари. „Но, тоа не дојде без напор. Ден по ден, се обидувам да донесувам одлуки што се добри за моето ментално здравје, но тоа не е секогаш лесно.“ Таа додаде дека сè уште има многу тешки денови. „Редовно имам многу тешки денови кога се чувствувам како едвај да можам да ја држам главата над вода. Понекогаш може да биде многу фрустрирачко.“ Извор: Индекс.хрТагови: Кендал Џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКазната ги стигна и странските возачи: Редици на Табановце за да платат казни од „Сејф сити“На граничниот премин Табановце денеска има редици од возачи од странство кои чекаат да ја платат казната за сторен сообраќаен прекршок, регистриран од системот „Сејф сити“, пренесува Експрес.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по патиштата во Македонија каде што се поставени камери за мерење на брзината, без разлика дали станува збор за возило со македонски или со странски регистарски таблички. Тој рече дека нема да има исклучоци и дека секој што ќе ги прекрши законите додека се движи низ Македонија ќе биде санкциониран, без оглед од која држава доаѓа. Кога беше воведен системот „Безбеден град“ на почетокот на годнава беше истакнато дека странските возила кои ќе направат сообраќаен прекршок нема да бидат задржани при излез од државата, но возачите ќе добијат официјално известување дека нема да можат повторно да влезат на македонските граници доколку не ја подмират казната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook