Попов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение
1Попов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение
3Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај
Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
2Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
ЗабаваГеоргина се појави на натпревар на Роналдо со детал што чини 100.000 евра (ФОТО)Откако Кристијано Роналдо и неговото семејство се преселиле во Саудиска Арабија, каде што игра за фудбалскиот клуб Ал Наср, неговата партнерка Георгина Родригез се соочува со многу критики за начинот на кој се облекува.Многумина ѝ пишуваат дека се облекува премногу провокативно и дека тоа не е во согласност со законите на таа земја. Но Георгина сега лежерно се појави на натпревар на Роналдо. Таа носеше фармерки, дрес и штикли. Нејзината Birkin чанта привлече посебно внимание. Овој модел на чанта чини речиси 100.000 евра. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Во коментарите под објавата на Инстаграм, некои ја критикуваа дека се пофалила со скапата чанта. „Престанете да им ги покажувате на луѓето вашите чанти и накит. Одете научете англиски“, „Можете да ја купите вашата куќа од соништата за парите што чини една чанта“, „Тие чанти се прескапи, а вие имате најмалку десет од нив“, напишале во коментарите. Инаку, Георгина неодамна гостуваше на доделувањето на Joy Awards во Саудиска Арабија. Таму манекенката на сцената даде кратко интервју на англиски јазик, по што многумина ја исмеваа поради нејзиниот говор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решениеДипломатските напори на владата и продолжувањето на дијалогот со Бугарија оценети како позитивен чекор од страна на МАНУ.Академик Живко Попов во обраќањето по повод денот на Македонската академија на науките и уметности порача дека во надминувањето на спорот со Бугарија потребно е да се вклучат и европските партнери. Тагови: МАНУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски и понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со БугаријаКаков е планот на Владата за деблокада на македонските евроинтеграции, кои се очекувањата и рокот кога Македонија ќе преземе следен чекор за излез од ќорсокакот- европската перспектива на државата во фокусот на опозициските пратенички прашања.Премиерот Мицкоски пред пратениците дециден дека ЕУ останува стратешка цел за Македонија и тука, како што рече, нема поместување ниту милиметар. Тој нагласи дека Владата ќе го продолжи дијалогот со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот. Премиерот одговараше и на прашања за улогата на министрите Албанци во државното одлучување за националните прашања и македонскиот идентитет. Според Мицкоски наместо дел од пратениците од албанската опозиција да ја дефокусираат јавноста и да ги бранат ДУИ, треба да се извинат за грешките коишто ги направила претходната Влада за уставното име и францускиот предлог. Од Левица побараа одговори од премиерот за можен судир на интереси и поврзаност според нив на роднини на Мицкоски со бизнис фирми во Бугарија и финансиски интереси. Мицкоски ваквите наводи на Апасиев ги оцени како клевети и повика обвинувањата да се изнесат на прес конференција за да се соочат на суд. Меѓу темите на интерес на опозицијата беа и економијата, здравството и животната средина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случајМногу контроверзи го пратат случајот со бегството на Ива Михаилова во Бугарија, кои отвораат редица дилеми.Околу нив но и околу ретроспективата на овој случај деталите ги има Михајло Видимлиски. Во видеото погледнете ја целата ретроспектива. -Случајот со 23 годишната Ива Михаилова од Кочани која поседува и македонско и бугарско државјанство отвори низа прашања околу тоа како лице обвинето за сообраќајна несреќа со смртни последици, на кое му биле определени мерки за обезбедување присуство, се нашло во друга држава и зошто институциите немаат евиденција за нејзиното преминување на границата? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00