Георгина Родригез се пофали со луксузниот хотел на Роналдо (ФОТО) - Канал 5

Георгина Родригез се пофали со луксузниот хотел на Роналдо (ФОТО)

Георгина Родригез на Инстаграм објави фотографии од хотелот со четири ѕвезди на нејзиниот вереник Кристијано Роналдо.

Георгина Родригез се пофали со луксузниот хотел на Роналдо (ФОТО)

"Прекрасна вечер во најдобриот хотел во Мадрид со најдобар поглед и најдобро друштво. Имавме посебно попладне гледајќи го Кралот Лав", напиша манекенката во објавата.

Таа позираше со синот на Роналдо, Кристијано Јуниор и близнаците Матео и Ева и нивната ќерка Алан.

Покрај луксузниот хотел во Мадрид, Роналдо има и други хотели во Лисабон, португалскиот остров Мадеира и во Њујорк.

Георгина го направи своето прво јавно појавување минатата недела откако го загуби бебето во април. Таа дојде на Канскиот филмски фестивал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешко е повреден соиграч на Меси- веднаш го свртеа на страна и во паника повикаа доктор (ВИДЕО)

Фудбалерот Герман Бертераме од американскиот клуб Интер Мајами се повреди на натпреварот од МЛС против Монтреал.

Тешко е повреден соиграч на Меси- веднаш го свртеа на страна и во паника повикаа доктор (ВИДЕО)

Бертераме скокна со двајца противнички играчи - Даниел Переира и Ефаин Моралес. Но, не се снајде добро во тој дуел. Откако се урна, остана да лежи на тревникот.

Неговите соиграчи, како и противниците, сфатија дека нешто не е во ред со него. Го свртеа на страна и френетично ги повикаа лекарите да влезат на теренот. Единственото добро нешто што произлезе од таа ситуација беше што повремениот мексикански репрезентативец изнуди пенал, кој го реализираше Луис Суарез. Можете да ја видите ситуацијата ТУКА.

Бертераме постигна седум гола на 17 натпревари оваа сезона. Тој дојде во Мајами во првиот месец од оваа година за 12,6 милиони евра од Монтереј, Мексико. Деталите за неговата повреда сè уште се непознати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал

На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. 

Маж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал

Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово.

!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал.

Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обукција, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер