Георгина Родригез позира за португалски Вог, познато е колку заработила (ФОТО) - Канал 5

Георгина Родригез позира за португалски Вог, познато е колку заработила (ФОТО)

Георгина Родригез позира за насловната страница на португалското издание на Вог.

Георгина Родригез позира за португалски Вог, познато е колку заработила (ФОТО)

29-годишната свршеница на Кристијано Роналдо ги покажа фотографиите на Инстаграм и напиша дека за прв пат се најде на двојна насловна корица. Георгина претходно позираше за насловните страници на списанија како Elle и InStyle.

Португалските медиуми пренесуваат дека манекенката од овој ангажман заработила меѓу 100 и 120 илјади евра.

Инаку, Георгина стана една од најследените и најпознатите личности во светот на шоубизот. Таа соработува со бројни познати брендови, а популарна е и на Инстаграм каде ја следат повеќе од 52 милиони луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ бара повлекување на криминалниот закон за Скопје2028 – ова е легализација на корупција

Пред нас имаме Предлог на законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка.

СДСМ бара повлекување на криминалниот закон за Скопје2028 – ова е легализација на корупција

Денес на 29 јули 2026 година на крајот на работниот месец и пред почетокот на годишниот одмор на Собранието или фаќање на последниот воз пред да се загуби титулата ЕПК 2028 година.

Законот којшто денес беше поставен на предлог дневниот ред, од предлог дневниот ред беше повлечен, но законот сепак останува во собраниска процедура, што значи дека на некоја нова седница тој повторно ќе се најде.

Отткако е добиена ова титула во септември 2023 година и отткако беше воспоставен начинот на функционирање, управување и обајавување на повици, со доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт во 2024 година целиот процес застана. Зошто? Најверојатно овој предлог закон се смислуваше 2 години. Слично толку време се смислуваше и Скопје 2014.

За жал, престижната титула ЕПК Скоје 2028 за ВМРО ОКГ стана нов начин на перење пари.

Криминалната организација ВМРО повторно се обидува да протне закон со кој ќе ги заобиколи правилата за јавни набавки и ќе отвори простор за нови милионски тендери без контрола.

Подготвиле закон со кој 21 милион евра јавни пари ќе можат да се трошат без примена на Законот за јавните набавки, без тендер.

Преку основање Фондацијата што наводно треба да го реализира проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

Со овој закон се создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци.

Само тендери и лапање пари – тоа е единствената цел на оваа организирана криминална група.

СДСМ и колацијата бара итно повлекување на овој криминален закон кој значи легализација на корупција.

Никој нема право да биде над Законот за јавните набавки, особено кога станува збор за десетици милиони евра пари на граѓаните.

Најтажен момент во цел овој процес е што уметниците, кои го донесоа признанието „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“, не се ниту препознаени, ниту спомнати, ниту вистински вклучени во Предлог-законот и останаа непрепознаени и неспомнати.

Прес конференција на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска – пратеничка

YouTube video

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити пронајде нов Родри во Барселона, но трансферот е невозможен?!

Еден од најбогатите светски фудбалски клубови, премиерлигашот Манчестер Сити ја планира иднината и бара долгорочна замена за  најдобриот фудбалер на Мундијалот, Родри, кој со години е клучна фигура во нивниот среден ред. 

Манчестер Сити пронајде нов Родри во Барселона, но трансферот е невозможен?!

Како главен кандидат за наследник на Родри, се спомнува талентиран играч на Барселона, Марк Бернал, иако англискиот тим е свесен дека трансферот би бил тешко остварлив; каталонскиот клуб нема намера да го продаде, пренесува Goal.com.

Бернал, еден од најперспективните фудбалери од академијата „Ла Масија“ на Барселона, го привлече вниманието на Сити благодарение на квалитетите што го издвојуваат како потенцијален наследник.

Претставниците на клубот сметаат дека тој поседува сè што е потребно за да доминира во средниот ред: одлично позиционирање, интелигенција во играта и способност да го диктира темпото. Токму овие вештини го направија Родри еден од најдобрите играчи во светот на неговата позиција.

И Челзи и Арсенал се заинтересирани за 19-годишниот играч за врска, сметајќи дека тој поседува потенцијал за успех во Премиер-лигата.

Сепак, трансфер во оваа фаза е малку веројатен. Барселона веќе потпиша договор со играчот кој важи до 2029 година – вклучувајќи и откупна клаузула од 500 милиони евра – а и самиот Бернал сака да остане на „Камп Ноу“.

Според тоа, интересот на Манчестер Сити се толкува како дел од долгорочна стратегија, а не како намера за реализација на трансфер ова лето. Повикувајќи се на извори блиски до играчот, порталот „CaughtOffside“ пренесува дека Сити го гледа како идеално долгорочно решение за пополнување на улогата на Родри. Тие ги ценат неговата физичка сила, смиреноста со топката, способноста за игра под притисок и вештините за креирање игра – карактеристики што се совпаѓаат со стилот на игра на англискиот шампион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицевски: (СКАНДАЛ) Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните

Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните.

Мицевски: (СКАНДАЛ) Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните

Скоро 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче е министер за здравство и СДС е власт, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода и тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок од граѓаните.

Венко Филипче и СДС свесно оставиле граѓаните бавно да се трујат само за да не изгубат политички поени.

Податоците со коишто располагаме покажуваат со какви искривени вредности се Венко Филипче и СДС.

Дозволете ми да прочитам дел од тие случаи:

На ден 19.05.2021 година, испитувањата за водата на Водостопанство Лисиче во Велес, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата, односно народски кажано, водата не била за пиење.

На ден 22.06.2021 година, испитувањата за водата во локален водовод во село Нивичани, Кочани, исто така, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата.

На ден 20.07.2021 година, , испитувањата за водата во Пештани, Охрид, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата, за што е направен записник и решение за забрана од 23.07.2021 година.

На ден 10.11.2021 година, во чешма во школо Страшо Пинџур, село Уларци, Чешиново, водата не била согласно законските прописи.

Водата во Здравствен дом Делчево на 11.01.2022 година, не била за пиење. Министер за здравство Венко Филипче.

За ниту еден од овие но и многу други случаи, јавноста не е информирана. Болниците биле полнети, на граѓаните очигледно им било лошо, но никој не знаел од што, а власта тоа вешто го криела.

За ова е известено МВР и институциите ќе постапат и ќе ги достават документите до ЈО.

Очекуваме ЈО веднаш и без одлагање да постапи по овој случај и да има одговорност по истиот.

Никола Мицевски, член на ИК и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер