Георгина Родригез откри дека имала три спонтани абортуси: Бев скршена - Канал 5

Георгина Родригез откри дека имала три спонтани абортуси: Бев скршена

Георгина Родригез откри дека имала три спонтани абортуси пред да почине нејзиниот новороден син со Кристијано Роналдо во април минатата година.

Георгина Родригез откри дека имала три спонтани абортуси: Бев скршена

Во продолжение на својот документарен филм I Am Georgina, вереницата на Кристијано Роналдо раскажа како била загрижена за време на бременоста со близнаците токму поради претходните спонтани абортуси. Георгина ги опишала првите месеци од бременоста како „страшен период“, бидејќи, како што вели, постојано повраќала и била многу поспана, пренесува El Español. Секоја посета на гинеколог, се сеќава таа, била исполнета со страв.

"Многу се плашев од секој ултразвук пред раѓањето на близнаците. Се чувствував многу напнато бидејќи имав три спонтани абортуси. Бев скршена", изјавила Георгина и се присетила на денот кога родила близнаци, момче и девојче. Бела е родена здрава, а нејзиниот брат близнак починал за време на породувањето.

"Тие се родија во понеделникот на Велигден. Дојде најочекуваниот момент и моето срце застана. Бела се роди силна и здрава, но парче од моето срце одлета", се присетила манекенката и открила како првично се обидела да ја сокрие смртта на бебето од нејзините деца.

"Им кажав дека Ангел ќе почека уште малку, дека подоцна ќе се роди. Но Кристијано им кажа дека Ангел е во рајот", рекла Георгина и признала дека по смртта на нејзиниот син, "никогаш повеќе нема да биде иста. Во документарецот таа кажа дека нејзиниот вереник Кристијано Роналдо е нејзиниот најголем поддржувач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање.

„Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА.

Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили.

Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката.

Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија.

Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област.

Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Ограбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот.

„Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер