Георгина Родригез на Мет Гала се појави со молитвеник, вреден седум милиони евра (ФОТО) - Канал 5

Георгина Родригез на Мет Гала се појави со молитвеник, вреден седум милиони евра (ФОТО)

Георгина Родригез се појави на Мет Гала во креација од белгискиот дизајнер Лудовик де Сен Сернин, но најголемо внимание привлече молитвеникот што го дизајнираше самата, чија вредност се проценува на седум милиони евра. 

Георгина Родригез на Мет Гала се појави со молитвеник, вреден седум милиони евра (ФОТО)

Стилистката Алба Мелендо беше задолжена за целокупниот стил со кој таа пристигна во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк.

Инспирација и детали за фустанот

Во согласност со овогодишната тема „Модата е уметност“, тимот на Георгина Родригез изјави дека инспирацијата за нејзиниот изглед доаѓа од длабоката посветеност на Богородица од Фатима. Рачно изработен во Париз, фустанот се одликуваше со структурирана силуета слична на корсет со рачно насликани детали и чипка во нијанси на светло сина боја. Изгледот беше надополнет со превез, а во креацијата беа скриени две рачно везени пораки на шпански јазик: „Каде е таа, душата наоѓа засолниште“ и „И избави нè од злото, амин“.

Соработка со дизајнерот

Дизајнерот Лудовик де Сен Сернин изјави за Vogue España дека стилот на Георгина го освоил уште од првата средба. „Гледам природна елеганција и тивка сензуалност кај неа“, изјави тој. Додаде дека работата на фустанот била „вистинска соработка, рамнотежа помеѓу нејзината и мојата визија“ и дека првичната идеја се родила откако разговарале за нејзината посветеност на Девицата од Фатима.

Накит вреден милиони

Посебно внимание привлече молитвеникот, кој, како што се наведува, Георгина Родригез го дизајнирала самата. Изработен е од 18-каратно бело злато и содржи пет природни бисери, 53 дијаманти на ланецот и 11 дијаманти на крстот. На медалјонот има приказ на Богородица од Фатима и гравирани имиња на членовите на нејзиното семејство. Вредноста на ова луксузно парче накит не е официјално потврдена, но според некои медиумски извештаи, се проценува на седум милиони евра.

Стилизирањето беше заокружено со сребрени платформи Le Silla и комплет накит Chopard, во кој се истакнуваше дијамантот „Кралицата од Калахари“. Нејзиниот креативен тим рече дека комплетот ги комбинира личната вера и супериорната изработка во целина во која модата носи и визуелно и симболично значење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Според пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија.

Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари.

„Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х.

Скопје, 1.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар пред преполни трибини во Јане Сандански го добија првото сезонско супер дерби против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 31-23.

Шампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер

Вардар со сигурна игра пред двата гола во текот на целиот натпревар извојува сигурна победа над ривалот во Битола во дербито на 9 коло од Супер лигата. Избраниците на Чупиќ со денешниот триумф се зацврстија на врвот на табелата со максимален ефект по 9 кола и потврдија дека и годинава се главни фаворити за шампионската круна.

Пелистер до 40 минута успеваше до одржува резулатска неисвесност, но потоа црвено -црните ја искористија лошата игра на гостите во нападот со 7-6 и од минута во минута го зголемуваа водството до конечни 31-23.

Очекувано прв стрелец на дербито беше капитенот на пелистерци Филип Кузмановски до 9 погодици, кај Вардар Љевар постигна 7, од шест даде Да Силва, четири Фадуил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер