ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
2ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
ЗабаваГеоргина на удар на критики поради изборот на облека за во црква: Покриј се (ВИДЕО)Георгина Родригез, партнерката на Кристијано Роналдо, го посети светилиштето Марија во Фатима, Португалија, познато и како светилиште на Богородица од Фатима, а нејзината облека предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи.Таа носеше бел долг фустан со чипка, а целиот аутфит го комплетираше со шапка, кафеава чанта и високи потпетици. Негативните коментари се нижат Многумина веруваат дека за оваа облека нема место во светилиштето и дека на овој начин покажала непочитување. Некои исто така сметаат дека не требало да се појави со шапка на главата и дека требало да избере поелегантен моден додаток. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) „Не знаете ли дека е некултурно да влегувате во црква со шапка на главата?“, „Следниот пат кога ќе одите во светилиштето, покријте ги рамената. Ви благодарам“, „Дали е можно навистина да го избрала овој фустан?“, „Шапка, проѕирен фустан, откриени рамена, чанта што чини богатство и одите на свето место. Сè на сè, многу несоодветно“, се некои од коментарите. Таа и претходно беше критикувана за нејзиниот дрес код Потсетете се дека Георгина беше критикувана во мај оваа година кога прошета по тепихот на Мет Гала, најпрестижниот моден настан во светот. Овогодинешната тема на Мет Гала беше „Superfine: Tailoring Black Style“, која се фокусираше на модната историја на афроамериканските мажи од 18 век до денес. Дрес кодот „Tailored for You“ ги замоли ѕвездите да ја реинтерпретираат машката мода. Партнерката на Кристијано Роналдо се појави во црно фустанче од брендот Vetements со шлиц од страна, а таа ја комплетираше комбинацијата со црни чевли и накит. Сепак, модните критичари ја прогласија за една од најлошите од овогодинешната Мет Гала, а критиките се појавија и на социјалните мрежи. „Георгина Родригез дури и не се обиде“, „Таа ја промаши поентата. Очекував многу повеќе од неа“, „Не ми се допаѓа“, „Не ја разбра поентата“, „Ова ме потсетува на пижами“ и „Ова е Мет Гала, а не забава со пижами“, беа некои од коментарите.Тагови: Георгина облеката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“Фејсбук објава на градоначалникот на Град Скоје, Орце Ѓорѓиевски.„30 години голгота - конечно решение за булевар „Борис Трајковски“ Зборот е збор. Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос. Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека. Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје. Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години. Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање. Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата. Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи! Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје!“- напиша Ѓорѓиевски. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобусДиректорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2. Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија. На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија. Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. РадоборСтанува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook