Георгина на Роналдо се потсети на убавото лето во 2020 г. - Канал 5

Георгина на Роналдо се потсети на убавото лето во 2020 г.

Убавата вереница на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, Георгина Родригез на Инстаграм ја следат 48,5 милиони луѓе, а таа неодамна објави фотографии од минатото кои предизвика бурни реакции кај фановите.

Георгина на Роналдо се потсети на убавото лето во 2020 г.

Атрактивната Георгина објави серија фотографии на кои се присети на летото 2020 година, а со објавата напиша:

„Се сеќавам на тоа летно попладне кога отидовме да купиме јахта“.

На една од фотографиите Георгина и Роналдо се покрај нивната нова јахта која ја купиле за шест милиони евра.

Фотографиите на кои уживаат во луксузна јахта предизвикаа различни реакции кај обожавателите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција- Шпанија, европски класик, битка за мундијалско финале

Вечерва од 21 часот со судирот меѓу европскиот првак Шпанија и светскиот вицешампион Франција стартува елитното полуфинале на 23 Светски фудбалски шампионат. 

Франција- Шпанија, европски класик, битка за мундијалско финале

До крајот на Мундијалот остануваат четирите средби оние најзначајни, дуелите кои решаваат за освојувачите на медалите.

Елитното полуфинале во Далас може да се најави и како дуел меѓу Мбапе и Јамал? или како пресметка меѓу најдобриот напад против најдобрата одбрана на шампионатот.

Секако едно е сигурно вечерва светот ќе ужива во сите убавини на најважната споредна работа на светот фудбалот.

Полуфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Шпанија носи судир на две сосема различни фудбалски филозофии.

Дуел помеѓу две селекции кои се меѓу главните фаворити за освојување на трофејот. Французите го сакаат своето трето последователно финале на Светското првенство, додека Шпанците, предводени од Ламин Џамал, имаат можност да го потврдат почетокот на нова златна ера.

Додека францускиот селектор Дидие Дешан ја нагласува силата на единството и напаѓачкиот потенцијал на својот тим, шпанскиот стратег Луис де ла Фуенте верува дека најголемите успеси се постигнуваат преку борбеност, многу трчање и упорност.

Мундијалската завршница ќе се игра со нова топка наречена „Триода“.

ФИФА го претстави специјално издание на топката „Триода“, која ќе се користи во завршните фази на Светското првенство. Иако техничките карактеристики на топката останаа непроменети, новата комбинација на црна и златна боја веднаш му го привлече вниманието на Килијан Мбапе за време на последниот тренинг на француската репрезентација.

Пред да им се придружи на соиграчите, Мбапе зеде една од новите топки, внимателно ја разгледа неколку секунди за да ги забележи разликите во однос на верзијата користена во четвртфиналето, а потоа ја постави на теренот за да го испроба чувството при неколку удари кон голот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција со традиционална воена парада го одбележува Денот на Бастилја

Франција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник – Денот на падот на Бастилја.

Франција со традиционална воена парада го одбележува Денот на Бастилја

На Парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника.

Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници.

Годинешната парада има за цел да ја демонстрира подготвеноста на Франција за зајакнување на своите одбранбени капацитети и да го симболизира стратешкото будење на Европа.

Почесни гости се украинскиот претседател Зеленски и 24 шефови на држави и влади од европските земји-членки на коалицијата на подготвените, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанскиот претседател Серџо Матарела, данската премиерка Мете Фредериксен и британскиот премиер Кир Стармер.

Францускиот претседател Макрон вчера беше домаќин и на состанок на лидерите од коалицијата на подготвените, кои најавија нова воена поддршка за Украина, особено во областа на противвоздушната одбрана.по завршувањето на парадата, Макрон ќе отпатува во Ница, каде ќе се одбележи десетгодишнината од терористичкиот напад извршен на 14 јули 2016 година, кога напаѓач со камион влезе меѓу граѓани кои го прославуваа националниот празник.

Во нападот загинаа 86 лица, повеќе од 450 беа повредени, а напаѓачот беше убиен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девојчето во Куманово брутално го претепале две малолетнички и една полнолетна девојка

Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако вчера на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче.

Девојчето во Куманово брутално го претепале две малолетнички и една полнолетна девојка

Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но досега не бил пријавен во надлежните институции.

Шефицата на Основното јавно обвинителство куманово, Теута Бедиу – Рамадани, изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка. Според неа, едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички.

Од свр куманово потврдија дека интензивно работат на случајот и најавија дека по завршување на проверките ќе соопштат повеќе детали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер