2Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри
ЗабаваГеоргина и Роналдо објавија заедничка фотографија, се истакнува скап детал (ФОТО)Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со својата свршеница Џорџина во приватен авион."Без разлика колку патуваме низ светот, секогаш се чувствуваме како дома во Португалија. Фантастично време, прекрасна храна и Португалеците... Секогаш со нетрпение очекуваме да дојдеме во нашата земја. Сега е време да се вратиме во Манчестер и да се концентрираме на нашите цели, но ќе видиме дека ќе се вратиме наскоро“, напишал Роналдо покрај фотографијата која собра речиси шест милиони лајкови. Џорџина позира во крзнена јакна, а вниманието го украде лакираната чанта Биркин, чија вредност се движи од 5.500 евра па нагоре. View this post on Instagram A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) Хермес Биркин е најлегендарната чанта на сите времиња, до која и најбогатите тешко можат да стигнат. Некои од најевтините модели чинат над 5.500 евра, а најскапите и десет пати повеќе. Пред неколку години, во аукциската куќа Кристи во Хонг Конг, чанта Биркин била продадена за неверојатни 380.000 долари, што ја прави најскапата чанта на светот. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Чантата Биркин го добила името по актерката и пејачка Џејн Биркин, а била создадена во 1981 година. На Георгина ова не е и` единствената чанта Хермес Биркин што ја поседува (ги има најмалку шест), а со таква чанта можеше да се види и Роналдо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаж загина во пожар во барака во скопски ЖданецМаж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец. Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метриМакедонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година. Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.Тагови: Сашко Кедев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МетеоМај среде ноември – следната недела до 20 степениДесет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош. Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата. Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени. Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55