Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаГеоргиевски: За 4 години се реализирани и повеќе проекти од ветенитеИлинден доби и современа лабораторија за контрола на квалитетот на водата за пиење.Изминатите 4 години во Општина Илинден континуирано работевме на реализација на ветените проекти како во нашата предизботна програма така и во нашиот Стратешки план, каде што морам да констатирам дека реализиравме многу повеќе проекти од оние што беа ветени. Работевме макотрпно и посветено за да го направиме Илинден подобро место за живеење. Бевме посветени на реализацијата на капиталните проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура при што извршивме изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на околу 230 локални улици и патишта во вкупна должина од над 45.000 метри или приближно 200 000 метри квадратни, во сите населени места и во локалните економски зони. Фокусирано работевме на реализација на капиталните проекти за изградба на фекална канализација и пречиститечни станици, особено во пониските делови од општината, при што поставивме канализациски систем во должина од преку 23.000 метри и отворивме 2 нови пречистителни станици во Илинден и Кадино. Изградено е и ново улично осветлување во должина од над 18.000 метри, -извршивме модернизирање и проширување на водоводниот систем, каде што се изградени 8.000 метри нова водоводна мрежа низ целата општина, - отворивме нова сопствена лабораторија за контрола на квалитетот на водата за пиење, која е опремена со најсовремена апаратура за анализи. - работевме на модернизација и опремување на нашите јавни локални комунални претпријатија при што набавени се 10-тина работни машини и возила за подобрување на комуналните услуги, како и набавка на професионална опрема. - во рамките на проектот Зелена Општина Илинден засадени се околу 130.000 садници на повеќе локации во општината (како во урбаниот така и во ридскиот дел од општината). Во областа на образованието и детската заштита инвестиравме во изграда доградба, реконструкција и реновирање како и опремување на сите училишни и предшколски објекти. Како позначајни би ги издвоил изградбата на нова зграда на основното училиште „Гоце Делчев“ на површина од 2400м2, со капацитет за 450 ученици каде за првпат во општината е воведена целодневна настава, отворена е сензорна соба и за прв пат од постоењето на училиштето воведено е едносменско работење. Изградени и ставени во употреба се и новите простории, односно доградбата на централниот објект на детската градинка „Гоце Делчев“, кој згрижува и до 60-тина дечиња. Таму во тек е изградба и на нова кујна за потребите на градинката, со што дополнително ќе се ослободи простор за згрижување на 60 дечиња. Изградивме нов здравствен дом, на површина од 600м2, на 2 нивоа, кој нуди примарна и специјалистичка здравствена заштита. Иако изградбата не е директна надлежност на општината, Општина Илинден ја препозна потребата и го реализираше овој капитален проект кој веќе е предаден на Министерството за здравство. Континуирано вложувавме и во спортската инфраструктура, изградивме и реконструиравме приближно 15 спортски терени на различни подлоги меѓу кои побитни се: - стадионот во Илинден кој го изградивме во соработка со ФФМ и каде веќе е започната постапка за изградба на централа трибина со над 1000 седишта и под трибински простор кој ќе содржи соблекувални и помошни простории, како и изградба на паркинг и партерно уредување на просторот. - Го изградивме и Спортскиот комплекс „Драго Маневски“ кој вклучува комплетно изграден и осветлен терен на специјална подлога за повеќе спортови, атлетска патека во должина од 200 метри и трибина со капацитет од 175 седишта. Во завршна фаза на изградба е нов урбан парк – плоштад, на вкупна површина од 5.600м2 во н.м. Марино. Исто така изградивме над 20-тина детски катчиња и паркови во сите населени места, го уредивме туристичкиот локалитет Бучинско езеро и изградивме трим патека во должина од околу 5.000 метри која се протега од Ајватовци до Бучинци. За прв пат воведовме еднократна парична помош за новороденче, за прв пат доделуваме субвенции за купување велосипеди, субвенции за купување инвертер клими или соларни панели, како и субвенции за поддршка на млади претприемачи. Воедно за оние што оствариле големи успеси во областа на спортот воведена е еднократна стипендија за најуспешните спортисти. Почитувани сограѓани, Поголемиот дел од набројаните проекти се реализирани во соработка и на барање на вас граѓаните. Ве уверувам дека ќе продолжиме и понатаму да работиме посветено и транспарентно и ве уверувам дека заедно со вас ќе успееме Општина Илинден да ја направиме уште подобро место за живеење. Александар Георгиевски, градоначалник на општина ИлинденТагови: Александар Георгиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаАнима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!Замислете го човекот кој во преплашено живо суштество, врзано и изложено на страдање, страв и болка, не гледа апсолутно никаков проблем! Коза на покривот на возило, додека тоа се движи, принудена да се бори за рамнотежа и да се обидува да се исправи. Ова е одвратна суровост без оправдување, крајно непочитување на животот и целосно отсуство на совест, емпатија и одговорност! Со што сме опкружени кога некој може толку бесчувствително да постапува со живо суштество? И ако ваквото однесување помине без последици, каква порака испраќаме? Еве го возилото. Јавно ја објавуваме регистрацијата благодарение на хуман и одговорен човек кој го забележал и снимил ова постапување. И не, ова не смее да заврши со згрозување на јавноста и уште еден случај што ќе биде заборавен. Сакаме во Европската Унија? Тогаш европските стандарди за заштита на животните мора да важат и кај нас не само на хартија! За вакво постапување мора да има сериозна правна одговорност, вклучително и затворска казна доколку се утврдат законските услови. Министре за внатрешни работи, Панче Тошковски, директоре на АХВ, Јовица Андовски - бараме итно постапување, целосно утврдување на одговорноста и примена на најстрогите санкции предвидени со закон! БАРАМЕ МВР И АХВ ВЕДНАШ ДА ПОСТАПАТ! Бараме козата веднаш да биде одземена и спасена, да ѝ се обезбедат ветеринарен преглед и сигурно згрижување, а против одговорното лице да се поведе соодветна постапка. Ова е и директна опасност за безбедноста во сообраќајот. Не е загрозено само животното, туку и сите учесници во сообраќајот. Бараме итно дејствување, спас за козата и вистинска казна за сторителот. Институциите се на потег!, соопштуваат од Анима Мунди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоради барања за паузи, закажаните опозициските прашања во Собрание за првпат не се одржаа Кавги, дофрлања, навреди, аплаузи и бројни процедурални забелешки – хаотична седница во Собранието откако спикерот Гаши констатираше дека опозициските пратенички прашања нема да се одржат. Неговата одлука следи по двете побарани едночасовни паузи, со што според него било потрошено предвиденото време за поставување на прашања. Повикувајќи се на деловникот, Гаши рече дека времето почнало да тече откако е усвоен дневниот ред, а според опозициските партии тој со свое толкување ја саботирал седницата. За да се смират тензиите Гаши свика вонредна координација. Ова е прв случај да не се одржат опозициските прашања откако се воведени со новиот Деловник на Собранието. На почеток првата пауза ја побараа од ДУИ бидејќи министрите за кои имале прашања не биле присутни во салата, а втората пауза ја побараа од ЗНАМ со образложение дека, со барањата за паузи опозицијата досега не покажала интерес за прашања до премиерот и министрите. Според претседателот на Собранието, денеска сите министри се одзвале на поканата, освен тие кои се на службени патувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСтојаноски: СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.Денеска сакам да ве известам за две работи.Прво, СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка. По вчерашното фијаско кое самите си го приредија, денеска нè известија дека немаат намера да свикаат продолжение. Ние, како пратеничка група од мнозинството, бараме итно и неодложно, утре да биде свикано продолжението на надзорната расправа, со цел да продолжи испрашувањето на сведоците, за да можеме конечно вистината да ја расветлиме. Тоа што тие го правеа изминативе денови, со фабрикувани лаги во јавноста, кои вчера им се распрскаа, повторно укажуваме дека сакаме да се свика и да се продолжи надзорната расправа, за да продолжиме дополнително со разјаснувањето на фактите кои исклучително ја прикажуваат вистината. Во текот на денот, една третина од членовите на Комисијата за финансирање и буџет, писмено ќе се обратиме до претседателката Сања Лукаревска, со цел, повторно ќе кажам, итно и неодложно, утре да ја продолжи надзорната расправа, со цел усвојување на заклучоци. Сè друго е бегање од вистината, бидејќи, како што кажав претходно, беа вчера соочени со истата и сите можевте да видите како заврши. Втората работа е дека опозицијата, особено СДСМ, прави сè што може за да го спречи поставувањето на опозициските пратенички прашања. Самите си бараат пауза, заради тоа што не сакаат да прашуваат, бидејќи не е во нивен интерес да се знае вистината. Видовме дека има неколку пратеници пријавени. Сите оние за кои тие сметале дека треба да дојдат и да одговорат на нивните прашања, беа во Собранието. Но, по сè изгледа, по тоа што се случи вчера, не сакаат јавноста да ги знае одговорите за Алта банка, но и за сите други случувања. Овие два преседани сметам дека се невидени. Ако нешто започнеме, треба да го завршиме и ние ќе направиме сè како мнозинство. Прво, надзорната расправа да заврши и да се усвојат заклучоци, бидејќи тоа им го должиме на граѓаните. А второ, кога ќе се свика седница за опозициски прашања, тие кои бараат да дојдат оние функционери на кои сметаат дека треба да им ги постават прашањата, треба да дозволат одржување на таква седница, рече Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook