МакедонијаГеоргиевски: Покажуваме дека довербата што повторно ни ја дадоа граѓаните значи уште поголема одговорност, посветеност и работаКако што информираат од Општината, тој истакнал дека новиот мандат го започнале со силно темпо во подобрување на патната и на комуналната инфраструктура.Во првите 100 дена од мојот нов мандат како градоначалник на Општина Илинден, покажавме дека довербата што повторно ни ја дадоа граѓаните значи уште поголема одговорност, посветеност и работа со јасна цел, континуиран развој и подобар квалитет на живот за граѓаните на Општина Илинден, вели градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Како што информираат од Општината, тој истакнал дека новиот мандат го започнале со силно темпо во подобрување на патната и на комуналната инфраструктура. -Во тек е изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, и започната е изградба на улица „103“ во месноста Јака, целосно е реконструирана и улица „30“ во населба Илинден. Поставивме нова сообраќајна сигнализација во сите населени места, изградивме заштитна ограда околу комплексот „Драго Маневски“ и нов паркинг простор кај СОСУ „Илинден“. Продолживме со чистење на каналската мрежа, ја доведуваме во завршна фаза изградбата на фекалната канализација во н.м. Кадино и работиме на поставување нов препумпен уред во населба Илинден. Целосно ја изработивме проектната документација за фекална канализација во н.м. Миладиновци, а во тек е подготовка на документација за н.м. Ајватовци и н.м. Бунарџик, нагласил Георгиевски. Ова, потенцирал тој, се системски решенија што носат долгорочна стабилност за жителите на Општина Илинден. -Паралелно вложуваме и во унапредување на јавните услуги. Во тек е реконструкција на покривот на административната зграда на јавните комунални претпријатија, набавивме нова опрема за потребите на ЈКП „Илинден“ и спроведовме редовна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Во рамки на иницијативата „Зелена Општина Илинден“ засадивме околу 600 нови дрвца, затоа што верувам дека развојот има вистинска вредност само ако оди рака под рака со грижата за животната средина и здравјето на граѓаните, вели градоначалникот. Според него, посебен акцент е ставен на младите и на образованието, се инвестирало во училиштата, обезбедени се смарт таблети за учениците во средното училиште и за дел од учениците од основните училишта. -Изградбата на централната кујна во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ е во завршна фаза, со што ќе се започне и со пренамена на постојната кујна во простории за згрижување на уште повеќе дечиња. Извршивме реконструкција и опремување на голем дел од училниците во сите општински основни училишта. За првпат воведовме финансиска поддршка за првачиња, ја зголемивме поддршката за новороденчиња и субвенциите за млади претприемачи, затоа што силна општина се гради со силни семејства и образовани млади луѓе. Во овие 100 дена покажавме дека Илинден останува место каде се негуваат културата, спортот и заедништвото. Организиравме бројни настани, изложби и спортски активности. Потпишавме и меморандуми за подобрување на економските и социјалните услуги, со што наскоро ќе се обезбедат логопедско-дефектолошки услуги за деца со попреченост, како и услуги во домот за највозрасните жители на локално ниво. Потпишавме и меморандум за организација на втор економски саем, со цел дополнително унапредување на локалната економија, нагласил градоначалникот на општина Илинден. Овие први 100 дена, според него, се потврда дека се движиме во вистинска насока, со јасно дефинирани приоритети, стабилен пристап и конкретни резултати. -Продолжуваме да ја градиме Општина Илинден како модерна, функционална и просперитетна општина. Во наредниот период ќе продолжиме со бројни инфраструктурни, комунални, образовни, социјални, културни, спортски и многу други активности во интерес на сите граѓани. Продолжуваме напред, со конкретни чекори и мерливи резултати за подобар Илинден. Нашата определба останува да создаваме средина во која секој граѓанин ќе биде вреднуван, слушнат и испочитуван, вели Георгиевски.Тагови: Александар Георгиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре наутро ведро и студеноУтрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. За време на викендот времето ќе биде сончево. Од понеделник ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаСредба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската КомисијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која е во посета на земјава.Најпрво, Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија на регионот, потенцирајќи го индивидуалниот придонес на Урсула фон дер Лајен во забрзувањето на регионалните евроинтеграциски процеси. Според претседателката, иако нашата држава не е формално меѓу западнобалканските држави со најголем напредок, таа, низ призма на двата најважни елементи: техничката подготвеност и геополитичката усогласеност со европската надворешна и безбедносна политика, заслужува да биде со нив, наместо на споредната патека. Причината за македонското отсуство од друштвото на најуспешните, за неа е во давањето примат на наметнатиот билатерален спор пред копенхашките критериуми?! Претседателката изрази цврсто уверување дека гарантирањето исти можности за нас како оние за Украина и Молдавија, со сигурност ќе ја зајакне нашата институционална подготвеност и ќе ја обнови нашата доверба и мотивација за европеизација, што ќе го забрза реформскиот курс. Исто така, Сиљановска-Давкова потсети на потребата да се одржи политичка Меѓувладина конференција, согласно новата методологија и Преговарачка рамка, како и регуларен состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, потенцирајќи ја важноста на практикувањето витален интеграциски процес, што ќе резултира со видливи резултати за македонските граѓани. Претседателката на Европската Комисија истакна дека нашето место е во Унијата, којашто ќе продолжи сестрано да нѐ поддржува на реформскиот, евроинтеграциски пат, оценувајќи ги досегашните реформи како импресивни. Фон дер Лајен, укажувајќи на неопходноста од деблокада на нашето напредување кон ЕУ, во духот на европските вредности, изрази уверување дека македонско-бугарскиот спор може да се надмине преку интензивни и сестрани средби и дијалог, коишто треба да почнат час поскоро.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Урсула фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
АвтомобилизамГолемо изненадување меѓу кандидатите за „Светски автомобил на годината“: Кина доминира„Светски автомобил на годината“ за 2027 година: Кинеските производители имаат дури 27 модели на листата.Организаторите на наградите „Светски автомобил на годината“ ги објавија 56-те кандидати кои се натпреваруваат за престижните награди за 2027 година. Речиси половина – поточно 27 модели – доаѓаат од Кина. За да се квалификува за главната награда „Светски автомобил на годината 2027“, автомобилот мора да се произведува во обем од најмалку 10.000 примероци годишно и да се продава на најмалку два големи светски пазари на најмалку два континента. Меѓу кандидатите за главната награда се: BMW i3, BYD Ti7, Chery Q, Cupra Raval, Deepal S07, Exeed RX, GAC Aion V, Geely Starray EM-I, Hyundai Ioniq 3, Jetour T2, Kia Telluride, Leapmotor T03, Lynk & Co 900, Mazda CX-5, MG4 EV Urban, Onvo L90, Subaru Trailseeker, Volvo EX60 и Zeekr 8X. Погледнете ја целосната листа: Објавени се и кандидатите за категориите „Светски градски автомобил“, „Светски луксузен автомобил“ и „Светски автомобил со високи перформанси“, додека листите за „Светски електричен автомобил“ и „Светски дизајн на автомобил“ ќе бидат објавени подоцна. Кандидати за „Светски градски автомобил“ се, меѓу другите: Chery Q, Cupra Raval, Geely EX2, Hyundai Ioniq 3, Kia EV2 и Leapmotor T03. Категоријата за луксузен автомобил ги вклучува: Audi Q7, Avatr 07, BMW X5, Genesis GV80 Hybrid, Jaguar Type 01, Polestar 5, Range Rover GT, Xpeng X9 и Zeekr 9X. За наградата за најдобар спортски автомобил ќе се натпреваруваат Chevrolet Corvette ZR1 и ZR1X, Genesis GV60 Magma, Kia EV4 GT, Lotus Eletre X, Lynk & Co 02, Zeekr 7GT и Porsche Cayenne Turbo Electric. Победниците во сите категории ќе бидат објавени на 24 март 2027 година. Извор: Б92Тагови: автомобил на годината Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook